Еве што вели Законот за возила:
Член 33
Издавање на сообраќајна дозвола
(Ставовите 1 до 9 намерно ги изоставив)
(10) Секоја измена која влијае на промена на податоците во сообраќајната дозвола, кои се однесуваат особено на: технички промени на возилото, промена на сопственоста, промена на адресата на живеење, одјавување на возилото и слично, сопственикот е должен во рок од 15 дена од денот на настанување на промената да ја пријави во Министерството за внатрешни работи или кај правното лице за регистрација на возила според местото на регистрација на возилото или според живеалиштето, односно седиштето на сопственикот. Кон пријавата за промена, сопственикот на регистрираното возило е должен да приложи и докази со кои ја докажува настанатата промена.
(15) Глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече запрекршок на сопственик на возило што постапува спротивно на одредбите од ставовите (9) и (10) на овој член.
Во пракса никогаш не се знае на каков жацо ќе налеташ. За 200-300 ден колку што е нова СД не се исплати да возиш под стрес.