Автор Тема: New Seat Leon Mk3  (Прочитано 55696 пати)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10948
  • 430i
Одг: New Seat Leon Mk3
« Одговори #195 на: 01 Март 2013, 10:36:36 am »
Вчера во Хотел Александар Палас беа доделени наградите за избор на автомобил на годината во Македонија, а воедно имаше и промовција на добитникот на оваа награда за 2013, Seat Leon.
Јас ќе се воздржам околу коментари за новиот Леон за да не бидам пристрасен, само ќе кажам дека изгледа многу подобро во живо, изгледа стегнато и компактно и најбрзо и најекономично и најбоље на свет  ::)

Еве некоја фотка со идиотче:





















Десен клик, отвор во нов таб за поголема резолуција, ако му треба на некој :)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: New Seat Leon Mk3
« Одговори #196 на: 01 Март 2013, 10:45:00 am »
На една од сликите си го фатил Катанга..

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: New Seat Leon Mk3
« Одговори #197 на: 01 Март 2013, 10:55:47 am »
Катанга Сеат е сеа :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3862
Одг: New Seat Leon Mk3
« Одговори #198 на: 02 Март 2013, 04:41:50 am »
Автомобилската индустрија е „Киро Фетак“ кнфекција. Многу малку оригинални развиени концепти, многу модели прпикрпани од „проверени“ технологии. Сепак Сеат и Шкода се „лефтовер“ компании на VW групацијата. За мене овие коли се „новиот живот на стариот VW“. Не дека ги сакам многу голфовине, но за парите сепак би внимавал, лед светла и слични кзметички финеси не секогаш помагаат да се чувствуваш внатре подобро.

Е сеа ако си го спредуваш со Шкода тука веќе има конкурентност и двете компании многу малку развиваат со чест на исклучоци како Yeti. Не дека знам какво е но сепак е исчекор „настранично“ од главната „лефтовер“ стратегија. Кај Сеат не гледам дека некој успеал да направинешто такво откако им пропадна она грдото Толедо.

Значи убаве е Сеатот, ама моите пари не би им ги оставил.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10948
  • 430i
Одг: New Seat Leon Mk3
« Одговори #199 на: 05 Март 2013, 15:52:50 pm »




 :-*

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10948
  • 430i
Одг: New Seat Leon Mk3
« Одговори #200 на: 14 Март 2013, 15:59:38 pm »

Отсутен Cranium

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 941
Одг: New Seat Leon Mk3
« Одговори #201 на: 14 Март 2013, 18:50:26 pm »
Искочен е ценовник на интернет на сеат.цом.мк :D

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: New Seat Leon Mk3
« Одговори #202 на: 14 Март 2013, 19:13:04 pm »

dobar marketing ! nema sto. Na takvi uslovi ke si menjas prednica na sekoi 30-40KKm max. Kako sekoja nova generacija e se ponezna i ponezna i se povekje se oslabuva. Planned obsolence !

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
Одг: New Seat Leon Mk3
« Одговори #203 на: 14 Март 2013, 19:49:55 pm »
Вчера видов во живо, одлично изгледа !

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3601
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: New Seat Leon Mk3
« Одговори #204 на: 14 Март 2013, 20:26:58 pm »
kakvi grdi racki na zadni vrati mu staile... nemozele podole da gi stavat? overal 4. zaso ne 5? radi vnatresnosta i onie grdi rucki so edvaj cekam nekoj da gi trgne od tamu!

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: New Seat Leon Mk3
« Одговори #205 на: 15 Март 2013, 17:11:52 pm »
Баш сега видов Леон FR бел, во тафталиџе. Најверојатно го вози девојче пошто беше излепен со Hello kitty стикери. Апелирам во Недела кога ќе се собереме на Веро да ги отстраниме стикерите, жалосно е :)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10948
  • 430i
Одг: New Seat Leon Mk3
« Одговори #206 на: 20 Март 2013, 14:05:00 pm »
Денес во салон го разгледав малку подетално новиот Леон (колку што имав време) па ќе пренесам лични согледувања и разлики во однос на претходниот модел.

Во живо изгледа прекрасно, дури и со 16-ки бандажи. Мислам дека има за нијанса поголем wheel gap, а може и треба да се рагазат малку изложените модели.
Имаше изложено модели со Reference и Style опрема, немаше топ модел со некои бандажетини и слични куродрвки.
1.2 TSi  и 1.6TDi мада тоа и не е така битно во салон.

Отвараш и седнуваш. (Шарките на вратите и тука се како на Голф 7, односно не се зглобни како на претходниот модел). Вратата се затвора цврсто со длабок звук.
Ќе споредам Style ниво на опрема, пошто и мојот е Style (мада демо возилата им се со некои помешани работи, тоа го нагласи и продавачот, на пр. изложениот модел немаше паркинг сензори, а тие следуваат во Style).

Внатре чувството е 2 класи над минатиот модел на Леон. Внатрешниста е пресликана од Ауди, што можеби значи дека му фали карактер и личен печат, но изгледа доста добро и ергономијата е решена одлично. Нема 100 копчиња, само она што е најпотребно и нормално медиа пакет со екран на допир. Пластиката на шалт таблата, конзолата, кај вратите е на друго ниво и е стварно одлично изработено. Пластиката помеѓу седиштата е речиси иста како кај минатиот модел.

Кожата на воланот не ми се допадна. ОК е, ноо мислам дека на стариот модел изгледа подобро и е за нијанса поквалитетна.
Пониклуваните додатоци во внатрешноста (не сум мераклија на такви шљокици) во овој модел живот значат. Рамките околу отворите за вентилација се едноставно направени за да бидат пониклувани. Зошто мислам така? Затоа што во Reference нивото на опрема не следуваат и изгледа многу по безлично внатре.

Седиштата се одлични, текстилот со висок квалитет, би рекол на исто ниво како претходниот модел.
Менувачот е тој, истиот, бар колку што го размрдав во место.

Идеме позади.
Отворот на задната врата има поправилна форма и е поголем од претходниот модел. Читај: овојпат повеќе мислеле на фамилијарни луѓе што е и нормално бидејќи претходно истите си ја имаа Алтеа  :-\
Позади има мнооогу повеќе место од минатиоот модел. Значително. Јас го наместив напред седиштето како мене ми одговара, а позади имаше доволно место и над глава и кај колената. Нагибот на задното седиште сега е покомфорен за разлика од претходниот модел. Едноставно седењето позади е одлично.

Гепекот е голем (+40Л од претходникот) и е со правилна форма.

Што има новиот модел со опрема Style, што ја немаше претходникот:
 - воздушно перниче за колена на возачот
 - медиа пакет со екран на допир
 - блокада на диференцијал XDS
 - хромирани додатоци во внатрешноста
 - наслон за рака на предните седишта
 - систем за препознавање замор кај возачот
 - осветлување кај пределот на нозете
 - дифузори за воздух за задните седишта

Цената на 1.4TSi 122hp е 19.590ЕУ  со ова ниво на опременост. Понудената цена беше далеку под официјалната.
Истиот пакет кај претходниот модел беше 1.000 евра подоле, што е логично со оглед на годините кои беше присутен на пазарот. Од друга страна веројатно и дополнителната опрема што ја има овој Style веројатно си допринесува за цената.
Доплата за ЛЕД светла е 1400ЕУ, за 17-ки бандажи 450ЕУ (50 помалку него кај претходникот).

За истата цена, разлика од 20ЕУ, се добива 1.6TDi 105hp, за оние кои љубат дизел  :P
2.0 TDi 150hp мислам дека беше околу 22.000 редовна цена.

Што се однесува до моторите и таму има измени, ама тоа ќе треба дополнително да се заинтересирам. Конструкцијата на TSi моторите е изменета, сега турбото е позади, не на предната страна на моторот.

Остана договор во Сабота, ако најдам време, да одам да го пробам тестниот модел, 2.0 TDi 150hp (незнам дали имаат TSi за тест, тој ми го понудија), а проценител да види колку би ја ценеле мојата кола и што преостанува да се доплати за одреден модел. Што не мора да знчи ништо, туку само дека ќе одам на тест возење  ::)

Фала за вниманието  :)

Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1213
Одг: New Seat Leon Mk3
« Одговори #207 на: 20 Март 2013, 16:20:55 pm »
Ненормални цени, колку сака нека е нов сеат леон е.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: New Seat Leon Mk3
« Одговори #208 на: 20 Март 2013, 16:23:53 pm »
Да не праша за 1.4 тси 140кс со гасење цилиндри? Тој треба да го замени 122кс.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10948
  • 430i
Одг: New Seat Leon Mk3
« Одговори #209 на: 20 Март 2013, 16:34:29 pm »
Не сум сигурен, ама мислам дека беше околу 21.000, сосе Start&Stop систем.

Помалку бил, еве го официјалниот ценовник
http://seat.com.mk/content/pdf/Cenovnik%20Leon%20MY'13.pdf