Член 317
(1) Кога управува со моторно возило, возачот е должен кај себе да има важечка возачка
дозвола и возачка книшка и истите е должен да ги покаже на барање на полициски
службеник.
(2) Сопственикот односно носителот на правото на користење на возило, не смее да го
даде возилото на управување на лицето од членовите 225, 226 и 227 од овој закон, ниту на
лицето кое нема право да управува со моторно возило, односно на лицето кое нема право
да управува со категоријата моторни возила во која спаѓа тоа возило.
(3) Сопственикот, односно носителот на правото на користење на возило, е должен на
барање на полициски службеник, да даде податоци за идентитетот на лицето на кое му го
дал возилото на управување.
(4) Сопственикот, односно носителот на правото на користење на возилото, може да го
даде возилото на управување на лице државјанин на Република Македонија да го изнесе
надвор од границите на Република Македонија, само врз основа на одобрение за
управување на туѓо моторно возило во странство издадено од сопственикот, односно
носителот на правото на користење на возилото, преку овластено правно лице за вршење
на технички преглед.
(5) По исклучок од ставот (4) на овој член, сопственикот на возилото може да го даде
возилото на управување на лице странец кој законски престојува во Република
Македонија да го изнесе надвор од границите на Република Македонија, само врз основа
на одобрение за управување на туѓо моторно возило во странство издадено од
сопственикот на возилото, преку овластено правно лице за вршење технички преглед на
возила.
(6) Возило во сопственост на странско правно лице со седиште во Република
Македонија, може да биде дадено на управување на лице странец, кој законски престојува
во Република Македонија, да го изнесе надвор од границите на Републиката, врз основа на
доказ за регулиран законски престој и одобрение за управување со туѓо моторно возило во
странство издадено од одговорното лице во правното лице со седиште во Република
Македонија, заверено на нотар, преку овластено правно лице за вршење технички преглед
на возила.
(7) Одредбата од ставот (6) се однесува само за моторни возила од категоријата М1
(патнички моторни возила).
( 8 ) Одобрението од ставовите (4), (5) и (6) на овој член го издава правно лице за
вршење на технички преглед на возила овластено од Министерството за внатрешни
работи кое ги исполнува условите во поглед на соодветен стручен кадар, просторно и
материјално-технички услови.
(9) Одобрението од ставовите (4), (5) и (6) на овој член се издава на образец чија форма,
содржина, боја, вид и квалитет на материјалот се еднобразни за територијата на Република
Македонија.
(10) Одредбите од ставот (4) на овој член, не се однесуваат за правните лица чија
основна дејност е „меѓународен превоз на патници и стока“, односно истите задолжително
треба да поседуваат патен налог и полномошно заверено од одговорното лице во правното
лице.
(11) За издаденото одобрение од ставовите (4), (5) и (6) на овој член, овластеното
правно лице од ставот (4) на овој член, води евиденција.
(12) На правното лицe кое постапува спротивно на одредбите од ставовите (2) и (11) на
овој член ќе му се изрече глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност.
(13) За прекршоците од ставот (11) на овој член ќе му се изрече глоба и на одговорното
лице во правното лице во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице.
(14) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 300 евра во денарска
противвредност ќе му се издаде на сопственикот, односно носителот на правото на
користење на возилото, кој постапува спротивно на одредбата од ставот (2) на овој член.
(15) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 500 евра во денарска
противвредност во согласно со одредбите од овој закон ќе му се издаде на сопственикот,
односно носителот на правото на користење на возилото, кој постапува спротивно на
одредбата од ставот (3) на овој член.
(16) Мандатен платен налог со глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност
во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 40 негативни бода
согласно со одредбите од овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбата од
ставот (1) на овој член.
(17) На правното лицe кое постапува спротивно на одредбите од ставовите (4), (5) и (6)
на овој член ќе му се изрече глоба во износ од 6.000 евра во денарска противвредност.
(18) За прекршокот од ставот (17) на овој член ќе му се изрече глоба и на одговорното
лице во правното лице во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице.
Еве ви го и законот:
http://moi.gov.mk/Upload/Documents/zbsp%20169-2015.pdfЗа да најдете, во ''пребарај'' ке укуцате ''Одобрение за управување'' и ќе ви искочи само овој член. И се спомнува само за во странство кога возиш но не и за територијата на Македонија.
Ако внесете Полномошно во пребарај, нема да ви даде ниту еден член од законот.
Наместо да пребарате по закон, секогаш рекла-казала, ми кажал пријателот на кумот чив зет, негов комшија е полицаец.