Зошто така?
Јас мислам дека не си во право.
И да дојде во ситуација да не го троши, мое мислење е дека би направило проблем кај лагерите на радилица ако нивната толеранција е нешто поголема. Рецимо кај мене, мојот мотор, толеранцијата на лагерите на радилица е поголема, затоа и доста газди на фелиции и фаворити ставаат 20w-50 масло. Всушност и самото упатство препорачува погусти градации, 15-40, 15-50 и 20-50, а за во ладни клими 10-30. Во него вели, да се запазат спецификациите, но и градациите:
1. API-SF, SG, SH
2. ACEA (CCMC)-G2, G4, G5
3. Vw 501 01
Во однос на првите две, ми вели дека науката може да се развива, па денес поквалитетните масла за бензиски мотори рецимо имаат API-SL спецификација и тоа не е проблем да се става. Битна е да се запази градацијата и да нема отстапки надвор од пропишаните градации. Ако упатството ти вели 15-40 како целогодишно или 20-50 за доста пожешки клими), дали ставање на 5-40 или 0-40 би било паметен избор. Незнам колку е и паметен избор што и ставив 10-40 имајки во предвид дека јас возам фелиција со мотор од фаворит, 135 L, додека во фелиција почнаа да ставаат 136 мотор, со подобри карики, нешто појака компресија.