Автор Тема: Закони ли се закони, клаберски маки големи  (Прочитано 119933 пати)

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #255 на: 29 Септември 2015, 08:51:23 am »
И во случај одредбата за возење со светла преку ден да се укине со новиот закон како што се зборува сепак таквото возење со светла преку ден нема да биде казниво. Кој милува да вози како што возел досега нема да го јаде од Жацовци.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6190
  • 69
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #256 на: 29 Септември 2015, 09:39:40 am »
Службен весник, нешто ово оно???
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #257 на: 29 Септември 2015, 09:50:20 am »
Сеуште не е излезен во службен весник.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6190
  • 69
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #258 на: 29 Септември 2015, 10:05:36 am »
Се додека не излезе у службен весник, исто како да не постои.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #259 на: 29 Септември 2015, 10:26:49 am »
Ама не е укинтооо

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #260 на: 29 Септември 2015, 10:55:18 am »
и веројатно нема ни да се укине, како што и претходно мислев... пастирот наш насушен, преку своите гласноговорници повторно е на дело:

Цитат
Со поднесениот и усвоен амандман во новиот Предлог-закон за безбедност на сообраќајот на патиштата кој сè уште е во собраниска процедура се предвидува во сообраќај на пат, дење и ноќе, за време на управување со возилото, возачот на возилото задолжително треба да ги има запалено најмалку соборените светла за осветлување на патот.

Ова е предлог на пратениците Нола Исмајлоска Старова, Силвана Бонева, Андон Чибишев и Марија Ангелова кои поднесоа амандман за останување на досегашното решение за употребата на светлата во сообраќајот од страна на возачите дење и ноќе.

Обврската не се однесува за возачите на запрежни возила и велосипедистите кога запрежното возило односно велосипедот го управуваат дење, освен во услови на намалена видливост.

ете ви.. идемо даље по старо.. бидејки, ние сме нели, земја од висока влажност со многу магли, кај нас оние 10,5 месеци сончеви годишно (да толкаве просекот помеѓу 10 и 10,5 месеци се чисто сончеви денови, без облаци), потребни се светла, затоа што сонцето не е доволно јако да ти го осветли патот, и другите учесници во сообраќајот, едноставно, нели, не ги гледаш, па затоа ти треба светла за да видиш поубаво...

и ај сега нај паметните од офрумов, нека ми одржат една лекција дека со светла поубаво се забалежувало возилото... не, тоа е навика кога гледаш у ретровизор дали бараш возило да видиш или запалени фарови... навика е...


п.с. во горниот пост, нејкеше да ми го покажува цитатот, затоа го препостирав уште еднаш...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #261 на: 29 Септември 2015, 10:58:49 am »
Собранието на Република Македонија го изгласа Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кој е предвидена задолжителна употреба на вклучени светла за време на управување со возило само во периодот од првиот самрак до целосно разденување, како и дење во случај на намалена видливост, јавува новинската агенција МЕТА.

значи сепак е изгласано дека може да се вози без светла.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #262 на: 29 Септември 2015, 11:00:39 am »
тоа е предлог закон со предлог амандман... и законот е усвоен и сепак е усвоен и амандманот за останување на упалени светла.. од денес е сторијата...

Цитат
Со поднесениот и усвоен амандман во новиот Предлог-закон за безбедност на сообраќајот на патиштата кој сè уште е во собраниска процедура се предвидува во сообраќај на пат, дење и ноќе, за време на управување со возилото, возачот на возилото задолжително треба да ги има запалено најмалку соборените светла за осветлување на патот.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5073
  • The Spartan General
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #263 на: 29 Септември 2015, 11:01:25 am »
Изгласано е на таков начин за да не знаеш дали да возиш или да не возиш со светла. Во матно се ловат риби.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29791
    • CARclub.mk
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #264 на: 29 Септември 2015, 11:08:20 am »
Ај барем да дадевте и линкови од каде цитирате..

EДИТ: Еве, од МЕТА (http://meta.mk/za-vozene-nad-50-kilometri-na-chas-kazna-od-400-evra/)

„Собранието на Република Македонија го изгласа Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кој е предвидена задолжителна употреба на вклучени светла за време на управување со возило само во периодот од првиот самрак до целосно разденување, како и дење во случај на намалена видливост.“

Ама ова со светлата за мене е максимално неважно. Ме заболе амандманот дали ќе возам со светла или без светла. Ова е значително поважно.

“Законот во член 35 предвидува дека на јавен пат во населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од 50 километри на час. Доколку не се почитуваа оваа одредба, казната изнесува 400 евра, односно 65 негативни бода. Покрај финансиската глоба, на возачот ќе му се изрече и забрана за управување моторно возило од шест до 12 месеци.“

Нема конкретно објаснување - дали ако возам 54 километри на саат е истата казна? Нема никакви информации за градација. Банза, Томе?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55050
  • Махер
Одг:
« Одговори #265 на: 29 Септември 2015, 11:13:09 am »
Камо цитат од законот? Пак на новинари ќе верувате?

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #266 на: 29 Септември 2015, 12:36:55 pm »
да не е казната за 50 кмх пречекорување...... али и тоа е пак премногу.
 Сепак како што кажа Зеро, дали ако пречекориш неколку кмх ке бидеш безмилосно убиен? 

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 762

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20700
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #268 на: 29 Септември 2015, 13:01:01 pm »
“Законот во член 35 предвидува дека на јавен пат во населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од 50 километри на час. Доколку не се почитуваа оваа одредба, казната изнесува 400 евра, односно 65 негативни бода. Покрај финансиската глоба, на возачот ќе му се изрече и забрана за управување моторно возило од шест до 12 месеци.“

Нема конкретно објаснување - дали ако возам 54 километри на саат е истата казна? Нема никакви информации за градација. Банза, Томе?

Цитат
Член 35
(1) На јавен пат во населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од 50 km/h, односно со брзина поголема од брзината дозволена со поставениот сообраќаен знак за целото населено место или за определен негов дел.
(2) По исклучок од ставот (1) на овој член, на јавен пат во населено место, чии сообраќајно-технички елементи тоа го овозможуваат, може со сообраќаен знак да се дозволи движење со возило и со брзина поголема од 50 km/h, но не поголема од 70 km/h.
(3) Мандатен платен налог со глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 65 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 50 km/h над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од шест до 12 месеци, под услови и постапка утврдени со закон.
(4) Мандатен платен налог со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 50 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 30 до 50 km/h, над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од три до 12 месеци, под услови и начин утврдени со закон.
(5) Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 10 до 30 km/h над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член.
(6) Мандатен платен налог со глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член и на возач кој во населено место се движи со брзина поголема до 10 km/h над дозволената брзина.

Не. 20 евра/10 негативни.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29791
    • CARclub.mk
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #269 на: 29 Септември 2015, 13:23:24 pm »
Интересно - на sobranie.mk има документ што се вика „Дополнет Предлог II“, и има документ што се вика „Целосен Текст на Материјалот“.

Во „Дополнет Предлог II“, кај член 86 стои следното:

„Во сообраќај на пат, дење и ноќе, за време на управување со возилото, возачот на возилото задолжително треба да ги има запалено најмалку соборените светла за осветлување на патот.“

Во „Целосен Текст на Материјалот“ стои следното:

„Во сообраќај на пат, од првиот самрак до потполното разденување (ноќе), како и дење во случај на намалена видливост, за време на управување со возилото, возачот на возилото задолжително треба да ги има запалено најмалку соборените светла за осветлување на патот, а возачот на мотоциклот во сообраќај на пат, за време на управување со мотоциклот, задолжително треба да ги има запалено најмалку соборените светла и дење и ноќе“

---

Член 35:

Дополнет Предлог:

Член 35
(1) На јавен пат во населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од 50 km/h, односно со брзина поголема од брзината дозволена со поставениот сообраќаен знак за целото населено место или за определен негов дел.
(2) По исклучок од ставот (1) на овој член, на јавен пат во населено место, чии сообраќајно-технички елементи тоа го овозможуваат, може со сообраќаен знак да се дозволи движење со возило и со брзина поголема од 50 km/h, но не поголема од 70 km/h.
(3) Мандатен платен налог со глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 65 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 50 km/h над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од шест до 12 месеци, под услови и постапка утврдени со закон.
(4) Мандатен платен налог со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 50 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 30 до 50 km/h, над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од три до 12 месеци, под услови и начин утврдени со закон.
(5) Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 10 до 30 km/h над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член.
(6) Мандатен платен налог со глоба во износ од 10 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член и на возач кој во населено место се движи со брзина поголема до 10 km/h над дозволената брзина.

Целосен Текст:

(1) На јавен пат во населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од 50 km/h, односно со брзина поголема од брзината дозволена со поставениот сообраќаен знак за целото населено место или за определен негов дел.
(2) По исклучок од ставот (1) на овој член, на јавен пат во населено место, чии сообраќајно-технички елементи тоа го овозможуваат, може со сообраќаен знак да се дозволи движење со возило и со брзина поголема од 50 km/h, но не поголема од 70 km/h.
(3) Мандатен платен налог со глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 65 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 50 km/h над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од шест до 12 месеци, под услови и постапка утврдени со закон.
(4) Мандатен платен налог со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 50 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 30 до 50 km/h, над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од три до 12 месеци, под услови и начин утврдени со закон.
(5) Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 10 до 30 km/h над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член.
(6) Мандатен платен налог со глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член и на возач кој во населено место се движи со брзина поголема до 10 km/h над дозволената брзина.



Сега.. Кое е точното?