Друже, земи вози Реноспорт Клио па ќе го праиме муабетот. Не само што е стабилно, него ќе се изненадиш.
Баш заради тоа се вклучив во дискусијава...Имам возено и ме имаат возено во КЛИО и да ти кажам реков дека никогаш повеќе нема да седнам во таков шпорет.
Колега мој од Косово пред две години купи на старо Клио Дизел 1.5 ДЦИ мислам, за жена му.
Пред тоа женаму истроши 2 коли, едено Поло дизелче и еден Фиат темпра пред Полото мислам, која и беше и прва кола.
Значи далеку од тоа дека не знае да вози, секој ден оди на работа до кај нас 50 км и назад.
Клиото одиме да го пробаме, во кола она вози, јас седам напред, колегата позади, чисто да го пробаме како оди количево кое што само што го донесоа од плац.
Излеваме на меѓуградска за Приштина и еден Влечен Воз на КФОР празен без товар помина од спротивен правец со некои 70 км на час (ние возевме 80/90).
Клиото како тсунами да го фати, прво се заниша, изгуби малку правец, преднто тркало акна во една помала дупка, и летнавме во шанецот од страна.
Среќа беше рамно, само едно каналче прелетавме ималку одоздола го истругавме, од ударот пукна шофершајбната и малку се удри жената на колегата.
Да не речам ама просто не одува како лист од хартија.
Можам да замислам што ќе беше ако возевме побрзо со неко вакво како ова постораново???
Е сега колко оваа спортска верзија може да биде постабилна не знам ама пак не ми иде во глава колку може да е тоа безбедно, може лежи, може држи ама во ваков случај...не знам...затоа што ние всушност бевме одувани од патот иако бевме 3/ца во кола?
П.С. Со Влечни возови кои тераат како луди, сум се разминал до сега милион пати (не со КЛИО) и освен благо потресување на кабината она ќе те сецне малку како да те бутка, не сум осетил ништо друго.