Па не баш
@vladic3110 , и ќе илустрирам со ВИСКИ (пошто така е најлесно).

- Џони Вокер е популарно виски, народот го знае како синоним за виски (и омилен пијалок на уааа Бранко) па така Џони уште од времето многу го фалсификуваат. Од дубари во кафичите каде најевтини можни вискија ги сипаат во флаши од Џони, ама има и во профи фалсификувани флаши во дуќани каде се работи за индастриал левел превари.
- помалку познати скочеви како Тичерс, или Манки Шолдер, или бурбони како Вудфорд Ресерв, итн... Таквите не се фалсификуваат не дека не се одлични вискија туку пошто народот овде не ги знае тие брендови и не затоа ги бара. Се фалсификува тоа што се бара - тоа што е популарно, а не тоа што е најквалитетно. А ти ако се осмелиш да тврдиш дека Џони е подобар скоч од Манки, ќе те натерам да го испиеш.

Тотал и Шел (на пример) се добри масла, ама многу се популарни и многу се фалсификуваат, пошто се барани.
Фукс не е толку познато меѓу луѓето што не се познавачи, и не е многу барано па веројатно и не се фалисфикува толку... Иако тоа изгледа полека се менува.