Автор Тема: New Seat Leon Mk3  (Прочитано 56201 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: New Seat Leon Mk3
« Одговори #210 на: 20 Март 2013, 17:58:25 pm »
Тој мотор е бест-бај за било која кола на MQB платформа.

@Bauer: Цената би требало да е ~1000 евра пониска, но како и да е ќе добиеш огромен попуст во салон.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: New Seat Leon Mk3
« Одговори #211 на: 20 Март 2013, 19:23:20 pm »
Денес во салон го разгледав малку подетално новиот Леон (колку што имав време) па ќе пренесам лични согледувања и разлики во однос на претходниот модел.

Во живо изгледа прекрасно, дури и со 16-ки бандажи. Мислам дека има за нијанса поголем wheel gap, а може и треба да се рагазат малку изложените модели.
Имаше изложено модели со Reference и Style опрема, немаше топ модел со некои бандажетини и слични куродрвки.
1.2 TSi  и 1.6TDi мада тоа и не е така битно во салон.

Отвараш и седнуваш. (Шарките на вратите и тука се како на Голф 7, односно не се зглобни како на претходниот модел). Вратата се затвора цврсто со длабок звук.
Ќе споредам Style ниво на опрема, пошто и мојот е Style (мада демо возилата им се со некои помешани работи, тоа го нагласи и продавачот, на пр. изложениот модел немаше паркинг сензори, а тие следуваат во Style).

Внатре чувството е 2 класи над минатиот модел на Леон. Внатрешниста е пресликана од Ауди, што можеби значи дека му фали карактер и личен печат, но изгледа доста добро и ергономијата е решена одлично. Нема 100 копчиња, само она што е најпотребно и нормално медиа пакет со екран на допир. Пластиката на шалт таблата, конзолата, кај вратите е на друго ниво и е стварно одлично изработено. Пластиката помеѓу седиштата е речиси иста како кај минатиот модел.

Кожата на воланот не ми се допадна. ОК е, ноо мислам дека на стариот модел изгледа подобро и е за нијанса поквалитетна.
Пониклуваните додатоци во внатрешноста (не сум мераклија на такви шљокици) во овој модел живот значат. Рамките околу отворите за вентилација се едноставно направени за да бидат пониклувани. Зошто мислам така? Затоа што во Reference нивото на опрема не следуваат и изгледа многу по безлично внатре.

Седиштата се одлични, текстилот со висок квалитет, би рекол на исто ниво како претходниот модел.
Менувачот е тој, истиот, бар колку што го размрдав во место.

Идеме позади.
Отворот на задната врата има поправилна форма и е поголем од претходниот модел. Читај: овојпат повеќе мислеле на фамилијарни луѓе што е и нормално бидејќи претходно истите си ја имаа Алтеа  :-\
Позади има мнооогу повеќе место од минатиоот модел. Значително. Јас го наместив напред седиштето како мене ми одговара, а позади имаше доволно место и над глава и кај колената. Нагибот на задното седиште сега е покомфорен за разлика од претходниот модел. Едноставно седењето позади е одлично.

Гепекот е голем (+40Л од претходникот) и е со правилна форма.

Што има новиот модел со опрема Style, што ја немаше претходникот:
 - воздушно перниче за колена на возачот
 - медиа пакет со екран на допир
 - блокада на диференцијал XDS
 - хромирани додатоци во внатрешноста
 - наслон за рака на предните седишта
 - систем за препознавање замор кај возачот
 - осветлување кај пределот на нозете
 - дифузори за воздух за задните седишта

Цената на 1.4TSi 122hp е 19.590ЕУ  со ова ниво на опременост. Понудената цена беше далеку под официјалната.
Истиот пакет кај претходниот модел беше 1.000 евра подоле, што е логично со оглед на годините кои беше присутен на пазарот. Од друга страна веројатно и дополнителната опрема што ја има овој Style веројатно си допринесува за цената.
Доплата за ЛЕД светла е 1400ЕУ, за 17-ки бандажи 450ЕУ (50 помалку него кај претходникот).

За истата цена, разлика од 20ЕУ, се добива 1.6TDi 105hp, за оние кои љубат дизел  :P
2.0 TDi 150hp мислам дека беше околу 22.000 редовна цена.

Што се однесува до моторите и таму има измени, ама тоа ќе треба дополнително да се заинтересирам. Конструкцијата на TSi моторите е изменета, сега турбото е позади, не на предната страна на моторот.

Остана договор во Сабота, ако најдам време, да одам да го пробам тестниот модел, 2.0 TDi 150hp (незнам дали имаат TSi за тест, тој ми го понудија), а проценител да види колку би ја ценеле мојата кола и што преостанува да се доплати за одреден модел. Што не мора да знчи ништо, туку само дека ќе одам на тест возење  ::)

Фала за вниманието  :)

Се извинувам што цитирам долг пост, ама морав да го пофалам колегата - одлична споредба стар - нов модел, плус краток ревју.

Бравос!

Отсутен Dzo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3030
  • GTI®
Одг: New Seat Leon Mk3
« Одговори #212 на: 21 Март 2013, 00:12:16 am »
Убаво ревју, убаво да се прочита од некој кој прошла серија си ја има по дома. Со среќа, да си се подновиш, ако ти напраи мерак :D

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: New Seat Leon Mk3
« Одговори #213 на: 21 Март 2013, 01:00:41 am »
Уште поубаво и пореферентно е ривјуто, имајќи предвид дека пред овој Леон, marjanot возеше од првиот Леон :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7071
Одг: New Seat Leon Mk3
« Одговори #214 на: 21 Март 2013, 09:59:29 am »
Одлично напишано, дизајнот е за секоја пофалба.
Само ценава......

Колку и да е убава и квалитетна колава не ја оправдува цената на (скоро) еден Honda Accord !!

Се надевам на осетно намалување по стишувањето на еуфоријата.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: New Seat Leon Mk3
« Одговори #215 на: 21 Март 2013, 10:37:15 am »
Изгледа убаво и агресивно, ама премногу дизајн е украден од Ауди.
Цената нереално превисока, ама со оглед дека се od VW групата кои се невидени тезгаџии има простор за оној кој е заинтересиран да се испазари до реалната цена. Сепак не би го купил. Нов Аурис, FTW!
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: New Seat Leon Mk3
« Одговори #216 на: 26 Март 2013, 14:50:42 pm »
Причината зошто новиот Леон нема скриени задни рачки:

Seat Official Says Hidden Rear Door Handles Hurt Sales of Previous Leon

http://www.carscoops.com/2013/03/seat-official-says-hidden-rear-door.html?utm_source=feedburner&utm_medium=feed&utm_campaign=Feed%3A+Carscoop+%28CARSCOOPS%29&utm_content=FaceBook

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: New Seat Leon Mk3
« Одговори #217 на: 26 Март 2013, 16:49:40 pm »
Ако си ретардиран до даска може да помислиш дека хеликопрет купуваш а не кола.

Јас би ги направил и предните скриени. И секако предните врати далеку поголеми (исти со 3 вратниот модел)

Проста маса.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: New Seat Leon Mk3
« Одговори #218 на: 26 Март 2013, 17:14:39 pm »
Според мене најбоље изведба на четири врати е онаа кај Mazda RX-8



Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: New Seat Leon Mk3
« Одговори #219 на: 26 Март 2013, 17:15:53 pm »
Апсолутно. Кон тоа и целев, само малку поприступачно.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: New Seat Leon Mk3
« Одговори #220 на: 26 Март 2013, 17:52:35 pm »
Да не кажам Велостер  ::)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: New Seat Leon Mk3
« Одговори #221 на: 26 Март 2013, 17:56:00 pm »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: New Seat Leon Mk3
« Одговори #222 на: 26 Март 2013, 19:12:06 pm »
Да не кажам Велостер  ::)

Немој.

Отсутен Bushido

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 234
Одг: New Seat Leon Mk3
« Одговори #223 на: 03 Април 2013, 01:23:58 am »
Интересна споребда  :)

Отсутен Sashe90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 718
Одг: New Seat Leon Mk3
« Одговори #224 на: 04 Април 2013, 22:13:44 pm »
Денес го видов леонов одблиску во Кадис и можам да кажам дека е многу поубав од колку на слика. Ми се допадна тоа што имаше тој модел што го гледав вуферче сместено во резервно тркало.