Автор Тема: CARclub Тест: Lexus IS300h F-SPORT  (Прочитано 7274 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
CARclub Тест: Lexus IS300h F-SPORT
« на: 12 Февруари 2014, 12:53:51 pm »

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: CARclub Тест: Lexus IS300h F-SPORT
« Одговори #1 на: 12 Февруари 2014, 15:31:17 pm »
Ептен фраерско ауто, вистински Мегатрон Трансформер! Тоа електричниот мод е прекрасно нешто, али CVT-то е катастрофа.

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Одг: CARclub Тест: Lexus IS300h F-SPORT
« Одговори #2 на: 12 Февруари 2014, 15:55:34 pm »
Ентериерот е лудило, ама па за 50к треба и да биде :)
New blood of old school

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43707
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Тест: Lexus IS300h F-SPORT
« Одговори #3 на: 12 Февруари 2014, 16:18:12 pm »
Па да речеме дека во Мерцедес Ц класа за 50к не добиваш ни пола од тоа лудило во ентериер.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
Одг: CARclub Тест: Lexus IS300h F-SPORT
« Одговори #4 на: 12 Февруари 2014, 16:49:25 pm »
Прекраснотиииии !  :-*

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Lexus IS300h F-SPORT
« Одговори #5 на: 12 Февруари 2014, 16:50:54 pm »
1. Возилото е прегласно над 120кмч. Се очекува многу поголема тишина во вакво возило. И секако 0.27 драг коефициент не е баш низок за 2014та година, кога конкуренцијата се симнала на 0.24, па и 0.23.
2. Нема PlugIn полнач, за да си ги полнам батериите приквечер во гаража за секое сабајле да си одам на работа на струја. Или пак да се вратам дома на туѓа струја.
3. Преудобни седишта. Многу ниско поставени и налегнати како во времето кога се гледаше на човек да му е удобно. Не само седиштата, туку нивната поставеност е добра. Ниско се до земја како што треба. Многу убаво и конфорно чувство кое во денешницата ретко се нуди. Секоја чест за овој момент.
4. Бандажите ја имаат совршената боја на бандаж. Многу убава пластика во внатрешноста со боја на месинг. Фантастична боја исто како и бојата на бандажите.
5. Возилото треба да се доживее, зошто е многу поразлично од она што се мисли на прв поглед. Не е толку насочено накај спортот, туку накај интересно и занимливо патување.

6. Не троши малку гориво. Особено не на отворено. А и точка 2 не го вади во град дополнително.
7. Го нема Б модот на работа од Приус кој нуди возење со една нога. Но, кочниците се регенеративни па некако се компензира.
8. Лоши LED светла кои светеа прениско, но и да се покачат пак светат со половина лумени од просечната HID сијаличка. (според наодите од интернетов халогените 55W сијалици нудат околу 1600 лумени, просечните 35W ксенон сијалици нудат 3200 лумени, 55W нудат 5300 лумени, додека моменталната LED технологија само 2500 лумени, што донекаде може да ја долови реалната слика за фаровите.)
9. Покрај разните дисплеи, не покажува моментална потрошувачка со бројка. Сигурно е тешко да се издвои бројка со сите системи, но немало ништо да ги кошта ако ставеле и бројче. Убаво е да видиш дека до работа си стигнал со 0.0л/100км односно дека на автопат при 140кмч троши толку-и-толку.
10. Барем до 70кмч да дозволеле употреба на EV модот како кај Туарег, ќе можело да се вози на струја низ град додека се полни батериите. Со 50, малку се намалува употребата. Сеуште EV нуди прекрасно чувство на тишина и раат при помали брзини како што се движење низ локалната уличка без да примети никој, односно долги трткања на паркинг во мир и спокојство.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43707
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Тест: Lexus IS300h F-SPORT
« Одговори #6 на: 12 Февруари 2014, 17:40:29 pm »
1. Мислам дека треба да земете некое апликацииче за мерење на буката во кабина. Чисто за спореба, не како апсолутно прецизна вредност. Ставаш мобилниот на задно седиште (или предно, сеедно), и мериш.  Можеби чуствто на бучност кај овие коли кои се виртуелно бесшумни на 50км/ч е субјективно над 120км/ч, можеби е само пребучно во однос на 50км/ч...
2. Нема доплата за овој елемент??
6. Сепак е моќно возило способно да се движи релативно удобно и комфорно.
10. Стварно, барем до 70... Ама изгледа ќе немет батерии за до толку (ќе биде дупло помала автономијата само на батерии).


BTW, прашавте дали легнуе плинче у ова? ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Lexus IS300h F-SPORT
« Одговори #7 на: 12 Февруари 2014, 17:46:48 pm »
6. Сепак е моќно возило способно да се движи релативно удобно и комфорно.
Со перформанси блиски на 1.8 тси 160кс. Односно 2.0 ТДи 170кс. Прошло покрај 220кс.

П.С: На местото од резервна гума/ плинска боца се батериите. Нема место таму. Затоа и толку убаво и ниско се седи - како што треба.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Lexus IS300h F-SPORT
« Одговори #8 на: 12 Февруари 2014, 17:48:19 pm »
Тоа е предвидено однапред дека ќе му цркнат батериите за кратко време и дека ретко кој ќе сака да ги смени. Сигурно цената им е астрономско-дегенска, ама јебига. Пионери во технологијата.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43707
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Тест: Lexus IS300h F-SPORT
« Одговори #9 на: 12 Февруари 2014, 17:52:08 pm »
6. Сепак е моќно возило способно да се движи релативно удобно и комфорно.
Со перформанси блиски на 1.8 тси 160кс. Односно 2.0 ТДи 170кс. Прошло покрај 220кс.

П.С: На местото од резервна гума/ плинска боца се батериите. Нема место таму. Затоа и толку убаво и ниско се седи - како што треба.

Перформансите на моторите се очигледно предимствено оптимизирани за вториот дел од мојата реченица, а не за спринт и максимални брзини. (Ах, тоа ЦВТ, кај го убација, кај се прелажаа)

Што се однесува до ЛПГ, нема да пречи и цилиндрична боца, и онака не се преклопуваат задните седишта, па да добиеш товарен тунел, така да една 50-60 литарска боца, убаво ќе улегне во гепекот. Само да нема гајле моторот од конверзија.. :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Lexus IS300h F-SPORT
« Одговори #10 на: 12 Февруари 2014, 17:54:48 pm »
Или да почекаш да се витосаат батериите... (5 години) И да си опнеш LPG место нив.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43707
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Тест: Lexus IS300h F-SPORT
« Одговори #11 на: 12 Февруари 2014, 17:55:56 pm »
Ах, за мене идеалниот хибрид е лпг/ев. Немам намера да тегнам електрични мотори за џабе, ќе си купам бемве 328и за на плин.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Lexus IS300h F-SPORT
« Одговори #12 на: 12 Февруари 2014, 18:02:51 pm »
Може ли некој да ми го објасни следново?

„Ќе го издвојам механизмот за автоматско подигање на поклопецот на моторот при евентуален судир со пешак, благодарение на кој IS300 има одлични резултати кога станува збор за заштита на пешаци.“

Малце е нејасно напишано. Баш ме интересира како функционира ова решение.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43707
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Тест: Lexus IS300h F-SPORT
« Одговори #13 на: 12 Февруари 2014, 18:06:17 pm »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Lexus IS300h F-SPORT
« Одговори #14 на: 12 Февруари 2014, 18:19:50 pm »
Аха.... и како ова ќе помогне освен ако не е флексибилна хаубата па да се витка го гума? Или пак е предвидено да го фрли што повисоко пешакот у воздух?