Автор Тема: Mobil, Total, Elf или какво масло ?  (Прочитано 2195733 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6693
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #11190 на: 14 Ноември 2025, 14:55:56 pm »
Јас имам спротивно искуство.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #11191 на: 14 Ноември 2025, 17:19:41 pm »
Миле, и ти стана ко мајсторите, закоче на 5W-40, и се шо е ново не чини.
Направе ти анализа на цилиндри, клипови, карики нешто? Извозе кола на 0W-12 едно 200,000км и осете дека не чини тоа масло?

Завчера друг туре масло со погрешна спецификација, некои рекоа ќе му зариба, ти сега овде обратно.
Оди гледај ги тестовите на 0-20 наспроти 0-30 стварно немам мотив да те образувам

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2009
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #11192 на: 14 Ноември 2025, 18:50:20 pm »
Миле, и ти стана ко мајсторите, закоче на 5W-40, и се шо е ново не чини.
Направе ти анализа на цилиндри, клипови, карики нешто? Извозе кола на 0W-12 едно 200,000км и осете дека не чини тоа масло?

Завчера друг туре масло со погрешна спецификација, некои рекоа ќе му зариба, ти сега овде обратно.
Оди гледај ги тестовите на 0-20 наспроти 0-30 стварно немам мотив да те образувам
Истото го гледав и јас и го дискутиравме со Тишлерот, и јас ќе менувам од 0-20 на 0-30 или 5-30. 0-20 е само за еко норми, на еден куп тестови дава зголемено абење на моторите. И тоа не е само на 1 модел, многу мотори беа тестирани.

Sent from my SM-S938B using Tapatalk

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #11193 на: 14 Ноември 2025, 19:34:14 pm »
Гледајте го ова, симплифицирано е ама е вистина

Ние сите возиме вака. 0-20 или 5-20 е смрт за ваков тип на возење. Во Австрија во Форд ми викаат, абе Македонац, 5-20 не е ни за Остерајх а не па за Македонија

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6693
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #11194 на: 14 Ноември 2025, 20:31:46 pm »
шо да кажат тојота кои што важат за најиздржливи последни 30 години од 0-20 сега ставаат тури 0-16. Дајте не тропајте глупости

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2363
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #11195 на: 14 Ноември 2025, 21:01:13 pm »
шо да кажат тојота кои што важат за најиздржливи последни 30 години од 0-20 сега ставаат тури 0-16. Дајте не тропајте глупости

https://youtu.be/i0VoEhW2I-E?t=279 тука е многу добро објаснето зошто поголема вискозност = поголема заштита, и зошто за возење на помали вртежи потребна е поголема вискозност на масло за да си во идеалната зона на подмачкување. Исто така добро е објаснето и зошто не треба да се претера со прегусти масла. Производителите на автомобили секогаш ќе гледаат да се во најмалата можна вредност на X-оската и да останат во последната зона на подмачкување. Проблемот е што, со изминати километри, особено па на продолжените интервали на сервисирање што ги имаат модерниве возила, адитивите во маслото се трошат, маслото почнува да ги губи карактеристиките вклучувајќи ја и вискозноста која почнува да се намалува. И сега веќе не си во оптималната зона на подмачкување затоа што маслото веќе ја нема таа идеална вискозност што ја има кога е свежо.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #11196 на: 14 Ноември 2025, 21:02:54 pm »
шо да кажат тојота кои што важат за најиздржливи последни 30 години од 0-20 сега ставаат тури 0-16. Дајте не тропајте глупости

Не биди наивен и остај тоа ароганцијата на страна. Гледај луѓето што тестираат. Заклучок нема сценарио во кое 20 масло подобро подмачкува од 30 масло, освен ако сакаш да ја продадеш колата за година дена и ти прави разлика 1% заштеда во потрошувачка.

Само еден пример ти е тоа. Погледни други видеа што ќе ти се појават после тоа и сам носи заклучоци, еве ја глуп сум не знам што зборам.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6864
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #11197 на: 15 Ноември 2025, 00:50:19 am »
Сѐ е точно кажано од збор до збор.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6693
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #11198 на: 15 Ноември 2025, 08:20:45 am »
шо да кажат тојота кои што важат за најиздржливи последни 30 години од 0-20 сега ставаат тури 0-16. Дајте не тропајте глупости

Не биди наивен и остај тоа ароганцијата на страна. Гледај луѓето што тестираат. Заклучок нема сценарио во кое 20 масло подобро подмачкува од 30 масло, освен ако сакаш да ја продадеш колата за година дена и ти прави разлика 1% заштеда во потрошувачка.

Само еден пример ти е тоа. Погледни други видеа што ќе ти се појават после тоа и сам носи заклучоци, еве ја глуп сум не знам што зборам.
Прати им го видеово на тојота, арогантни они наместо да ставаат 0-40 им текнало 0-16 се прават паметни ебаго

шо да кажат тојота кои што важат за најиздржливи последни 30 години од 0-20 сега ставаат тури 0-16. Дајте не тропајте глупости

https://youtu.be/i0VoEhW2I-E?t=279 тука е многу добро објаснето зошто поголема вискозност = поголема заштита, и зошто за возење на помали вртежи потребна е поголема вискозност на масло за да си во идеалната зона на подмачкување. Исто така добро е објаснето и зошто не треба да се претера со прегусти масла. Производителите на автомобили секогаш ќе гледаат да се во најмалата можна вредност на X-оската и да останат во последната зона на подмачкување. Проблемот е што, со изминати километри, особено па на продолжените интервали на сервисирање што ги имаат модерниве возила, адитивите во маслото се трошат, маслото почнува да ги губи карактеристиките вклучувајќи ја и вискозноста која почнува да се намалува. И сега веќе не си во оптималната зона на подмачкување затоа што маслото веќе ја нема таа идеална вискозност што ја има кога е свежо.
Мислам го поминавме моментот на тоа фамозно подмачкување како изговор пред 20тина години.

Модерните мотори  немаат проблеми со подмачкување, најчестите механички проблеми во глобата не се повеќе издржливост од компоненти кои што имаат голема зависност од високозитетот на уљето туку имаме резултат на дефект на механички делови или системи кои што никако не зависат од високозитетот. Целта на уљето во модерни мотори е да моторот остане чист, а уље со висок високозитет тоа хемиски неможе да го постигне. 

Па така имаме мотори во денешницата кои што се дефектни не заради тоа што користиш 0-20 или 5-40 туку дефект на водни пумпи, ланец , други делови или системи кои што директно доведуваат до дефект на моторот.

Од механички аспект на високозитет на уљето највеќе има улога во подмачкување во брегастата. Доволно е да пролиста на форумов и да се види колку дефекти сме прочитале зошто брегастата отишла  :)
« Последно менување: 15 Ноември 2025, 08:36:02 am vlatko.klp »

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2363
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #11199 на: 15 Ноември 2025, 08:48:11 am »
Еј добро ај, така е.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6864
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #11200 на: 15 Ноември 2025, 10:53:38 am »

Освен ако се користи за flush на кратки интервали до 2000км, тогаш минералните масла како сае30 и слично чистат многу подобро (видливо на филтерот за масло).

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5231
  • The Spartan General
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #11201 на: 15 Ноември 2025, 12:22:03 pm »
На последниот сервис на мене ми бапнале 0-16 во тојотата. претходно имаше 0-20 мислам. Никаква разлика не осеќам. Само оти има нови свеќици, поубаво работи на студен мотор.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6693
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #11202 на: 15 Ноември 2025, 14:34:05 pm »
Наместо да си идеш кај миле у аустрија да ти стави како господин 5-30 ти си играш игри , рачунај за 5-10к готов си ремонт треба да правиш. Образувај се на јутуб од рандом амерички ликови пошто на нив не им требаат пари од реклами да креираат контент по секоја цена и да те убедуваат да ставаш 5-40 на секоја кола и да менуваш уље на 3000 миљи.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2363
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #11203 на: 15 Ноември 2025, 15:13:10 pm »
Не не, компаниите што прават милијарди годишно сигурно го мислат само најдоброто за крајниот корисник :) Не е дека во Америка (бар до годинава, годинава го укинаа) плаќаа по $14 по кола за секој 0.1 MPG под таргетот. Ама тие работат само за доброто на муштеријата и сакаат колата да му трае што е можно подолго!

/s

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44958
  • Il Moderatore
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #11204 на: 15 Ноември 2025, 20:02:44 pm »
Малку подлабоко од „муабети пред коперација“:

Ова е интересно четиво на темата:
https://www.enginelabs.com/news/what-i-learned-today-bearing-clearances-vs-oil-viscosities/

Интересно видео:
https://youtu.be/IKdhgKUZhPA

А и ова видео (Форд ги „поправа“ грешките со менување вискозност, но...):
https://youtu.be/i0VoEhW2I-E

Баталете ги оние тестовине кај што трљаат два метала еден врз друг, потопени во уље. Ништо не кажуваат тие.

Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.