2. HONDA CR-V MK3 2012
1.1 Возев варијанта со автоматски менувач, и ова е најлошиот автоматски менувач што некогаш сум го возел (иако немам преголемо искуство, ама споредено со автоматски менувач кај Mazda CX5, BMW X1, Volvo XC60, DSG кај VW), ова кај CR-V e чкартојна. Нема мануелен мод, и го прави возилото ужасно тромо (поготово бензиската варијанта бидејќи менува на мал број вртежи).
После пробата на автоматскиот менувач, дефинитивно одлучив мануелен
1.2 Моторот 2.0 150 кс е релативно тром, односно бара да научиш каде да менуваш и тогаш тоа не е така лошо.
1.3 Она што го пишав за погонот на 4 тркала важи и тука. Од друга страна па супер функционира во снег. Кога ќе сфати човек дека ова не е Off Road возило, тогаш све ок. Далеку полоши Off Road способности од Форестер, Сузуки Витара и мислам дека се полоши и од Шкода Јети и Тигуан.
1.4 Мало крцкање од кај А столбот уште од сам почеток. Од почеток ме нервираше, сега не толку. Инаку се јавува само на одредена температура (не секогаш).
1.5 Се појави мала рѓа на амортизерите (веќе постирав за ова). Рѓата е површинска и како прстен (изгледа сум имало кал или нешто што симнало мал површински дел од бојата, па се појавила рѓа). Бидејќи не е страшно не се замарам
1.6 Ми фалат куки во гепек на кои што може да обесиш кеси. Ова е многу практично во Шкода Јети, и нешто слично има во Цитроен Ц3, и е одлично нешто кога човек купува и мкне ќеси во гепек. Делимично го решив со купување на мрежа за во гепек, што спречува да ми се шетаат работите низ гепек.
1.7 Потрошувачка:
Еве како сум измерил во овие 21500 км и тоа 60% град, 40% отворено
Најлоша потрошувачка: Град, Зимно време, кратки релации - 13.5 л/100
Најдобра потрошувачка: Отворен пат, летно време - 7.67 л/100
Просек: 10.51 л/100
1.8 Некакво шкрипење од кочниците поготово кога е ладно во првите 10 минути од возењето (читав по форуми, дека ЦРВ во има проблем со шкрипење на кочниците, и за ова знам и други што се пожалиле. Се решава со некакви шајбни, ама кога ќе ми дојде редот за менување плочки, веројатно ќе одам со некој друг бренд. Ако е релативно евтино можда ги променам и дисковите кога ќе менувам плочки, од некоја по проверена марка за плочки/дискови.
Овде би ми помогнала сугестија за тоа која марка на Плочки и Дискови да ги размислам како варијанта.
Дарко