1. Телефонот за помош на пат не беше бесплатен. Пошто вртев од МК број од Грција прво што ги прашав: бесплатен ви е телефонов? А па не знам дечко никој не не прашал до сега....немој да ме је*еш и јави ми се за да не трошам, па на вибер ми вртеше....
2. Прво им побарав сервис за шофершајбни да ми кажат каде има најблиску да не лутам по интернет, ме изакаа без везе по некои ниви по некои улички на 2 адреси ни сервис имаше ни бутур.
3. Шлеп служба најдоа ама: може ќе дојде за саат а може и утре зависи од локалната шлеп служба ќе ти се јават кога ќе можат...среќа колата беше во возно стање.
4. Најпедерското = рекламираните 200км бесплатен шлеп е уствари 100км, другите 100 биле за да се врател камионот од кај шо тргнал и нормално се што е плус се доплаќа како милува шлеп службата, попуст ради членство = аврио! На колега на Стража му рикна турбо....шлеп од Гостивар го зема и го донесе до Скопје = 6000ден. со АМСМ членство.
За низ МК можеби ќе му се исплати на некој, за надвор не знам, јас веќе не го купувам. Рецимо за мамички и мисири е супер....не пали, празен акОмулатор, не знам да мењам гума, заборавив да ставам бенѕин итн...викни си АМСМ место да замараш пријатели/роднини.
А иначе да, може да се искористи за било која кола само треба сопственикот на членството да биде во неа.