Автор Тема: Регистрација и технички преглед  (Прочитано 309900 пати)

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3075
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1650 на: 01 Ноември 2024, 17:20:42 pm »
Моја претпоставка е дека и за приколка би било исто.
Исто е, барем за товарна приколка е така, исто ако е приколката од увоз мора и во системот на царина да биде внесен бројот на шасијата. Мене недела дена ме стопираше дежурниот од МВР, додека шпедитерот на продавачот не внесе број на шасија. Они кога ги увезувале приколките сите топтан ги царинеле и не внеле одделен внес по приколка.

Интересно е што проверката (за број на шасија) изгледа не се замараат сите полицајци. Мојава беше последна од групата увезени, претходно ниден купувач немал проблем со проверка на број на шасија. Веројатно и добро е што провериле во мојот случај, пошто утре може ако ја продавам да има глупости.

Што приколка зема?

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6488
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1651 на: 08 Ноември 2024, 12:03:09 pm »
Поминуваат онлајн осигурувањата испечатени на печатар и дирек во МВР при регистрација?

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2389
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1652 на: 19 Ноември 2024, 12:32:35 pm »
Дали знае некој инфо за одјава на таблици, дали може да се направи во ПСС и дали може попладне (до колку часот најдоцна) или мора за целата постапка да се оди во МВР (МТВ)?
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1104
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1653 на: 19 Ноември 2024, 12:48:50 pm »
Дали знае некој инфо за одјава на таблици, дали може да се направи во ПСС и дали може попладне (до колку часот најдоцна) или мора за целата постапка да се оди во МВР (МТВ)?

Мене секогаш ме терале да одам во МТВ

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8726
  • Пичлеме
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1654 на: 19 Ноември 2024, 14:33:58 pm »
Дали знае некој инфо за одјава на таблици, дали може да се направи во ПСС и дали може попладне (до колку часот најдоцна) или мора за целата постапка да се оди во МВР (МТВ)?
Можи во ПСС, јас сум одјавил таму, ама сум бил од сабајле, за попладне не би знаел. Најдобро да си прашаш на телефон, јас на тој начин сум добивал информации од кај нив, услужливи биле, јас ги барам тие во Зајчев Рид: 02/306-9999

Отсутен shelby

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1655 на: 19 Ноември 2024, 19:47:07 pm »
Знае некој дали ќе важат налепниците за таблици после нова година?

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2389
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1656 на: 08 Јануари 2025, 18:49:09 pm »
Некој во скоро време да не чекал да му издадат таблици во Скопје и колку време чекал, мене ми кажаа од 5 до 7 работни дена ама дека фатија празници, не знам баш дали ќе биде за брзо
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43790
  • Il Moderatore
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1657 на: 08 Јануари 2025, 20:10:29 pm »
Некој во скоро време да не чекал да му издадат таблици во Скопје и колку време чекал, мене ми кажаа од 5 до 7 работни дена ама дека фатија празници, не знам баш дали ќе биде за брзо

Пред праззници, одма таблици. Ги имаа купишта на шалтерине во псс.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2389
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1658 на: 09 Јануари 2025, 09:24:39 am »
Заборавив да појаснам, колата е од увоз и мора да оди и на проверка, комплет со документи од технички, хомологација, купопродажен договор и затоа некој ден повеќе ќе треба, ама еве помина рокот што ми кажаа
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5297
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1659 на: 12 Јануари 2025, 13:05:36 pm »
Што приколка зема?

https://vesta-trailers.com/sr/catalog/uno/uno-20/

Извини сега го гледам ова.

Патем завчера петокот во Сојуз на возачи Карпош 4 заглавив барем 3 часови за обновување регистрација. Кај џандарот имаше голема гужва, не знам дали добро разбрав ама немало џандари во другите станици. Мора Цертус да направат некако побрзо да иде за тие што се дојдени кај нив како муштерии, а не само за кај џандарот.

Не сум загледал претходно, што ставка им е тоа „припрема на документи“. Другпат не гледам, сега имав време... Не е мала ставката, тоа е елективно или обврзувачко? Пошто писмен сум дотолку да пополнам офис документ и да го испринтам.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5057
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1660 на: 12 Јануари 2025, 13:09:56 pm »
Што приколка зема?

https://vesta-trailers.com/sr/catalog/uno/uno-20/

Извини сега го гледам ова.

Патем завчера петокот во Сојуз на возачи Карпош 4 заглавив барем 3 часови за обновување регистрација. Кај џандарот имаше голема гужва, не знам дали добро разбрав ама немало џандари во другите станици. Мора Цертус да направат некако побрзо да иде за тие што се дојдени кај нив како муштерии, а не само за кај џандарот.

Не сум загледал претходно, што ставка им е тоа „припрема на документи“. Другпат не гледам, сега имав време... Не е мала ставката, тоа е елективно или обврзувачко? Пошто писмен сум дотолку да пополнам офис документ и да го испринтам.
Zadolzitelna stavka e priprema na dokumenti, a opfakja NISTO.... printanje na toa livcinjata

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2389
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1661 на: 13 Јануари 2025, 08:50:06 am »
Заборавив да појаснам, колата е од увоз и мора да оди и на проверка, комплет со документи од технички, хомологација, купопродажен договор и затоа некој ден повеќе ќе треба, ама еве помина рокот што ми кажаа
Да се самоцитирам, поднесени докукменти на 30.12.2024, се било готово на 3.01.2025 година, што е за пофалба, само што не ми се јавија како што ми кажаа, случајно проверив во петокот на 10 јануари, чисто да знаете да не ги чекате да ве бараат.

П.С.
Колку се глупи и непрактични сега пластиките (држачи) на таблицата, најефтина пластикарија, ни шрафче, н ништо. Порано се вадеше долниот дел, ставаш таблица, ставаш пластичната рамка назад. Сега е „фиксна“ пластиката, исцело е, едвај ги ставив таблиците, плус сега се поголеми тие пластики и не пасираат убаво, на задната таблица морав да исечам малку од пластиката за да влезе убаво. Не е ни чудо се губат толку често таблици.

П.С.С.
Додека се занимавав со местење, ја земам сообраќајната, не знам што ме натера да видам кај датумот и што да видам, ми ставиле печат за регистрација со важност до 11.01.2025 година. Мислев дека се филмам, на страна што од блиску послабо почнав да гледам, морав да сликам и да ја зголемам сликата :) . Трк назад во ПСС, сабота беше и до 12 работат, ми дадоа нова и така.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6787
  • Бенве сие бенве
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1662 на: 13 Јануари 2025, 09:15:02 am »
Има доле осигурачи се вадат, се вметнува таблицата, се враќаат назад. Ништо комплицирано нема, ниту е тешко да се намести ниту пак може да падне.

Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2389
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1663 на: 13 Јануари 2025, 10:19:56 am »
Има доле осигурачи се вадат, се вметнува таблицата, се враќаат назад. Ништо комплицирано нема, ниту е тешко да се намести ниту пак може да падне.

Sent from my iPhone using Tapatalk
Новите пластики сега што ги даваат немаат такви осигурувачи како порано што имаше. Можеби смениле сега од 1.1.2025 година. Ти велам многу се прости сега. Не е можно да не сум приметил такво нешто.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2229
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1664 на: 13 Јануари 2025, 10:40:37 am »
Заборавив да појаснам, колата е од увоз и мора да оди и на проверка, комплет со документи од технички, хомологација, купопродажен договор и затоа некој ден повеќе ќе треба, ама еве помина рокот што ми кажаа
Да се самоцитирам, поднесени докукменти на 30.12.2024, се било готово на 3.01.2025 година, што е за пофалба, само што не ми се јавија како што ми кажаа, случајно проверив во петокот на 10 јануари, чисто да знаете да не ги чекате да ве бараат.

П.С.
Колку се глупи и непрактични сега пластиките (држачи) на таблицата, најефтина пластикарија, ни шрафче, н ништо. Порано се вадеше долниот дел, ставаш таблица, ставаш пластичната рамка назад. Сега е „фиксна“ пластиката, исцело е, едвај ги ставив таблиците, плус сега се поголеми тие пластики и не пасираат убаво, на задната таблица морав да исечам малку од пластиката за да влезе убаво. Не е ни чудо се губат толку често таблици.
Точно нема "жлеб" да се вметнат , со штрафелица зацврсти 3 штрафчиња инаку ке испадне имав јас такво искуство