...
Кај бензинец (особено на плин) се осеќа многу кога маслото не си ја врши работата.
Потврдувам, во 6 години 6 различни масла ставав во Алфата кога ја имав, правилото беше што поефтино масло, повеќе се слушаа вентилите на ладен (во еден случај и на топол) старт. Motul 6100 Synergie, најскапото масло од користените немаше никакво тропање на вентили ни на -20. Така ја доби мојата доверба и еве го сега се вози и во Ксарата.
Пред да го ставам ова масло, ставиле Тотал (мислам) во овластен, и колата си заверглуваше малку подолго од што сум навикнат, откако го ставив Мотулот, ем е конзистентна должината на палењето, ем се скрати на „пола клуч“ што би рекле народски.