Автор Тема: Mobil, Total, Elf или какво масло ?  (Прочитано 1750921 пати)

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2056
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10845 на: 11 Август 2024, 00:45:32 am »
Иначе заедно сме на викенд парти забава-хард кор со Нандорот он е задужен за микрофонот тие "котрљави" со косетини рокерси песни...

Отсутен Memento

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 26
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10846 на: 11 Август 2024, 14:05:03 pm »
Кое помеѓу 0w30 и 5w30? Барам масло за 1.6 HDi и на страните на Autodoc, Мотул и Равенол ги даваат и двете.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5902
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10847 на: 11 Август 2024, 14:20:00 pm »
Многу тенко масло 🤔
За што кола станува збор?

Отсутен Memento

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 26
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10848 на: 11 Август 2024, 14:43:36 pm »
Многу тенко масло 🤔
За што кола станува збор?

Пежо 3008 1.6HDi 2010 80kw

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5902
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10849 на: 11 Август 2024, 15:11:13 pm »
Немаш потреба од 0-30. Препорачувам Ravenol FEL 5W30 ако цената е проблем, во спротивно FES 0W30 е каде-каде подобар во скоро сите точки.
« Последно менување: 11 Август 2024, 15:33:20 pm nestor04 »

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10850 на: 11 Август 2024, 15:20:35 pm »
Врз база на што одлучи да препорачаш масло со mid saps на мотор со дпф а не low saps?

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5902
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10851 на: 11 Август 2024, 15:26:25 pm »
Ај прочитај што напиша.
FEL 5W30 е на граница и е повеќе накај low saps - 0.53%
FES 0W30 е веќе mid saps - 0.76%

Нормално дека на пониска температура, pour point, viscosity index и слично FES е подобар и тоа многу, разликата е повеќе од очигледна, ама цената е неразумна.

Мислиш дека за секоја кола со ДПФ се користи low saps масло? Тогаш грешиш.

Отсутен Memento

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 26
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10852 на: 11 Август 2024, 16:57:56 pm »
ДПФ е моментално изгасен, моторот е доста тром, бучен и „слинав“ па сакам да експериментирам со поквалитетно масло. Секако, не со екстремна цена бидејќи барам нешто за долгорочно.

Ќе прашам за Равенолот, благодарам

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4995
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10853 на: 11 Август 2024, 18:52:30 pm »
Врз база на што одлучи да препорачаш масло со mid saps на мотор со дпф а не low saps?
Volvo na d5 preporacuva a5/b5 sto ne e ni mid-saps. Mada jas koristam mid-saps

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10854 на: 12 Август 2024, 00:08:16 am »
ДПФ е моментално изгасен, моторот е доста тром, бучен и „слинав“ па сакам да експериментирам со поквалитетно масло. Секако, не со екстремна цена бидејќи барам нешто за долгорочно.

Ќе прашам за Равенолот, благодарам
Ти имаш некаков проблем со возилото, маслото нема да ти го реши.

Отсутен Coco

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 116
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10855 на: 13 Август 2024, 00:00:58 am »
Денес онака од интерес отварам бугарски страни на продавници што продаваат моторни масла да видам цените како им се движат. Тоа јас што го ставам и што е препорачано за мојот мотор,Селениа WR PE 5W30 кај нас го зедов 4750,а кај нив е 3160 денари. Така да наредниот месец вадам зелен картон,одам до Софија и купувам масло за наредните два сервиса.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10856 на: 13 Август 2024, 01:35:18 am »
Мислам дека причината за тоа е што ние не сме во ЕУ, па автоматски поголеми давачки за увоз. Наредни 20 години за жал така ќе остани.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5902
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10857 на: 13 Август 2024, 01:53:16 am »
Јас имам негативно мислење за масла од Бугарија, ама не значи дека е точно. Мејд ин Косово ≈ мејд ин Бугарија. Попаметно ти е да тркниш до Грција.

Отсутен Coco

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 116
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10858 на: 13 Август 2024, 09:26:13 am »
Јас имам негативно мислење за масла од Бугарија, ама не значи дека е точно. Мејд ин Косово ≈ мејд ин Бугарија. Попаметно ти е да тркниш до Грција.
Подалеку ми е Грција,и плус во Солун нема Селенија. Ќе треба дури до Атина да одам. Така да еден голем pass на Грција.

Отсутен Shadow4501

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 23
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10859 на: 14 Август 2024, 00:05:53 am »
Јас имам негативно мислење за масла од Бугарија, ама не значи дека е точно. Мејд ин Косово ≈ мејд ин Бугарија. Попаметно ти е да тркниш до Грција.
Подалеку ми е Грција,и плус во Солун нема Селенија. Ќе треба дури до Атина да одам. Така да еден голем pass на Грција.
Decki zdr.
Mislenje za motorno maslo Mobil 1.
5w30 za avtomobil so dpf.
Ako ima iskustva so maslo kupeno kaj nas vo Mk prodavnici ili moze i ovlasteni servisi. Da nemoram da odam do nasiot juzen sosed
Zosto Castrol ,Aral i slicni poznati brendovi mnogu gi ima falsh
Pozz