Штрумф јас знаеш како размислувам ама еве ќе пишам, да видам што ќе ми реплицираат другите.
И мене ми се допаѓа Импрезата и нејзиниот изглед/перформанси но гласав НЕ од неколку причини:
1. Не дека имаш очајно потреба од хечбек, мада ти држи вода муабетот за кучето. Евентуално смени го кучлето со Дејвокер (ем ќе ти доплати) пошо он има Антара и може да товари магаре унутра

2. За кратко време би требало да имаш принова до две. Кога ќе дојде тоа време и кога ќе немаш време и енергија да се свртиш тогаш нема да размислуваш како што размислуваш сега, па можно е да си речеш: „Шо се заебав ми се иде да си апнам од дебелово месо“.
3. Субару е ретка кола кај нас, а со тоа пропорционално и избор за сервис и резервни делови. Во иднина многу повеќе ќе ти значи економијата во возењето отколку перформансите.
4. Во иднина драстично ќе се зголеми разликата во цената за регистрација на 2л мотор наспроти 1.5л но и не мора да значи, сепак е ризик.
5. Ако го дадеш Лансерот издувит, бандашите, гумите, стаклата (имаше затемнети стакла?) ќе ти отидат муфте. Колата ти е бонбонка, праена за своја душа и сигурно би изгубил многу од вредноста ако ја продадеш, а башка чичка новка е.