На vw имам гледано некое апаратче под картер, како функционира?
Патем имам видено отворен мотор после 30.000км... Верувајте никој не ви сакал да го види неговииот мотор таков... кај вентилите т.е. клацкалките трапој имаше, не гребаници, буквално трапови. Беш ти лонг лајф, не е оба rock'n'roll 
Aral 10-40 мислам беше.
1. Зима. Го палиш возилото и на ладен мотор ја цапаш папучата за гас до долу. Не чекаш да загрее. Го гмечиш нон стоп моторот на ладно.
Маслото е ладно, не е "дигнато" горе во мотор, имаш суво триење. Трапои еден куп.
2. Жена. Го вози возилото цело време во втора низ град на 4000 вртежи. Полесно е така, паника од семафор до семафор. Тазе положена, еднаш мења брзина и си вози раат без да шалта.
Маслото ќе се амортизира дупло побргу за 30000 километри, отколку да ги возиш во нормален режим како што возат сите. Трапои еден куп.
3. "Егеец". Го вози возилото во град 50 во шеста брзина. Штеди. Моторот врти со 1000 вртежи, ама затоа 4.0 литри градска.
Маслената пумпа не постигнува работен притисок во целиот опсег на експлоатација, се јавува пак неоптимално подмачкување. Трапои еден куп.
Има уште многу примери. Поентата е дека лонг лајф термините за промена за масло не се криви за струганиците во мотор или картерот ако возачот е цреп.
Затоа ставиле инжењерите сензори за да можат ваквите пациенти да ги предупредат на време и да можат да се заштитат ако некоја тетка со Поло Дизел и 20.000 километри им дојде и им рече, ми чури многу бело низ ауспух. Колата ми е под гаранција направете ја.
Има и друга логика, ама не ми се пишува проза по сабајле. Долга е приказната.
ДИСКЛЕЈМЕР:
Поимите ЕГЕЕЦ и ЖЕНА се земени фигуративно врз основа на шеги и досетки кои се актуелни помеѓу народот, без никаква намера некого да навредам лично или да дискриминирам.