Во почетокот на 90-тите Renault и Williams жареа и палеа во Формула 1, а од таа доминација никна еден од најдобрите огнени компакти на сите времиња.
Autoexpress сега пренесува дека двоецот повторно се најдоа на иста бранова должина и дека наскоро ќе не изненадат со нова специјална изведба на Clio. Овој пат нема да стане збор за козметички преправки како што беше случај кај серијата Goldini, пишуваат Британците, туку двете компании ќе се погрижат зад новиот проект да стојат само сурови перформанси.
Clio Williams така би требало да добие дволитарски турбобензински мотор со 240 КС, со што се приближува на само 7 КС посилниот и поголем (а и потежок) брат Megane RS. Силата стандардно би се пренесувала на предните тркала, додека шасијата би требало да се базира на RS Clio Cup, a суспензијата на онаа од Clio Trophy од 2005. Кочниците би требало да се преземат од овогодинешниот најбрз автомобил со преден погон на Нурбургринг – Megane Trophy.
Се ова звучи речиси предобро за да биде вистинито, но бидејќи следната година стигнува новата генерација на Clio, оваа моќна изведба на Williams би можело да се покаже како заслужено, конечно „ура“ и збогум на малиот француски автомобил.