ж
Па како на 51000 ти е отиден диктунгот на капакот?
Убаво е да поминеш кај некој кој има компресор да ги издуваш ушите.
Пишано пак ама во целост, да не биде друг да не дочитал.
Ставен плински уред во Плимонт Landi Omegas Evo на 46.000км.
Пред да ја оставам колата ме прашаа дали сум менувал свекици, покажувала на плинот. Рано е за менување според упатство.
Јас ги прашав дали деловите кај што се буши возилото се става антикорозивна заштита, не!
Земање возилото од кај нив, пред да паркирам дома приметив во лер ненормални вибрации бетер работи од 1.4тди!!!
Предходно го имав гледано видеото, 0.22 запазете.
Дигам хауба гледам што како е, дали ќе приметам нешто, ништо.
На форум некои пишаа да се штелнел плинот...
Се слушнав со Плимонт и отидов утредента кај нив.
Ја ставија на компјутер се ок, дечкото вели во ред е. Колата ја пали вели, а добро работи, јас се нервирам, он како професионалец треба да го има приметено работењето или се прави наудрен.
Пластиката од кај моторот ја извади, дизните ги отштрафи со носачот бидејќи тие штракаат гласно, да видам да не доаѓаат вибрациите од кај нив, ништо од тоа.
Приметив малку уље горе на моторот, и му посочив како можен проблем бидејќи на видеото се вади горниот дел и се буши. Мислев од тоа да не е нешто, бидејќи не ги познавам мн. работите како функционираат.
Ми кажа дечкото дека тој дел не се вади, мислам дека дирекно е бушено местото за дизните , воочивме дека маслото е од поодамна засушено, истуриле кога ставале.
Почна да ме копка муабетот за свекиците, ги сменив, пак исто лошо работење...
Месец, два возам се нервирам за плинот што сум го ставил и ја возам колата, помислив и да ја продадам...
Колега ме прашува како плинот, му кажувам за проблемот и ми вели и мене исто вака ми правеше.
Ме праша кај ставам плин, во наш гас, ми вели испразни боцата и стави на Октан, пробај таму.
Си велам во себе исти кур кај и да полниш, малку е поскап али ќе се проба.
Ставање на ОктаН, ни вибрации ни пичке материте, осмех и радување како циган на цреша...
Скоро два месеци поминав со големи нервози, а дечките од плимонт кој ги сметав за големи професионалци со традиција не го приметија "проблемот" и не најдоа решение!!!Онак имаше пишано НасГас мора да дава пониски цени за да привлече муштерии, многу логично изгледа ама не е така. Плинот со послаб квалитет им е.
Исто така и плимонт од некоја пумпа во близина кај што ставиле плин за тест не им чини плинот.