Дали има технички преглед што сеуште се замара да го провери возилото убаво или се исто е кај и да отидеш, сите се "експресни"?
PS. За Скопје прашувам
ПСС во Лисиче, неколку пати сум слушал како им кажуваат дека возилото не им е исправно, што треба да се поправи... или поминува на технички со забелешка на што да обрни внимание т.е. што најверојатно треба да среди во нареден период...
Исто сум имал проблеми со предно тркало/кочница на мерцедесот. Не бев за регистрација тогаш. Ја проверија во делот за технички, покажа дека едното предно тркало има 0% кочење... во нивниот сервис пробаа да го средат, расклопија, подмачкаа... ама повторно беше на 0%, ми препорачаа дека најверојатно треба абс пумпата да се менува, ама не можеше кај нив... и за се тоа ми земаа 0 денари...