Автор Тема: Mobil, Total, Elf или какво масло ?  (Прочитано 1750833 пати)

Отсутен stefan23

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 30
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10860 на: 14 Август 2024, 08:56:40 am »
Какво масло препорачувате за Сеат Леон 2006 1.9,105коња?

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5901
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10861 на: 14 Август 2024, 11:46:35 am »
Друже, повеќе теми имаш отворено за Леонот и во сите ти било одговорено (3 пати само за масло), но не е проблем пак да ти одговорам. Јас би одел по овој редослед:
1.RAVENOL VMO SAE 5W-40
2.Motul 8100 X-clean 5W-40
3.Rowe Hightec Multi Formula SAE 5W-40

Леонот беше 2006та, PD мотор и без ДПФ, тогаш ти треба масло кое ги исполнува спецификациите VW 505.00/505.01.

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2057
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10862 на: 14 Август 2024, 12:16:50 pm »
Какво масло препорачувате за Сеат Леон 2006 1.9,105коња?

Отвори книгата/прирачникот запознавање со автомобилот  за сеат леон прочитај убаво и ке видеш кое масло го препорачува производителот и држи се кон тоа

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10863 на: 14 Август 2024, 19:56:05 pm »
Друже, повеќе теми имаш отворено за Леонот и во сите ти било одговорено (3 пати само за масло), но не е проблем пак да ти одговорам. Јас би одел по овој редослед:
1.RAVENOL VMO SAE 5W-40
2.Motul 8100 X-clean 5W-40
3.Rowe Hightec Multi Formula SAE 5W-40

Леонот беше 2006та, PD мотор и без ДПФ, тогаш ти треба масло кое ги исполнува спецификациите VW 505.00/505.01.

Што мислиш за LM TopTec 4100 5W-40?

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5901
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10864 на: 14 Август 2024, 20:39:55 pm »
Во ред е и тоа масло, но според вложено-добиено би го избрал Равенолот, цената е 2800-2900 ден/5л. Ликви Моли 4100 кај нас е 3300-3500 за 5л. Сѐ зависи од тоа што ти е поважно кај маслото (дали бараш подобри карактеристики на ниски температури или ти е за подинамично возење). Лично за мене гледам маслото да има пониска вискозност на 40 степени, а повисока на 100 (доста се малтретира колата), да има низок pourpoint и CCS (особено ако има чести ладни стартови), повисоко HTHS, најнизок noack (испарителност) и висок tbn.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 388
  • The best or nothing.
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10865 на: 14 Август 2024, 21:08:56 pm »
Нестор, каде ги гледаш цените за равенол?
Ај кажи 10в40 колку пари е. За пунто од 2004-та, со 1.2 8в.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5901
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10866 на: 14 Август 2024, 21:12:59 pm »
Редовен купувач сум во Техномото, особено на ВМО и затоа ја знам цената, инаку не можам да ти помогнам во случајов. Последно кога прашував за Ravenol TSI 10W40 цената беше 2000 ден. Дали беше за 4 или 5л не памтам. Цените им се слични со ravenol.rs

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10867 на: 14 Август 2024, 21:19:14 pm »
Нестор, каде ги гледаш цените за равенол?
Ај кажи 10в40 колку пари е. За пунто од 2004-та, со 1.2 8в.

Стави си Селенија 10-40 голд.

Отсутен Coco

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 116
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10868 на: 14 Август 2024, 23:41:15 pm »
Јас имам негативно мислење за масла од Бугарија, ама не значи дека е точно. Мејд ин Косово ≈ мејд ин Бугарија. Попаметно ти е да тркниш до Грција.
Подалеку ми е Грција,и плус во Солун нема Селенија. Ќе треба дури до Атина да одам. Така да еден голем pass на Грција.
Decki zdr.
Mislenje za motorno maslo Mobil 1.
5w30 za avtomobil so dpf.
Ako ima iskustva so maslo kupeno kaj nas vo Mk prodavnici ili moze i ovlasteni servisi. Da nemoram da odam do nasiot juzen sosed
Zosto Castrol ,Aral i slicni poznati brendovi mnogu gi ima falsh
Pozz
Имам одлично искуство со Мобил ЕСП 5W-30 купено од официјалниот увозник за Македонија,а тоа е Мак Аутостар.

Отсутен Shadow4501

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 23
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10869 на: 15 Август 2024, 06:59:43 am »
Јас имам негативно мислење за масла од Бугарија, ама не значи дека е точно. Мејд ин Косово ≈ мејд ин Бугарија. Попаметно ти е да тркниш до Грција.
Подалеку ми е Грција,и плус во Солун нема Селенија. Ќе треба дури до Атина да одам. Така да еден голем pass на Грција.
Decki zdr.
Mislenje za motorno maslo Mobil 1.
5w30 za avtomobil so dpf.
Ako ima iskustva so maslo kupeno kaj nas vo Mk prodavnici ili moze i ovlasteni servisi. Da nemoram da odam do nasiot juzen sosed
Zosto Castrol ,Aral i slicni poznati brendovi mnogu gi ima falsh
Pozz
Имам одлично искуство со Мобил ЕСП 5W-30 купено од официјалниот увозник за Македонија,а тоа е Мак Аутостар.

Fala na info
Inaku planiram masloto da go koristam vo VW vozilo
Mislam deka e ok? Tvoe mislenje ako imas?
Pozz

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5901
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10870 на: 15 Август 2024, 12:13:46 pm »
Прашањето беше за разлика меѓу неколку масла со иста градација, а јас само искажав мое мислење. Астрата додека е кај мене ќе биде пазена како мало дете, а балканскиот менталитет (вози док иде, касније продај) кај мене не проаѓа. Продажба во наредни 10 години не планирам и ќе се користи како второ возило.

Отсутен Coco

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 116
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10871 на: 15 Август 2024, 12:55:30 pm »

Имам одлично искуство со Мобил ЕСП 5W-30 купено од официјалниот увозник за Македонија,а тоа е Мак Аутостар.

Fala na info
Inaku planiram masloto da go koristam vo VW vozilo
Mislam deka e ok? Tvoe mislenje ako imas?
Pozz
[/quote]
Кажи што мотор има твојата кола па ќе ти кажам дали одговара или не.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10872 на: 15 Август 2024, 15:48:31 pm »
Како има некој фетиш за Алфа, некој за форд, ете имало и за Опел.

Нели автомобилски форум сме, што има лошо некој да си ја сака колата?

Како некој може да вложи еден куп пари во голф 1 /2 што ми е многу тешко да го разликувам од југо!  Ама кути, има и полошо, некој баш Југо сака. Епа, што има лошо во астрата?

Како беше тоа, за вкусови не се дискутирало...
ПО нив се плука  ;D
Што е баш она што сега го правиме,  :-X

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5901
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10873 на: 15 Август 2024, 16:00:03 pm »
Јас не експериментирам, експериментирањата одамна ми завршија со масла (ќе користам Амсоил се додека имам желба и финансии да го набавувам, моторот работи најтивко од сите астри кои сум ги слушнал) , единствено ако би правел анализа да видам како е состојбата и ништо фазла. Мада и да правам било какви експериментирања со различни масла на ист мотор, за тоа и е темава отворена, нели? За размена на мислења? Ако не е така зошто тогаш се пишува и за возила со 1.0 мотор(немам ништо против) и со 3.5? Зошто има некој кој вози кола од 74та на форумов, без клима и слично, па не се плука? Како стигнала таа кола да се вози после 50 години? Со редовно одржување - едноставно е. Сакаме да ги забаталиме колите и да купуваме било што, па кога ќе се расипи да му ја "тупнеме" на некој друг, а се жалиме зошто се увезуваат и продаваат канти? Одговорот е во првиот дел од реченицата.
Спортски поздрав!

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 251
  • Macedonia
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10874 на: 15 Август 2024, 16:48:09 pm »
Се сметате себеси за сериозни бе луѓе?

Како може да му пререкувате на некој за тоа што си ја сака и чува колата? Да не треба само луксузните коли да се дотеруваат? Па пола и повеќе ќе немаме право на збор ако е така.
И јас не би ја возел таа или многу други коли па нема никогаш да си дадам за право на некој да го хејтам или па мене да ме хејта некој за моето возило ако не му се свиѓа.

Има луѓе и фиќо што дотеруваат и чуваат, да не треба кожата да му ја одериме на тие?