Автор Тема: De-Cat отсранување на катализатор добро или лошо ???  (Прочитано 14737 пати)

Отсутен Vladeee

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: De-Cat отсранување на катализатор добро или лошо ???
« Одговори #15 на: 03 Август 2011, 18:35:28 pm »
И наброиси уште 150 евра за катализатор,кога веќе толку го сакаш  :D

Нејќум ако е толку скап :) А ти Јове спремај евреи, ти стига конусен филтер за воздух :))))
>>>>><<<<<

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: De-Cat отсранување на катализатор добро или лошо ???
« Одговори #16 на: 10 Август 2011, 17:37:07 pm »
 Со 150Е тешко дека ќе помниш.... вози си ја колата и ич да не се секираш за катализаторот...тој и онака е потрошен материјал...добро ти напиша мечето 80-100Ккм... а ако си ја купил половна само оној горе знае колку км има поминато :)
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: De-Cat отсранување на катализатор добро или лошо ???
« Одговори #17 на: 07 Јули 2016, 15:44:04 pm »
Да активирам една стара, стара тема, бидејќи потребни ми се искуства.

Под колата се јавуваше некој звук кој многу наликуваше на скршена потисна плоча, баш и од тој реон се слушаше. Искочи воопшто да не е потисната, нити било кој дел од менувачот, туку бидејќи колата ми е 5 сантиметри пониска од фабричка висина, катализаторот се тепа од тротоари и содржината внатре се скршила, поради која се јавува звук на тракотење, као лагер во тенџере ;D

Дилемата, која би сакал да ми помогнете да ја решам е следнава:

- Дали да купам половен катализатор, за кој треба да се дадат којзнае колку пари; или
- Бидејќи колата и онака се ближи на крајот на својот животен век (максимум 2 години, и ќе се пензионира), дали да се исече и испразни катализаторот од скршените парчиња, и повторно да се монтира?

- Бонус: дали целосно да го испразнам катализаторот и лончето да го монтирам на кола со надеж дека ќе служи како резонатор и нема да го промени звукот на колата на погласно?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: De-Cat отсранување на катализатор добро или лошо ???
« Одговори #18 на: 07 Јули 2016, 15:49:09 pm »
Извади го стариот катализатор и замени го со цевка цевка со ист пречник како и останатата цевка од издувот. Инаку не се раздтробил од удирање во земја, туку од топлински процеси и дотрајаност.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: De-Cat отсранување на катализатор добро или лошо ???
« Одговори #19 на: 07 Јули 2016, 15:49:34 pm »
Да го извадиш и да ставиш цевка со соодветен дијаметар на остатокот од издувот.
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: De-Cat отсранување на катализатор добро или лошо ???
« Одговори #20 на: 07 Јули 2016, 16:06:32 pm »
Колата беше неподносливо гласна кога имаше цевка наместо катализатор, затоа гледам да го одбегнам тоа.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: De-Cat отсранување на катализатор добро или лошо ???
« Одговори #21 на: 07 Јули 2016, 16:08:16 pm »
Ако имаш исправен среден и заден лонец - не би требало да биде неподносливо гласна.
Ако се плашиш од тоа, замени го со некое средно лонче од друго ауто погодно по димензии.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: De-Cat отсранување на катализатор добро или лошо ???
« Одговори #22 на: 08 Јули 2016, 22:58:47 pm »
Да активирам една стара, стара тема, бидејќи потребни ми се искуства.

Под колата се јавуваше некој звук кој многу наликуваше на скршена потисна плоча, баш и од тој реон се слушаше. Искочи воопшто да не е потисната, нити било кој дел од менувачот, туку бидејќи колата ми е 5 сантиметри пониска од фабричка висина, катализаторот се тепа од тротоари и содржината внатре се скршила, поради која се јавува звук на тракотење, као лагер во тенџере ;D

Дилемата, која би сакал да ми помогнете да ја решам е следнава:

- Дали да купам половен катализатор, за кој треба да се дадат којзнае колку пари; или
- Бидејќи колата и онака се ближи на крајот на својот животен век (максимум 2 години, и ќе се пензионира), дали да се исече и испразни катализаторот од скршените парчиња, и повторно да се монтира?

- Бонус: дали целосно да го испразнам катализаторот и лончето да го монтирам на кола со надеж дека ќе служи како резонатор и нема да го промени звукот на колата на погласно?

мојот совет по ова прашање е да набавиш среден лонец од нешто што ке пасува и да го туриш место катализаторот.. не цевка. меѓу другото, катализаторот има и одредена компресиона улога во издувните гасови. правење проточен ауспух, наместо катлизатор (т.е. турање цевка место него) прво ке ја дигне потрошњата па понекогаш и за 20%, но нај често меѓу 10 и 12% е тоа, а како бонус ти е галамата и бучноста... значи среден лонец од било што, што одговара на фи-то од цевките и си го решил проблемот на подолги стази, бидејки ем ке ја стишаш колата како што и треба да биде, ем ке го имаш компресиониот дел на уздувните гасови, ем потрошњата ке ти остане нормална, само нема да бидеш со тој еуро норматив, за кој е пропишана колата, т.е. ке бидеш поголем загадувач, што и не е баш ништо ново кај нас... меѓу другото, ставањето цевка наместо катализатор или празнењето на катализаторот целосно (исти К у два примрка е иедното и другото) незнам и не сум сигурен како ке се рефлектира на издувните вентили. бидејки незнам за што кола се работи, нема да тврдам дали да или не, но постои голема веројатност за побрзо наштафкување и изгорување на издувните вентили, кога имаат чист проток, без катализаторот...

ако ти значи (а знам дека ТЕБЕ баш и не ти значи мој совет од искуство) оваа процедура со среден лонец од погоре, во пракса јас лично го имам направено 10-тина пати... ако се одлучиш, или барај половен или супер ефтин во ауто лидер бидејки рече максимум 2 години и во пензија колата иде... нов лонец среден се движи меѓу 2 и 3 илјади денари...

« Последно менување: 08 Јули 2016, 23:04:33 pm onak »
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Одг: De-Cat отсранување на катализатор добро или лошо ???
« Одговори #23 на: 09 Јули 2016, 11:24:18 am »
Не ми се верува, вчера ја читам темава, денеска на мајстор истиов проблем и јас на Мерцедесот w202 CDI, катализаторот внатре лом.

Вреди да се бара нов, или да се исчисти и да тера така?

Предности/недостатоци има на ова?

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: De-Cat отсранување на катализатор добро или лошо ???
« Одговори #24 на: 09 Јули 2016, 12:01:32 pm »
ете ти погоре совет како да го решиш нај безболно и нај НЕПРИМЕТЛИВО ако веќе мора да се вади катализаторот..

фабриките си пропишале на колку време се мења катализатор. тоа што ние сме сиромашна нација и тоа ни е прескапо за наши услови е друга рабаота... очекуваме (и јас исто иако сум свесен дека нема шанси) еден катализатор да трае колку и целиот издувен систем. е па не е баш така... затоа пак ги возиме до крај. ама баш до крај...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Bumb

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1196
De-Cat отсранување на катализатор добро или лошо 😧
« Одговори #25 на: 24 Јануари 2018, 09:51:19 am »
Јас сакам да го вадам катализаторот, веќе подолго време се мислев за овој зафат, сеа конечно дојде на ред, пошто коа лупам по него тропа бајаги нешто како да е распаднато а и имам чуство дека ми се гуши колата некад а најверојатно е од него

Препорачајте негде кај може да се извади и стави цевка и колку чини овој зафат отприлика?


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: De-Cat отсранување на катализатор добро или лошо ???
« Одговори #26 на: 24 Јануари 2018, 10:07:16 am »
На последниот технички во амсм кај католичка, вработените спомнале као на полицајците ќе им се дадат апаратчиња за мерење издувни гасови. Колку е точно, не знам.

Sent from my MI 6 using Tapatalk


Отсутен Bumb

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1196
Одг: De-Cat отсранување на катализатор добро или лошо ???
« Одговори #27 на: 24 Јануари 2018, 10:09:10 am »
На плин сум ја неам гајле :)


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: De-Cat отсранување на катализатор добро или лошо ???
« Одговори #28 на: 24 Јануари 2018, 10:47:33 am »
Препорачајте негде кај може да се извади и стави цевка и колку чини овој зафат отприлика?


Sent from my iPhone using Tapatalk

Остави ја две-три вечери на паркинг во ново лисиче / аеродром ;D https://www.facebook.com/groups/437002943097808/permalink/1219971441467617/

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Bumb

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1196
Одг: De-Cat отсранување на катализатор добро или лошо ???
« Одговори #29 на: 24 Јануари 2018, 10:48:42 am »
Препорачајте негде кај може да се извади и стави цевка и колку чини овој зафат отприлика?


Sent from my iPhone using Tapatalk

Остави ја две-три вечери на паркинг во ново лисиче / аеродром ;D https://www.facebook.com/groups/437002943097808/permalink/1219971441467617/


Ќути баш сеа тоа гледав :)