Автор Тема: Регистрација и технички преглед  (Прочитано 419763 пати)

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1454
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #735 на: 29 Март 2018, 13:02:21 pm »
Ццццццц, ја мислев у септември да го регистрирам пошо преку летото веројатно нема да го возам, но ќе мора да истресам 150 евра у јуни  :(

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8362
  • Плинаш!!!
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #736 на: 29 Март 2018, 14:00:55 pm »
Чекајте, не летајте одма, на технички ништо не знаат за законов. Можеби е предлок закон само.

Sent from my MI 4S using Tapatalk


Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #737 на: 29 Март 2018, 14:43:21 pm »
Македончето е класика за успешни клик бејт постови.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #738 на: 29 Март 2018, 14:51:44 pm »
Застанете малку, не мешајте баби и жаби. Линкот од Никола (нема да коментирам колку е точно тоа што е наведено) се однесува на осигурувањето и нема врска со мојот пост каде му посочив кои се законските обврски и трошоците по нив.

Закони донесува Собранието а не Владата и закони не се донесуваат преку ноќ.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30779
    • CARclub.mk
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #739 на: 29 Март 2018, 15:50:48 pm »
И јас ќе го речев истото. Полека, трпение.

Присутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7437
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #740 на: 29 Март 2018, 20:05:42 pm »
Него се мислам дали уште да и плаќам каско на колата, 7 год. е стара, а каско со франшиза од 500 еур и без франшиза на стакла ми е 10.000 во Кроација ?

До сега си плаќав и мирно си спиев, дали ќе падне дрво, град, дали ќе ја украдат, дали ќе се лупнам... 500 евра за франшиза ќе ги прежалам некако, а браник и фар у порше ми се пола бубрег.

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3915
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #741 на: 29 Март 2018, 20:43:29 pm »
Za so kola se raboti?  ;D

Присутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7437
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #742 на: 29 Март 2018, 21:56:52 pm »
Za so kola se raboti?  ;D
Голф 2011

Отсутен dreamson

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 703
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #743 на: 29 Март 2018, 23:56:08 pm »
@n1kola бидејќи не планираш да го регистрираш возилото во наредните 3 месеци откако ќе ти истече регистрацијата во Април, чисто информативно да си знаеш дека согласно Законот за возила член 40 став 1 точка 5 должен си да го одајвиш возилото и да ги вратиш регистарските таблички доколку поминале повеќе од 30 дена од истекот на важноста на сообраќајната дозвола. Глобата, доколку ова не го сториш е 200 евра. После тоа при новата регистрација имаш давачки за нови таблици и нова сообраќајна.

Прошетај се до станица и распрашај се дали има некоја друга варијанта да не ги враќаш табличките а да ти остане возилото нерегистрирано за тие 3 месеци и да не те глобат.



Ова сигурно е што го напиша? На моето возило му помина регистрацијата во август 2017, не го регистрирав и јас поради забрана за возење  стоеше не регистрирано до февруари 2018, ни го одјавив, ни вратив таблици ни ништо. Во февруари 2018 појдов на технички за регистрација ништо не ми рекоа, потоа во полиција како што е ред и си помина најнормално како и секоја регистрација.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #744 на: 30 Март 2018, 00:20:35 am »
Сигурен 102.3%.

Пишана е законската процедура согласно Законот за возила. Да не се повторувам членот од законот е наведен во постот и може секој да си провери. Ќе го едитирам постот со цитат од членот кога ќе сум на компјутер.

Не случајно вториот дел од постот се однесува на тоа да отиде во станица и да види има ли "алтернативен" начин, пошто нели Македонија и се е можно. Тоа што ти си поминал така како што си поминал не значи дека е законски. Си се извадил. Тој што ти ја регистрирал колата и ти ја продолжил важноста на СД не постапил законски. Исто така укажува на тоа дека тоа е пракса таму кај што живееш. На некои места ќе поминеш а на некои неќе мочи. Некаде има луѓе што си ја познаваат работата.

Општо администрацијата во државата ни е катастрофа. Ако нешто е незаконски не значи дека не се практикува и обратно. Лично искуство со судија од западниот дел на Македонија (сведок: член на форумов): Судијата ми изрекува санкција забрана за управување со моторно возило и притоа ми кажува што да направам т.е не направам за да не ми ја впишат забраната. Незаконски ама се практикува.

Едит:                                                           Пречистен текст од Законот за возила

                                                                                               Член 40
                                                                                    Задолжителност на одјава


(1) Сопственикот на регистрираното возило е должен да го одјави своето возило кај органот што го регистрирал и со одјавата во рок од 30 дена од денот на одјавувањето, да ги врати регистарските таблици, ако:
1) возилото е уништено, односно има статус на искористено возило, согласно со прописите за заштита на животната средина;
2) возилото е трајно изнесено надвор од територијата на Република Македонија;
3) возилото ќе се регистрира во странство заради преселување на сопственикот на возилото, односно од други причини;
4) возилото е украдено;
5) важењето на сообраќајната дозвола истекло пред повеќе од 30 дена, односно пред повеќе од една година за мопеди (велосипеди со мотор), мотоцикли, лесни трицикли, трицикли, лесни четирицикли, четирицикли, возила за домување, приколки за домување и олдтајмери и
6) во времето на важење на сообраќајната дозвола престанало да важи задолжителното осигурување.
(2) Во случаите од ставот (1) точка 4 на овој член, сопственикот на возилото е должен само да го одјави своето возило.
(3) Регистарските таблици со исти ознаки не може да му се издадат на сопственикот на возилото, доколку се изгубени, доколку возилото било украдено или доколку за него биле издадени регистарски таблици со избрана ознака.
(4) Министерството за внатрешни работи е должно да ги чува вратените регистарски таблици една година од денот на нивното враќање.
(5) Ако во временскиот период од ставот (4) на овој член со вратените регистарски таблици не е регистрирано истото возило, тие таблици се уништуваат.
(6) Ако во случајот од ставот (1) точка 5 на овој член, сопственикот не го одјави своето возило и не ги врати регистарските таблици, Министерството за внатрешни работи писмено го известува сопственикот на возилото, дека во рок од 15 дена од денот на приемот на известувањето е должен да ги исполни своите обврски од ставот (1) на овој член.
(7) Ако сопственикот на возилото во рокот од ставот (6) на овој член не ги исполни своите обврски, Министерстово за внатрешни работи го брише возилото од евиденцијата на регистрираните возила и презема мерки за одземање на регистарските таблици на трошок на сопственикот на возилото.
(8) Глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на сопственик на возило што постапува спротивно на одредбите од ставот (1) точки 1, 2, 3, 5 и 6 на овој член.
(9) Глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на сопственик на возило што постапува спротивно на одредбите од ставот (1) точка 4 на овој член.
(10) Глоба во износ од 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице што постапува спротивно на одредбите од ставот (1) точки 1, 2, 3, 5 и 6 на овој член.
(11) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице ќе му се изрече на одговорното лице кај правното лице за сторен прекршок од ставот (10) на овој член.
(12) Глоба во износ од 1.500 во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице што постапува спротивно на одредбите од ставот (1) точка 4 на овој член.
(13) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице ќе му се изрече на одговорното лице кај правното лице за сторен прекршок од ставот (12) на овој член.



« Последно менување: 31 Март 2018, 00:39:40 am Дибидус »
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7808
  • French diamond
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #745 на: 30 Март 2018, 01:00:49 am »
Глупости на квадрат, дури и да не ти се верува што читаш...значи ако некој замини на печалба во Германија на 6 месеци (како пола држава што заминва) и во меѓувреме му истечи регистрацијата на колата, треба да се врати од странство за да ги одјави таблите или да ја регистрира за да не плати 200 евра казна ?!

Аман дај нека се обесат сами тие што ги смислуваат и носат овие глупи закони !!

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #746 на: 30 Март 2018, 01:18:21 am »
Глупости на квадрат, дури и да не ти се верува што читаш...

Цитираново се однесува на мојот пост каде ти укажав на законската обврска за да не се најдеш во небрано или на тие што ги носат законите?
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7808
  • French diamond
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #747 на: 30 Март 2018, 02:00:20 am »
Не,не нема зошто да би се однесувало на твојот пост, баш напротив ти благодарам за информацијата  :) Тоа погоре се однесува на :

Законот за возила член 40 став 1 точка 5 должен си да го одајвиш возилото и да ги вратиш регистарските таблички доколку поминале повеќе од 30 дена од истекот на важноста на сообраќајната дозвола

И дебилите кои го смислиле ова.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #748 на: 30 Март 2018, 03:27:29 am »
Добро тогаш, да легнам да заспијам на раат :) инаку прогнозирав

Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1454
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #749 на: 30 Март 2018, 21:53:26 pm »
Него кога сме кај технички преглед и осигурување дали може пример во скопје да напраам технички, ако е поевтино? И дали некој знае каде е најевтино? И за осигурување дедово до сеа у сава осигурувал, дали мора пак сава или сеедно е?