Бидејќи многу од вас го користат сопственото возило за службени потреби, ме интересира како се пресметуваат трошоците за истото.
Имено, со сопствено возило одиш низ град, извршуваш службени задачи, и освен гориво правиш и амортизација на возилото.
По кој ставки, врз кој основ, по извршените задчи, фирмата тебе ти ги покрива направените трошоци.
Односно колку пари ти дава за гориво и колку за амортизација? Дали при извршување на овакви задачи се зима во предвид потрошувачката на гориво на автомобилот, или пак тоа е на некој начин со закон дефинирано?
Пример јас имам возило на бензин и ми троши 10л во град, а колегата има дизел и му троши 5л во град. За изминати 100 км, по некоја логика би требало да имаме различни трошоци за изминатиот пат, во случајов тоа би бил јас, по некоја претпоставка. Бензинот е поскап од дизелот, повеќе потрошувачка итн.
Значи генералното прашање ми е според кој закон или регулатива се надоместуваат трошоци за службени дејствија извршени со сопствено возило и што е опфатено со тоа.
Благодарам.