Интересно - на sobranie.mk има документ што се вика „Дополнет Предлог II“, и има документ што се вика „Целосен Текст на Материјалот“.
Во „Дополнет Предлог II“, кај член 86 стои следното:
„Во сообраќај на пат, дење и ноќе, за време на управување со возилото, возачот на возилото задолжително треба да ги има запалено најмалку соборените светла за осветлување на патот.“
Во „Целосен Текст на Материјалот“ стои следното:
„Во сообраќај на пат, од првиот самрак до потполното разденување (ноќе), како и дење во случај на намалена видливост, за време на управување со возилото, возачот на возилото задолжително треба да ги има запалено најмалку соборените светла за осветлување на патот, а возачот на мотоциклот во сообраќај на пат, за време на управување со мотоциклот, задолжително треба да ги има запалено најмалку соборените светла и дење и ноќе“
---
Член 35:
Дополнет Предлог:
Член 35
(1) На јавен пат во населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од 50 km/h, односно со брзина поголема од брзината дозволена со поставениот сообраќаен знак за целото населено место или за определен негов дел.
(2) По исклучок од ставот (1) на овој член, на јавен пат во населено место, чии сообраќајно-технички елементи тоа го овозможуваат, може со сообраќаен знак да се дозволи движење со возило и со брзина поголема од 50 km/h, но не поголема од 70 km/h.
(3) Мандатен платен налог со глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 65 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 50 km/h над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од шест до 12 месеци, под услови и постапка утврдени со закон.
(4) Мандатен платен налог со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 50 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 30 до 50 km/h, над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од три до 12 месеци, под услови и начин утврдени со закон.
(5) Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 10 до 30 km/h над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член.
(6) Мандатен платен налог со глоба во износ од 10 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член и на возач кој во населено место се движи со брзина поголема до 10 km/h над дозволената брзина.
Целосен Текст:
(1) На јавен пат во населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од 50 km/h, односно со брзина поголема од брзината дозволена со поставениот сообраќаен знак за целото населено место или за определен негов дел.
(2) По исклучок од ставот (1) на овој член, на јавен пат во населено место, чии сообраќајно-технички елементи тоа го овозможуваат, може со сообраќаен знак да се дозволи движење со возило и со брзина поголема од 50 km/h, но не поголема од 70 km/h.
(3) Мандатен платен налог со глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 65 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 50 km/h над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од шест до 12 месеци, под услови и постапка утврдени со закон.
(4) Мандатен платен налог со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 50 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 30 до 50 km/h, над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од три до 12 месеци, под услови и начин утврдени со закон.
(5) Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 10 до 30 km/h над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член.
(6) Мандатен платен налог со глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член и на возач кој во населено место се движи со брзина поголема до 10 km/h над дозволената брзина.
Сега.. Кое е точното?