Проблемот е што не знаеле дека со плинот од Окта твојата Киа ќе работела помирно? Секоја кола си работи различно со плин од различни плинари. Моето Пежо до сега имам приметено дека најдобро работи со плин од Макпетрол, а и помалку го троши. Не ја разбирам потребата од толку мрчење за ваква банална работа. Немаат Плимонт тест фабрика за да го тестираат плинот од секоја плинара како работи во секоја кола.
Не е мрчење туку се зборуваат некои работи кој си немаат врска, и затоа во целост пишав пак, да се разјаснат некои работи.
Плимонт би требало да посочат освен свекици дека може и од плинот да е, па да сменам друга плинара, а не да се чудам што може да е, а за за нив нормално работела немало дополнителни вибрации.
Затоа кога се оди во плимонт на штелување се става плин од проверена плинара каде сметаш дека е најдобар. Кога ќе почне да тресе знаеш дека е од плинот а не од нешто друго.
Исто како и кај Фиц, моето возило со конкретното штелување најдобро работи со плинот од макпетрол и најмалку го троши.
Првпат користам плин, од кај да знам дека е од плинот.
Плимонт ја штелуваат пред да ја земам.
Која ознака на моторот ја имаш?
G4FD, G4FC, G4FG??
Дали ти ставија и капалка? Птребна беше или ја ставија превентивно?
Како ти беше потрошувачката на бензин?
Каква ти е потрошувачката сега на плин?
Како си задоволен општо од работата на моторот по вградувањето на плинот?
Моторот е G4FC, Плимонт инсистираа дека нема потреба од капалка а бев решен да ставам.
Потрошувачка градска отприлика 10-11л плин и 1-2л бензин, точно немам пресметано, се денес, утре и така остана.
По вградувањето бев многу разочаран, пишав погоре зашто, после скоро два месеци тоа се промени и работењето на бензин и плин ми е идентично освен дизните за лпг што штркаат ги приметувам.