Aбе не знам шо си прајте бајрам со умот, со просечна плата од 250е сакате лугето да возат мин еuro5 и да ги исфрлат од употреба колите шо мометнално ги возат?
Шо мислите дека имаме стандард германски,швајцарски, скандинавски...
Друже мачкање очи.
Владата ако сака да се намали загадувањето, прво што ќе удри ќе биде строга контрола на фабриките за кои е јавна тајна дека испуштаат што им душа сака без никој да ги чепне (да бе сеа ќе летаа дронови и така ќе ги ловат...), втора мерка забрана за издавање на градежни дозволи за сите населени места каде што е загадено. Ама тогаш што ќе настане, ќе нема доволен број на станови за некоја година, цената на веќе постоечките ќе рипне, чифлиганец и друштвото нема да можат да градат кај ќе стигнат, ќе падне мулти милионскиот бизнис како за изведувачите така и за банките кои даваат станбени кредити со прилично неповолни каматни стапки, но многумина ги подигнуваат.
Така да, јас ништо од ова не го сфаќам за сериозно. Ако некој сака да нема загадување, тоа се решава со детален урбанистички план со кој на долг рок ќе се реши пренаселеноста на Скопје, ќе се градат згради на 10-15 км од центарот, како што реков ќе се удри врз фабриките, и постепено ќе се обновува возниот парк. Годинава ако може уште да се увезат Еур4, догодина минимум Еур5, сите коли под Еур4 за 10 години ќе бидат исклучени од сообраќај, или нема да можат да се движат во ризичните зони. Така постепено и плански може и народот задоволен, и загадувањето максимално искоренето.
Ама пак ќе речам, мачкање очи, за такви мерки треба време, пари, и соодветен кадар а не пред изборни мерки за да има што да се пише дека сме направиле.
За жал загадувањето уште долго нема да се реши, и би рекол тек полошо ќе станува.