Автор Тема: проблем на Fiesta 1.4 Tdi  (Прочитано 1228 пати)

Отсутен Laki_sk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
проблем на Fiesta 1.4 Tdi
« на: 06 Февруари 2018, 23:53:21 pm »
Здраво,

Имам Ford Fiesta 1.4 TDi од 2004та. редовно сервисирана и одржувана, но последнава година почна да се појавува проблем за кој во МиДа немаат одговор. Таму јa однесов на сервис, да ја проверат на компјутер дијагностика, но ми рекоа дека нема ништо. но проблемот сеуште се појавува и постои.

Имено, при возење, во неповрзани случаи, шалт таблата почнува да трепка, да се пали и гаси позадинското светло а на местото на саатот и километражата пишува EAC FAIL. После определено време, во тек на возењето престанува трепкањето и престанува да се покажува грешката.

Дали некој има искуство со ваков проблем, и ако имате некоја препорака за добар мајстор за Форд.

ви благодарам.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17389
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: проблем на Fiesta 1.4 Tdi
« Одговори #1 на: 07 Февруари 2018, 00:06:33 am »
Мој прв совет е да ја однесеш колата на добар електричар, да ги пронајде сите точки на заземјување (маса), да ги исчисти и да ги претегне шрафовите со кои масата е врзана за шасија.

Во врска со EAC кодот кој ти го јавува, најдов еден линк кој можда ја објаснува грешката.
https://www.justanswer.com/uk-ford/4ujrq-wonder-offer-us-assistance.html

На кратко, вика дека електронската педала за гас има 3 потенциометри внатре, и можно е еден од нив да губи контакт и да ја дава грешката.

Како и да е, ваквите проблеми се решаваат по метод на елиминација. Почни од најефтиното решение, тоа ти е да го провериш/средиш заземјувањето. Трепкањето на шалтаблата може да е од тоа, а може да е и поради дефект на самата шалтабла.
Ако не се реши така, продолжуваш на следно можно решение (проверка на педалата), и така натаму. :)