Автор Тема: Kia Ceed 1.6 cvvt 2008  (Прочитано 95570 пати)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Kia Ceed 1.6 cvvt 2008
« Одговори #180 на: 18 Декември 2014, 21:16:10 pm »
Еве ти предлог.


Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Kia Ceed 1.6 cvvt 2008
« Одговори #181 на: 19 Декември 2014, 09:18:32 am »
Ти изгледа не си разбрал како што треба.

Ако сум кажал за поткревање позади со спејсери или нови спирали, тоа е бидејќи има мала разлика на око со предната висина. 
Доколку се одлучи за корекција на тоа, се мисли да биде во нормала а не како пасатот за оф роуд дигнат.




Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Kia Ceed 1.6 cvvt 2008
« Одговори #182 на: 25 Декември 2014, 02:06:55 am »
За човекот што наводно купи Kia Ceed за да не се замара со неа, доста време поминуваш барајќи и читајќи упатства за сервис.

Упатства за редовен сервис и потрошни делови читам, полесните работи мерак ми е сам да си ги сработам.

Сработено денес, за првпат добар секс ми излезе со филтерот за масло едвај го извадив, употребено ролцангли, ептен тесен простор башка не може се две раце да се фати.

Нов стабилизатор, масло и филтер за масло.







Eве ги сликите што не беа ставени, ме мрзеше..




Хјунаи знакче а купено од киа :)


Стабилизаторот купен од киа последна верзија редизајн без мутери.




Пред две недели купен и сменет вториот стабилизатор од совозачка страна и веќе тропкање нема.
Стабилизаторот е прва серија.
Стариот стабилизатор беше на едната страна малку скинат.
Ќе видиме кој ќе издржи повеќе.



Од електричар за првпат во живот почнав да го чепкам возилото со сервисирање, мерак ми беше сам да го направам сервисот и посигурно се осеќам.
Кој работи тој и греши, така да имаше неколку грешки при сервисирањето.

1. Не земав клуч за филтер, мислев ќе се извади лесно а не се фаќа со две раце. Може и да се направи клучот ептен лесно е.  Многу се измачивме..
2. Не пресеков шише да се послужам со него како инка, лом направив со маслото врз моторот.
3. Ставено масло повеќе отколку што е потребно. Нареден пат ќе ја имам точната количина дозирана за ставање.
Маслото е вадено со црево за инфузија и шприц од кај шипката за проверка за масло. Сетот го има во аптека околу 20ден. Шпицот е мал 10мл така да сексот е поголем, тури вади.
4. Кога се проверува предница двете тркала да бидат дигнати од земја, да не менуваш дел по грешка.

Наредниот сервис ќе биде полесен, ќе се избегнат грешките.

Ми останува уште филтри за воздух и полен да земам, сакам оргинални ама не можам да видам кој бренд се, најверојатно заменски ќе бидат.
И во мислење сум за антифриз кој да го ставам на база етилен гликол?




Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Kia Ceed 1.6 cvvt 2008
« Одговори #183 на: 31 Декември 2014, 18:18:24 pm »
Koмплетиран сервисот со филтрите.

Земено од Киа

Земено од Еуро07



Спореба со оргиналниот и заменскиот ZAFFO карбонски, оргиналниот има 50 прегради а заменскиот 40.
Кај заменскиот преградите се подебели што според мене е поквалитетен од оргиналот.



Заменскиот филтер ITN е може меѓу ефтините а поквалитетен од оргиналот подебели преградите и е со исто прегради како оргиналот. Филтерот за полен од истата фирма е со никаков квалитет лист како од блок за цртање, така тенок.




На две капачиња како да пушта по малку околу нив, ги проверив ќелиите и се покриени со течност, саглам ги престегнав со клучот додека не крцне.
Клучот се погоди пасент ;D


Сервис редовен
4160ден.

Плус два предни стабилизатори
1500ден.

Влупно:
5660ден.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Kia Ceed 1.6 cvvt 2008
« Одговори #184 на: 31 Декември 2014, 18:21:37 pm »
Какви ти се зимските гуми? Марка и модел?

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Kia Ceed 1.6 cvvt 2008
« Одговори #185 на: 31 Декември 2014, 18:32:54 pm »
Hankook Icebear W300

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: Kia Ceed 1.6 cvvt 2008
« Одговори #186 на: 31 Декември 2014, 19:26:28 pm »
Koмплетиран сервисот со филтрите.

Спореба со оргиналниот и заменскиот ZAFFO карбонски, оргиналниот има 50 прегради а заменскиот 40.
Кај заменскиот преградите се подебели што според мене е поквалитетен од оргиналот.



Јас би рекол дека е поквалитетен оригиналниот. Има поголема филтрирачка површина, значи може повеќе кубици воздух да „обработи“ во својот животен век. Дебелината според мене - ништо не кажува.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Kia Ceed 1.6 cvvt 2008
« Одговори #187 на: 01 Јануари 2015, 15:39:22 pm »
Не се сложувам, со дебелината зависи квалитетот на воздухот кој ќе биде прочистен. Најверојатно протокот кубици на воздух ќе бидат намалени со подебел филтер ама затоа почист воздух ќе дишеш.

Фабричките делови имаат стандарден квалитет, ако сакаш да си доплатиш екстра, може да добиеш премиум квалитет и поквалитетни заменски делови.

Заменскиот филтер за полен најефтин хартија лист превиткана и потенка на упола за разлика од фабричкиот.
На фабричкиот ептен малку се забележува како тенок слој памук да има, на ефтиниот лист превиткан само, карбонскиот подебел слој памук.


Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Kia Ceed 1.6 cvvt 2008
« Одговори #188 на: 01 Јануари 2015, 16:01:43 pm »
Ти сигурно надвор со боца со кислород на грбот и гас маска се шеташ чим си вака цепидлака. Врска нема ова што го пишуваш тука за премиуми и бла бла бидејќи ако беше толку премиум настроен немаше да купиш ниска класа на возило.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Kia Ceed 1.6 cvvt 2008
« Одговори #189 на: 01 Јануари 2015, 17:56:22 pm »
Не филозофирај многу.
Кажав дека заменскиот филтер е поквалитетен од оргиналот.

Има заменски делови со низок, стандард или "премиум" кои се поквалитетни.

Мене возилото не ми е за ку*чење како што на повеќето им е.
Си можел вакво, такво Ауди, Бмв за парите да си зел ми филозофирале ама не сум зел.

Прво не ми се зема раздрнкано возило "премиум" со прему 500.000км.
Па уште со некој јак мотор како повеќето ќе го вози неколку пати да биде виден.
Собрал пари да го купи нема пари за гуми, со ќељави, стари гуми, несоодветни, битно голем бандаж има за фалење и тн.

Јас сум земал возило како што велат испружи се колку ти е долга чергата.




Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Kia Ceed 1.6 cvvt 2008
« Одговори #190 на: 01 Јануари 2015, 19:29:58 pm »
Аирлија освежување, сигурно и прија на колата на овие сибирски температури. Ја одлучив на пролет да ја освежам... Кажи ми, овие ITN се кинеските од Еуро 07?

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Kia Ceed 1.6 cvvt 2008
« Одговори #191 на: 01 Јануари 2015, 21:08:05 pm »
Благодариме, да ви се враќа.
Кинески се, било од кој да земеш види ги како изгледааат од филтер до филтер има огромна разлика, освен ф. за масло.


Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Kia Ceed 1.6 cvvt 2008
« Одговори #192 на: 02 Јануари 2015, 14:52:23 pm »
Не филозофирај многу.
Кажав дека заменскиот филтер е поквалитетен од оргиналот.

Има заменски делови со низок, стандард или "премиум" кои се поквалитетни.

Мене возилото не ми е за ку*чење како што на повеќето им е.
Си можел вакво, такво Ауди, Бмв за парите да си зел ми филозофирале ама не сум зел.

Прво не ми се зема раздрнкано возило "премиум" со прему 500.000км.
Па уште со некој јак мотор како повеќето ќе го вози неколку пати да биде виден.
Собрал пари да го купи нема пари за гуми, со ќељави, стари гуми, несоодветни, битно голем бандаж има за фалење и тн.


Јас сум земал возило како што велат испружи се колку ти е долга чергата.




Болдираното си е на место,ама за филтерот мислам дека си малце во збунка.
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Kia Ceed 1.6 cvvt 2008
« Одговори #193 на: 21 Јануари 2015, 20:56:46 pm »
ж
Па како на 51000 ти е отиден диктунгот на капакот?

Убаво е да поминеш кај некој кој има компресор да ги издуваш ушите.

Пишано пак ама во целост, да не биде друг да не дочитал.


Ставен плински уред во Плимонт  Landi Omegas Evo на 46.000км.
Пред да ја оставам колата ме прашаа дали сум менувал свекици, покажувала на плинот. Рано е за менување според упатство.
Јас ги прашав дали деловите кај што се буши возилото се става антикорозивна заштита, не!

Земање возилото од кај нив, пред да паркирам дома приметив во лер ненормални вибрации бетер работи од 1.4тди!!!
Предходно го имав гледано видеото, 0.22 запазете.

Дигам хауба гледам што како е, дали ќе приметам нешто, ништо.
На форум некои пишаа да се штелнел плинот...

Се слушнав со Плимонт и отидов утредента кај нив.
Ја ставија на компјутер се ок, дечкото вели во ред е. Колата ја пали вели, а добро работи, јас се нервирам, он како професионалец треба да го има приметено работењето или се прави наудрен.

Пластиката од кај моторот ја извади, дизните ги отштрафи со носачот бидејќи тие штракаат гласно, да видам да не доаѓаат вибрациите од кај нив, ништо од тоа.
Приметив малку уље горе на моторот, и му посочив како можен проблем бидејќи на видеото се вади горниот дел и се буши. Мислев од тоа да не е нешто, бидејќи не ги познавам мн. работите како функционираат.
Ми кажа дечкото дека тој дел не се вади, мислам дека дирекно е бушено местото за дизните , воочивме дека маслото е од поодамна засушено, истуриле кога ставале.

Почна да ме копка муабетот за свекиците, ги сменив, пак исто лошо работење...

Месец, два возам се нервирам за плинот што сум го ставил и ја возам колата, помислив и да ја продадам...

Колега ме прашува како плинот, му кажувам за проблемот и ми вели и мене исто вака ми правеше.
Ме праша кај ставам плин, во наш гас, ми вели испразни боцата и стави на Октан, пробај таму.
Си велам во себе исти кур кај и да полниш, малку е поскап али ќе се проба.

Ставање на ОктаН, ни вибрации ни пичке материте, осмех и радување како циган на цреша...


Скоро два месеци поминав со големи нервози, а дечките од плимонт кој ги сметав за големи професионалци со традиција не го приметија "проблемот" и не најдоа решение!!!



Онак имаше пишано НасГас мора да дава пониски цени за да привлече муштерии, многу логично изгледа ама не е така. Плинот со послаб квалитет им е.
Исто така и плимонт од некоја пумпа во близина кај што ставиле плин за тест не им чини плинот.





Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16710
  • Keep it 100
Одг: Kia Ceed 1.6 cvvt 2008
« Одговори #194 на: 21 Јануари 2015, 23:25:17 pm »
Проблемот е што не знаеле дека со плинот од Окта твојата Киа ќе работела помирно? Секоја кола си работи различно со плин од различни плинари. Моето Пежо до сега имам приметено дека најдобро работи со плин од Макпетрол, а и помалку го троши. Не ја разбирам потребата од толку мрчење за ваква банална работа. Немаат Плимонт тест фабрика за да го тестираат плинот од секоја плинара како работи во секоја кола.