Увозот е еден од најголемите проблему! Наглото зголемување на автомобили ама и сите станаа возачи.
18 годишни деца со "бесни" коли - е тоа не оди!
А кај нас "пијан" си и после едно скопско, така да тоа е малку релативна ствар дали и колку % од сообраќајките се од пијани возачи. И до вчера исто беше, или наеднаш цела држава пијаници станаа..
мачкање очи од сите страни. Погледнете малце подалеку, околуи себе да видите што всушност се дешава у оваа наша држава (дури ми е срам да ја наречам држава, пошто сме примитивни).
Автопати, патишта немаме никакви..Изиграваме рели возачи избегнувајќи дупки низ нашиот гад Скопје. Тотална нетолеранција владее кај нас, поготово за Скопје. Не дај боже некој некогаш некаде да те пропушти, ма бог да чува! Сите се изреволтирани, се казнува селективно (уствари се се прави селективно) и ни е преку стојко од тоа. Луѓе возат со 200 км/х на главни улици (па и во спротивен правец. се случува еве екоја вечер накај 1-2-3 саат да летаат низ ѓорче како да се на писта) а казнуваат за зборење на телефон додека седиш на семафор или за кучето на велештрумф кое не носело маска, пошто е опасно нели. И како во ова наше општество да бидне нешто? Секој си прави како сака. Ние секојдневно изиграваме рели возачи избегнувајќи дупки и кратери низ Скопје, претседателот троши 5000 евра за вратоврски.
Човечкиот фактор? Неприлагодената брзина кон условите на патот? Секогаш е тоа. 95 % од собраќајките се поради тоа. (според сите извештаи)
А што ние глупи сме? пиеме нафта (додуше затоа постојат турскиве серии, да не отупават уште толку), не глеаме што се дешава, гинат деца, гинат невини, зашто затоа што на некој мајмун му текнало у тој момент нешто?
Доколку на прво место постојат норми за поминување на еден ебан технички, приказната ќе биде друга, а не картинг да им однесеш ќе добие сертификат дека е ок возило. Кој се замара со тоа?Такси возилата, па гледаме во колку сообраќајки секојдневно се инволвирани и таксисти. Па неможе секој да биде таксист. Неможе, Едноставно неможе. Какви коли возат таксистите, со тротинет да се учука пола ќе му се искрши. Мора да има некој правила, прописи, кои ќе се почитуваат, а не само да бидат донесени колку за лепе очи.
Многу е поголем проблет во државата, која не прави апсолутно ништо. Не само да направи асални патишта, туку кога се казнува да се казнува како што треба, да се наметне една сообраќајна култура! А не само да читаме во предизборните кампањи и програми дека нешто ЌЕ се направи. Ама глуп народ...