Јас го регистрирав возилото пред еден месец во Макоил, Сеник, 1,6 2004 г. излезе 2200денари техничкиот со ситнуриите, 1500 за патишта, со тоа што им ги дадов на каса парите, ги потпишав уплатниците за во пошта и толку. А осигурувањето го правев преку агент на рати (7100 денари). Вкупно 10800 за автомобил од 83Кв.
Инаку, прашував и по другите станици за технички преглед и излезе дека е најисплатливо во Автомакедонија, бидејќи даваат 1000 денари попуст на технички ако правиш осигурување преку нивниот брокер. Јас одев на варијанта на рати и не можев да го искористам ова, но мој колега пред недела дена регистрираше Матиз, и со 40% попуст преку Сава осигурување (8 години старо) му дојде вкупно 5200 денари.