Се е ок доколку му го знаеме стилот на возење и начинот на експлоатација на колата. Кај мене у фамилија сите VW траеле, саше со аудито еве 250000 нема ништо у предницата чепнато, кај симо алфата трае, стратро е задоволен од опел, јас најзадоволен од БМВ (само да не е три пати поскапо за одржување од другите).
Отвори на бмв клуб македонија или vw клуб македонија бараат се што се може да е половно, па дури и дискови плочки водни пумпи и сл. Што да очекуваш од тие да немаат дефект, јас денес дадов 250еур за тиграта, муштериите што идеа кај мајсторот ме правеа улав зошто сум купил филтер за бензин, а колата е на плин. Кога се извади стариот филтер едвај имаше проток, колку мака и ствара тоа на бензиската пумпа.
Секоја една кола ако се одржува по пропис ќе трае, ако се вози како што треба ќе трае. Се друго се приказни во кои што не верувам.