Најчесто после “гмечење” на автопат температурата на блокот и останатите делови каде што има запривки, семеринзи, дихтунзи е многу повисока од толерантната вредност која што тие делови можат да ја издржат.
Доколку го изгаснеме моторот веднаш, без да причекаме температурата да падне во прифатлива вредност, овие семеринзи, дихтунзи и заптивки ќе се “печат на тивко”. За многу кратко време после неколку вакви топлински оптоварувања ќе почнат да “пуштаат”.
Затоа е практично да го оставиме моторот да работи за да може маслото, разладната течност да свртат неколку круга низ блок за да го намалат топлинското зрачење на овие делови.
Секако дека тоа и годи на турбината, ама му годи на целиот машински склоп под хауба кој што е напален.
Две три минути работење во место можат многу да сменат на подобро на долгорочен план во однос на животниот век на овие заптивни елементи.
Испотени да не поете ладна вода од фрижидер, за вас неважи.