Возила кои биле кај мене, со мене или најблиска фамилија (татко, мајка брат):
- Lada Samara 1500 купена нова, си трошеше троа, речиси од нова, После ремонт - доста помалку трошеше
- Fiat Punto MK1 75 SX, купено ново, не трошеше (јас ја возев одреден период пред да ја шитнеме).
- Citroen ZX 1.8, втор газда, неувезена од колега земена, не трошеше,
- Stilo 1.4 16v, прв газда, од ново си троши колку што си троши и денес, (воглавно јас и` ги имам поминато километрите)
- Alfa 147 16V jtd, увезенка, не троши,
- Alfa 166 2.0 t.s. втор газда, си трошела од нова колку што трошела (малку се зголеми потрошњата со плинот)
- Alfa 159 tbi, не троши,
- Nisan Note 1.4, не троши,
Ја ни крвнички возам ни ги малтретирам колите, знам понекогаш да стиснам троа до лимитер, ама ете - нема правило. И не се бунам, се` дур моторот работи како што треба. Дека нема да спијам затоа што троши одредено количество, нема да се деси тоа. Не ми е никаков проблем да го проверам уљето еднаш месечно или на два месеци. Кога ја земав 166-ката бев свесен дека многу веројатно ќе налетам на мотор што троши уље, читајќи претходно за CF3 twin spark моторите. И преживеав

И колата си преживеа

Ене уште се вози со истата потрошња без мака.