1. Возилото е прегласно над 120кмч. Се очекува многу поголема тишина во вакво возило. И секако 0.27 драг коефициент не е баш низок за 2014та година, кога конкуренцијата се симнала на 0.24, па и 0.23.
2. Нема PlugIn полнач, за да си ги полнам батериите приквечер во гаража за секое сабајле да си одам на работа на струја. Или пак да се вратам дома на туѓа струја.
3. Преудобни седишта. Многу ниско поставени и налегнати како во времето кога се гледаше на човек да му е удобно. Не само седиштата, туку нивната поставеност е добра. Ниско се до земја како што треба. Многу убаво и конфорно чувство кое во денешницата ретко се нуди. Секоја чест за овој момент.
4. Бандажите ја имаат совршената боја на бандаж. Многу убава пластика во внатрешноста со боја на месинг. Фантастична боја исто како и бојата на бандажите.
5. Возилото треба да се доживее, зошто е многу поразлично од она што се мисли на прв поглед. Не е толку насочено накај спортот, туку накај интересно и занимливо патување.
6. Не троши малку гориво. Особено не на отворено. А и точка 2 не го вади во град дополнително.
7. Го нема Б модот на работа од Приус кој нуди возење со една нога. Но, кочниците се регенеративни па некако се компензира.
8. Лоши LED светла кои светеа прениско, но и да се покачат пак светат со половина лумени од просечната HID сијаличка. (според наодите од интернетов халогените 55W сијалици нудат околу 1600 лумени, просечните 35W ксенон сијалици нудат 3200 лумени, 55W нудат 5300 лумени, додека моменталната LED технологија само 2500 лумени, што донекаде може да ја долови реалната слика за фаровите.)
9. Покрај разните дисплеи, не покажува моментална потрошувачка со бројка. Сигурно е тешко да се издвои бројка со сите системи, но немало ништо да ги кошта ако ставеле и бројче. Убаво е да видиш дека до работа си стигнал со 0.0л/100км односно дека на автопат при 140кмч троши толку-и-толку.
10. Барем до 70кмч да дозволеле употреба на EV модот како кај Туарег, ќе можело да се вози на струја низ град додека се полни батериите. Со 50, малку се намалува употребата. Сеуште EV нуди прекрасно чувство на тишина и раат при помали брзини како што се движење низ локалната уличка без да примети никој, односно долги трткања на паркинг во мир и спокојство.