Автор Тема: New Seat Leon Mk3  (Прочитано 56173 пати)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: New Seat Leon Mk3
« Одговори #225 на: 05 Април 2013, 09:36:29 am »
Денес го видов леонов одблиску во Кадис и можам да кажам дека е многу поубав од колку на слика. Ми се допадна тоа што имаше тој модел што го гледав вуферче сместено во резервно тркало.

This! Жива истина! И мене на слики не ми беше ништо посебно, ама кога видов еден црвен, па уште и FR... Е богами врат ме заболе од вртење :)

Ја лично не би „мењал“ резервно тркало за вуфер. Ако не дај Боже се деси нешто, нема да можеш вуферот да го искористиш за да стигнеш до најблискиот вулканизер ;)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Sashe90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 718
Одг: New Seat Leon Mk3
« Одговори #226 на: 05 Април 2013, 12:52:25 pm »
Интересно е што има и резервно тркало и вуфер нешто слично на ова

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: New Seat Leon Mk3
« Одговори #227 на: 05 Април 2013, 12:54:54 pm »
Е тоа е више кул :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: New Seat Leon Mk3
« Одговори #228 на: 05 Април 2013, 14:53:14 pm »
UUUUU Jaka ideja !

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Re: New Seat Leon Mk3
« Одговори #229 на: 05 Април 2013, 15:52:09 pm »
Мазда 6 го има тоа веќе 10 години. И доста добро звучи иако е минијатурен

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: New Seat Leon Mk3
« Одговори #230 на: 05 Април 2013, 15:56:05 pm »
Пионир нудеше вакво пред една декада.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: New Seat Leon Mk3
« Одговори #231 на: 20 Април 2013, 14:18:20 pm »
Денес во салон го разгледав малку подетално новиот Леон (колку што имав време) па ќе пренесам лични согледувања и разлики во однос на претходниот модел.

Во живо изгледа прекрасно, дури и со 16-ки бандажи. Мислам дека има за нијанса поголем wheel gap, а може и треба да се рагазат малку изложените модели.
Имаше изложено модели со Reference и Style опрема, немаше топ модел со некои бандажетини и слични куродрвки.
1.2 TSi  и 1.6TDi мада тоа и не е така битно во салон.

Отвараш и седнуваш. (Шарките на вратите и тука се како на Голф 7, односно не се зглобни како на претходниот модел). Вратата се затвора цврсто со длабок звук.
Ќе споредам Style ниво на опрема, пошто и мојот е Style (мада демо возилата им се со некои помешани работи, тоа го нагласи и продавачот, на пр. изложениот модел немаше паркинг сензори, а тие следуваат во Style).

Внатре чувството е 2 класи над минатиот модел на Леон. Внатрешниста е пресликана од Ауди, што можеби значи дека му фали карактер и личен печат, но изгледа доста добро и ергономијата е решена одлично. Нема 100 копчиња, само она што е најпотребно и нормално медиа пакет со екран на допир. Пластиката на шалт таблата, конзолата, кај вратите е на друго ниво и е стварно одлично изработено. Пластиката помеѓу седиштата е речиси иста како кај минатиот модел.

Кожата на воланот не ми се допадна. ОК е, ноо мислам дека на стариот модел изгледа подобро и е за нијанса поквалитетна.
Пониклуваните додатоци во внатрешноста (не сум мераклија на такви шљокици) во овој модел живот значат. Рамките околу отворите за вентилација се едноставно направени за да бидат пониклувани. Зошто мислам така? Затоа што во Reference нивото на опрема не следуваат и изгледа многу по безлично внатре.

Седиштата се одлични, текстилот со висок квалитет, би рекол на исто ниво како претходниот модел.
Менувачот е тој, истиот, бар колку што го размрдав во место.

Идеме позади.
Отворот на задната врата има поправилна форма и е поголем од претходниот модел. Читај: овојпат повеќе мислеле на фамилијарни луѓе што е и нормално бидејќи претходно истите си ја имаа Алтеа  :-\
Позади има мнооогу повеќе место од минатиоот модел. Значително. Јас го наместив напред седиштето како мене ми одговара, а позади имаше доволно место и над глава и кај колената. Нагибот на задното седиште сега е покомфорен за разлика од претходниот модел. Едноставно седењето позади е одлично.

Гепекот е голем (+40Л од претходникот) и е со правилна форма.

Што има новиот модел со опрема Style, што ја немаше претходникот:
 - воздушно перниче за колена на возачот
 - медиа пакет со екран на допир
 - блокада на диференцијал XDS
 - хромирани додатоци во внатрешноста
 - наслон за рака на предните седишта
 - систем за препознавање замор кај возачот
 - осветлување кај пределот на нозете
 - дифузори за воздух за задните седишта

Цената на 1.4TSi 122hp е 19.590ЕУ  со ова ниво на опременост. Понудената цена беше далеку под официјалната.
Истиот пакет кај претходниот модел беше 1.000 евра подоле, што е логично со оглед на годините кои беше присутен на пазарот. Од друга страна веројатно и дополнителната опрема што ја има овој Style веројатно си допринесува за цената.
Доплата за ЛЕД светла е 1400ЕУ, за 17-ки бандажи 450ЕУ (50 помалку него кај претходникот).

За истата цена, разлика од 20ЕУ, се добива 1.6TDi 105hp, за оние кои љубат дизел  :P
2.0 TDi 150hp мислам дека беше околу 22.000 редовна цена.

Што се однесува до моторите и таму има измени, ама тоа ќе треба дополнително да се заинтересирам. Конструкцијата на TSi моторите е изменета, сега турбото е позади, не на предната страна на моторот.

Остана договор во Сабота, ако најдам време, да одам да го пробам тестниот модел, 2.0 TDi 150hp (незнам дали имаат TSi за тест, тој ми го понудија), а проценител да види колку би ја ценеле мојата кола и што преостанува да се доплати за одреден модел. Што не мора да знчи ништо, туку само дека ќе одам на тест возење  ::)

Фала за вниманието  :)

Ај да го завршам тоа што го почнав. Намерно го цитирав претходниот пост за двата дела да бидат на едно место :)

Пред некоја недела бев да го тестирам новиот Леон. За моја несреќа, тестниот модел беше 2.0 TDI 150hp (јас имав желба да го пробам TSI 140hp), но си реков што е тука е, можеби ќе се предомислам во моето мислење за дизел во хечбек  ::) А од друга страна првиот Леон што го имав беше дизељ па оттука видов и можност да го споредам со него. Тоа би му дошло како споредба на Леон mk1 vs mk2 vs mk3 или дизел vs бензин vs dizel.

Ајт со ред.
Отидов во закажаниот термин и ме пречека колега Катанга инаку член на форумов. Проќаскавме на почеток околу возилото, за опременоста, за изведбата али не би навлагал сега во тоа пошто веќе претходно ги објаснив работите.
Повели клучевите, намести седиштето и идеме.
Стартувам моторот и нормално како поборник на бензинска изведба направив кисела фаца. Катанга ме гледа и ми вели:
- Не ти прави мерак а? Ај нека се загрее.
- Ајде велам.

Не навлагам во детали, дизел ко дизел, иако е нова машина јасно ко ден е при стартување со што си имаш работа. Споредбено со мојот бензинец, даааалеку полошо, споредбено со првиот Леон, дааалеку подобро (сепак се над 10 години разлика).

Тргнавме лека полека, да се заграа машината. Додека се заграва машинава да објаснам неколку детали што не се поврзани со истата.

Леонот вози многу помеко од mk2 и mk1. Моделот беше опремен со 16-ки алу бандажи. Ако ова чувство на удобност и воедно сугурност го дава MQB платформата, тогаш на истата и претстои светла иднина. Едноставно, возењето во новиот Леон е удобно, меко, дупките и нерамнините (кои на тест возењето ги имаше во изобилство) ги впива меко, без некоја посебна драма. Посебен добар впечаток ми остави преминувањето преку мостови (оној спој на асфалт од автопат со асфалт на мостот), каде само се осеќа дека си преминал преку нешто. За разлика кај мк2 каде секој таков премин мава директно во бубрег. И не е заради 17-ките кои ги возам, бидејќи и со зимските 15-ки го има истиот филинг за нијанса помеко. Илустративно: кај мојот, мк2 преминот преку дупки и премини на мост е ко да те потчукнал некој со стап по грб; со зимски гуми е како да те потчукнал некој со стап преку блузон; кај новиот Леон е како да те потчукнал преку перница.

И кога пробав да го изнервирам, со нагло вртење, немаше никаква драма, никакво предупредување, едноставно само промена на насока како по шини. Повратната информација од патот е тука, и во секој момент знаеш што се случува со предните тркала.

Ќе повторам, секоја чест за новата платформа и сетингот на подвозјето. Едноставно треба било кој што сака да го проба стариот, па новиот Леон и да воочи за колкава разлика се работи во поглед на удобноста. А и разбирливо е со оглед на тоа што претходниот Леон имаше друга целна група, а за фамилијарните се нудеше Алтеа. Сега нема Алтеа и овој модел мора да и покрај спортската нота да овозможи и удобно патување.

Се загреа моторот.

Одма да напоменам дека тестниот модел (мислам дека кај сите е стандард) имаше старт/стоп опција. По одвратно нешто јас досега не сум искусил. Јас разбирам и екологија и штедење, ама јас со задоволство ќе го потрошам тие 0,5л на 100 само да ја исклучам таа опција (се исклучува на копче). Значи застануваш, исфрлаш од брзина и колата се гаси. При притискање на куплунгот, моторот вергла и се пали. И тоа кај дизел. И тоа требаше да го трпам на секое застанување на семафор. Верглај, па грррруу. Тоа со дизел не иде. Ако си земал дизел значи веќе си одлучил дека ќе штедиш низ потрошувачка и пониска цена на дизел горивото. Не ти треба уште една тортура. Со задоволство би пробал старт/стоп систем кај бензински мотор за да може да споредам, ама не верувам дека и таму ќе ме бендиса.

Леончево има 320NM при 1750врт/мин на хартија, а тоа се покажа и во реалност. Малку повисоко е поставен максималниот вртежен момент за мој вкус, ама тоа е субјективно. Му треба време да дојде до таа граница и после го расфрла сиот тој раскош од торкови, но некако кратко до кај ца.3000врт/мин. Тегне и после, ама го губи здивот и јасно ти кажува дај друга брзина. Споредбено со 1.9TDi 110hp, тука го нема она вратоломие, нема нема ништо па од еднаш да повлече. Тука е сето тоа поизгладено и помеко, како и што доликува на современ дизел од 21-ви век.

Моторот при одржување брзина е тивок. Навистина. Но не би рекол дека е потивок од мојот бензинец. И кај двата модела буката ја прават тркалата и ветерот, за бука од мотор не станува збор. Со тоа што кај новиот Леон надворешната бучава е подобро изолирана. При забрзување сепак го има тој специфичен длабок, брундав звук и специфичото осеќање на тресење на педалот за гас. Не е тоа тресење нога да ти падне, минимално е, ама кај бензинчето го нема. И сепак не би го споредил звукот со бензинчето. Не му доликува. Башка, кај бензинчето некој посебен мерак прави кога ќе заврти до кај 6000 и тоа со леснотија (а докај 4500 влече паксимално). Еластичноста е на страната на дизелот. За на автопат е мерак, стискаш гас и иде. Но, на обичен магистрален пат, сепак ако сакаш повлекување како што треба, треба да смениш еден степен надоле (нормално ако си крузинг мод, не ако си над 2000). Како и кај бензинчето. Посебен мерак, тоа мора да го истакнам е 6-тата брзина кај дизелчево. 170 на автопат при 2700врт/мин. И после ќе троши 5, епа ќе троши.

Резиме:

- Не ти прави мерак а? - Катанга.
- Штознам, јас сепак би идел на TSI, ништо до сега не ме убеди да одам на дизелов освен потрошувачката. - јас.
- Апсолутно те разбирам - Катанга.

Значи кога денес би одбирал кола, сеуште би го одбрал мојот TSI пред дизелов што го возев. Секако уште позацементирано ми е мислењето што во понуда го има и TSI 140hp, кој чини повеќе од 2000ЕУР помалку. Потрошувачката не би требало даму биде од онаа која ја возам изминативе 3 години со мојот Леон. Едноставно, чувството, задоволството, насмевката која ми ја пружа бензинската изведба се преголеми за треба да проголтам 2000еур поголем издаток од старт и да се радувам што во град ќе ми троши литар 2 помалку. Сепак колата си ја зимам за мене и мое задоволство :)

Илустративно во поглед на перформансите:



Не гледам дека некаде дизелот е посупериорен, осврн во потрошувачката. I can live with that :)

П.С. Катанга ми понуди нешто друго знаејќи ги моите потреби, Ексео караван налицкано во топ опрема 2.0tdi за одлична цена. Тоа е веќе друга категорија. Тука моторот е таму некаде напред... Ама за тоа ако го итересира некој ;)

Отсутен Azriel

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 695
Одг: New Seat Leon Mk3
« Одговори #232 на: 20 Април 2013, 15:28:25 pm »
Марјан алал да ти е за постов т.е. за ривјуто! Секоја чест.

Seat Leon 1.4 TSI

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: New Seat Leon Mk3
« Одговори #233 на: 20 Април 2013, 16:02:27 pm »
Многу си го зачинил со сопствени убедувања, некој ќе си помисли дека моторот не е совршен.

А со 1.4 тди 140 со стартстоп и со гасење цилиндри, потрошњата треба да е минимално различна.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: New Seat Leon Mk3
« Одговори #234 на: 20 Април 2013, 17:49:13 pm »
Искрено, јас неможам сеуште да се навикнам на дизел и кога го возев новиот леон со истово моторче не ми напраи мерак. Али затоа кога ме провозе Зеро пред некој ден беше сосема спротивно. Така да многу е битно на што си навикнат, али сепак, новиот леон со тоа моторче е перфектна комбинација. Е сега, сметам дека ако влезам во TSI 140 ќе ми прави повеќе мерак бидејќи сум навикнат на бензинец.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: New Seat Leon Mk3
« Одговори #235 на: 20 Април 2013, 18:59:21 pm »
барем за мене,нема везе,сеедно ми е дали е бензин или дизел за да го извозам :D
само што бензинчето прави повеќе мерак :)

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43709
  • Il Moderatore
Одг: New Seat Leon Mk3
« Одговори #236 на: 20 Април 2013, 23:06:05 pm »
Многу си го зачинил со сопствени убедувања, некој ќе си помисли дека моторот не е совршен.


Дали случајно е бензинец? Дали случајно е (барем) V6? Дали случајно има 250кс да ги поддржат тие 350Nm?

И јас помислувам дека не е совршен.. ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: New Seat Leon Mk3
« Одговори #237 на: 21 Април 2013, 01:37:53 am »
Моториште.

П.С. Не реков дали е подобар ТСи то со гасење цилиндри и стартстоп. Дури посочив дека е блиску со потрошња! А дека моторов е совршен - совршен е. Барем за таа кола. ТСи може да е боље не викам не.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: New Seat Leon Mk3
« Одговори #238 на: 22 Април 2013, 10:45:43 am »
Многу си го зачинил со сопствени убедувања, некој ќе си помисли дека моторот не е совршен.

А со 1.4 тди 140 со стартстоп и со гасење цилиндри, потрошњата треба да е минимално различна.

Тоа ми беше целта, да пренесам јас како сум го доживеал и да направам компарација со оглед на тоа дека сум ги поседувал/поседувам претходните модели. Нормален ривју очекувам од администрација.
Моторот е совршен во дизел светот. За мене ТСИ е посовршен избор ;)
Инаку колата како пакет, за мене, е совршена :).

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: New Seat Leon Mk3
« Одговори #239 на: 22 Април 2013, 10:52:09 am »
Се сложувам. Колата би ја купил.