Јас регистрирав минатиот месец во Здружение на возачи во Карпош 4.
Технички ми наплатија 2050 денари кај нив.
Јавни давачки, четири уплатници ми дадоа, сите заедно во пошта со провизија од 35 денари по уплатница ме чинеа 1590 денари. (Во овие давачки беше и нова сообраќајна 100 денари мислам плус 35 провизија, па ако не ти треба тоа тогаш тоа одземи од претходната сума).
Осигурување за возач и патници заедно 4900 денари, на шалтер во самата станица за технички.
Ова е за Рено Твинго, не знам во кој дел менува на сумата јачината на колата.