Сабајле ја видов темава, па малку размислував. Според мене проблемите можеме да ги бараме на следниве места:
1. Масовен увоз и значително (an understatement) зголемување на бројот на возилата. Во Македонија од осамостојувањето до крајот на минатата година се продадени вкупно околу 180.000 нови возила. Од друга страна, од кога се олесни увозот, увезени се околу 150.000 нови возила. Значи, правиме муабет за скоро двојно зголемување на бројката на коли што се тркалаат по нашите улици. Зголемени гужви, зголемена нервоза, итн.
2. Сомнителен квалитет на увезените возила. Да не се лажеме, огромен процент од увезените коли се најефтиниот крш. Без никаква резерва можам да кажам дека огромен број имаат проблеми со кочници или некој друг важен дел. Да не правиме муабет дека огромен дел од нив се тешки, тешки крпеници кои не би издржале посилен судар - а последиците за луѓето во самите возила се повеќе од очигледни.
3. Несоодветна едукација за возење. Нашите инструктори ги учат кандидатите како да положат, не како да возат. Тазе возачите не знаат да се снајдат како што треба на дожд, во услови на намалена тракција, итн. За снег да не правиме муабет.
4. Масовен увоз на возила со кои во Македонија традиционално возачите немаат искуство. Зборам во насока на возила на заден погон. Возилата на заден погон по дифолт си бараат повеќе знаење и искуство. Се испоувезоа BMW 3-ки и Мерцедеси од по 3000-4000 евра кои луѓето едноставно не знаат да ги возат.
5. Неподготвеност за помоќни возила. Ако до пред 5-6 години во Македонија се возеа релативно слабички (особено во споредба со денешните увезени возила) колички со по 60-70-80 коња, денес многу повеке се возат големи, тешки коли со по 150+ коња. Луѓето што до вчера возеле Југо 45 денес возат GOLF IV 1.9 TDI ТРИ ЦРВЕНИ ФУЛЛ ОПРЕМА РИКАРДО СЕДИШТА со 130 коња. Не дека е нешто многу тешко да се вози таков Голф, ама луѓето едноставно не ги знаат и не ги очекуваат разликите.
6. Несоодветно одржување на возилата. Купил BMW за 3000 евра. Му рекле дека треба да даде 500-600 евра за кочници. Како не бе, ќе си стаам ја кинески дискови за 100 евра комплет. За гуми да не праиме муабет.
7. Никакви патишта. Enough said.
8. Според некои информации до кои дојдов, во Македонија има околу 50.000 нерегистрирани возила.
Секако, можеме да зборуваме за „човечки фактор“. Има и тука многу. Да, скоро по дефиниција на ниво на нација сме сељаци и се к*рчиме. Сите сакаме да се пофалиме со колата, да бидеме најбрзи на автопат (освен Филипв Великомаченик Свепозаконски), да се издуваме, итн, итн, итн. Меѓутоа има мноооооогу повеќе причини. Да се обвини само човечкиот фактор е игнорантно, кусогледо и крајно, крајно неодговорно.