да се сврте али ненамерно, така да, класен сори

... велиш дека само човечкиот фактор е главен, а што е со патиштата што се полни со дупки, еве летоска имаше пример на патот трница према дебар, пред жировница имаше излетано ауди а6ка 2005та, човекот немал ни промилче алкохол, излетал од пат, ренде е порамен од тој пат, а да е убав тој асфалт како што е од жеровничкиот мост према скудриње битуше, кај што беше сообраќајката, ќе може тој пат комотно да се вози 80+ км/ч... Да повеќето сообраќајки се од човечки фактор, а дејвокер, и тоа ти држи муабет дека нафурани дечиња(јес да и ја сум дете али сепак само еднаш имам искочено со кола а да пијам и тоа пиев едно пиво) ќе идат у дискотека, ќе земат на чале бе-ем-ве-то или меркот со 3000 кубика, зимно време, мокар асфалт пун гас, задна вуча и ете ти сообраќајка, што И ЗА ТИЕ НЕМАМ ОПРАВДУВАЊЕ.. некој ќе си рече младост лудост али се додека нема жртви, а што коа ќе има жртви, ќе биде кривиот... Незнам кај видов, во врска со сообраќајката кај мавровка, возел некој од хаџибулиќ... Лично да ми бил мене роднина загинатиот, не Хаџибулиќ, мајка Јана нека е ако он е крив, не го изрешетам и напунам со олово... И тука доаѓаме пак на тоа дека младите предизвикуваат сообраќајки, да, но сето тоа произлегува од купени возачки дозволи, дадени 5к европски од страна на мама и чале еден поклон за матура на малиот, неискуство и ред други работи, или па да се напраи к*рнас атанас ќе украде кола од дома(што најчесто е тие што немаат положено(како тие дечурланата од ресен))... Некој ќе си рече ејјј овој сеа положил дига чалам а-у, да според возачка имам година дена положено, но мене татко ми(на времето личен шофер на директорка) ме научил да возам кола уште во 6то одделение(тогаш се губев ставав перници од под гз за да гледам пред мене), ме пуштал да возам сегде, има поверење у мене кога се работи за кола, и никад не ми рекол неможе кола или незнам што, али НИКАД али буквално НИКАД не сум украл кола од дома, увек сум гледал да си ја заработам со перење или некој такви дрангулии... Да, сум возел лудо по Скопје не викам не, али искрено мерцедесот си го иам така перфектно научено и знам кога што и како би можел да ми клизне и такви работи, али увек сум гледал да бидам некако по далеку од Скопје ете го Водно, идам се испукувам пушам една цигара на видиковец и метла назад полека... Некој ако го мрзи да чита што сум пишал, еве у кратки црти на што алудирам, КОЛКУ ПОВЕЌЕ ВЕ НАУЧИЛЕ ВАШИТЕ РОДИТЕЛИ НА МОРАЛ И ЕТИКА, ТОЛКУ ПОВЕЌЕ ЌЕ ЦЕНИТЕ СЕ ОКОЛУ. Неможе некој пилиштар што на лепе очи земал од дома кола и се к*рнази по град, да очекувате да не направи сообраќајка, може нема денес,утре задутре, но некој ден сигурно, и сите кои си мислат дека се најдобри возачи некад ќе згрешат, дури и јас, и сите барем некад во животот имале незгода, дали како возачи или патници што се превезувале. На bikerboyz филмот имаше една убава поговорка: It has 2 tipes of riders, one who were down and who gonna be down