Заборавив да појаснам, колата е од увоз и мора да оди и на проверка, комплет со документи од технички, хомологација, купопродажен договор и затоа некој ден повеќе ќе треба, ама еве помина рокот што ми кажаа
Да се самоцитирам, поднесени докукменти на 30.12.2024, се било готово на 3.01.2025 година, што е за пофалба, само што не ми се јавија како што ми кажаа, случајно проверив во петокот на 10 јануари, чисто да знаете да не ги чекате да ве бараат.
П.С.
Колку се глупи и непрактични сега пластиките (држачи) на таблицата, најефтина пластикарија, ни шрафче, н ништо. Порано се вадеше долниот дел, ставаш таблица, ставаш пластичната рамка назад. Сега е „фиксна“ пластиката, исцело е, едвај ги ставив таблиците, плус сега се поголеми тие пластики и не пасираат убаво, на задната таблица морав да исечам малку од пластиката за да влезе убаво. Не е ни чудо се губат толку често таблици.
П.С.С.
Додека се занимавав со местење, ја земам сообраќајната, не знам што ме натера да видам кај датумот и што да видам, ми ставиле печат за регистрација со важност до 11.01.2025 година. Мислев дека се филмам, на страна што од блиску послабо почнав да гледам, морав да сликам и да ја зголемам сликата
. Трк назад во ПСС, сабота беше и до 12 работат, ми дадоа нова и така.