Се јавуваше од време на време проблемче со ESP уште кога ја земав колата, се уклучуваше повремено и светеше ESP OFF, ќе ја изгасев колата, ќе се рестартираше комјутерот и беше ок.
Последниов месец - два, запали колата и одма ќе се запали, исгаси колата пак запали пак ќе се појави...
Читав на нет можен проблем со прекидачот на кочницата, нов прекидач во Kиа 1200, Xjундаи 1700, Еуро 07 1050ден. Може ќе требаше и дијагностика која е 1200ден. во Киа.
Бидејќи имаат исти делови Хјундаи со Киа сум прашувал и за стабилизатори и цена 3 пати поголема, заклучок Хјундаи е бајаги поскапо за одржување.
Приметив на крајот дека кога ќе стиснам кочница не светат светлата и тогаш ќе уклучи ESP OFF.
Kaко викаат старите два пати Мери и еднаш сестра и и се фатив за работа, прво отстранување на прекидачот, имав добар секс додека го извадам ептен е тесно и во незгодна положба си.
-проверка со мултиметар омски, во ред е.
-го штекам на џек и го стискам со рака дугмето не функционира, не светат светлата, а прекидачот топол, нема контакт.
-дирекно жица на џекот влез, излез, гледам шмелцува, а добро е влече струја, гледам светлата светат.
-прав штравцигер 4мм, ги притиснав папучите убаво сега има контакт и не се пали ESP OFF.
На 24.08.16 правена дијагностика на акомулаторот да видиме во каква состојба е.
Може ако е слаб да пали ESP OFF, али иако е стар неколку години Топла марка, како нов е.
Проверка е направена во Влае на Партизанска до Макпетрол, бесплатно.
Ако правев дијагностика, ќе покажеше прекидачот, па нов па после пак проблемот ќе се јавеше, па пак дијагностика.
Грубо 60евра ќе отидеа за џабе + работна рака + изгубено време + нерви.