Направив мал сервис. Претходно возено Valvoline SynPower XL-III C3 5W-30 504 507 купено од Синпекс Битола. Поминав 8000км во рок од година и некој месец. Воопшто не дотурив масло, што се вели капка не потроши. Кога го испуштивме, океј беше, не беше истепано многу, за разлика од Манолот, кој што беше вода. Ова беше океј.
Сега турив Liqui Moly 5w-30 4200 504 507. Забелешка, потивок моторот каде каде, се разбира ново масло, ама добро работи ептен.
Liqui Moly ако земате, само од дилерската мрежа. Секое тубе има на капачето QR код, испечатен да неможе да се изгреби/одлепи и дава датум на производство, код итн.
За Прилеп само од напишаниве земање, јас од Матадор зедов, топ е.
https://liqui-moly.mk/dilerska-i-servisna-mreza/