Автор Тема: Plinski Uredi - LPG Tech - Car System  (Прочитано 16444 пати)

Отсутен КарСистем

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 30
    • Веб Сајт на КарСистем
Plinski Uredi - LPG Tech - Car System
« на: 09 Јануари 2014, 14:18:35 pm »
Драги Форумџии и Форумџивки.


Кар Систем е фирма која се занимава со увоз, професионална инсталација и сервисирање на ТНГ системи за моторни возила. Како одлични познавачи на работата на моторните возила можеме да ви понудиме професионална инсталација на плински систем кој одговара на перформансите на возилото што гарантира дека нема да има промени во моќноста на работата на возилото. Години наназад работно искуство во оваа област резултираа со многу задоволни клиенти на територијата на Македонија и Србија што е добар показател на професионално и квалитетно работење на нашата фирма поточно на луѓето кои се задолжени за нејзиното функционирање.    

Соработка со реномирани и водечки компании за производство на ТНГ системи и придружна опрема на територија на цела Европа е исто така гаранција за квалитет на системите кои ги застапуваме. Константното следење на промените во технологијата на ова поле и применување на најдобрита и подобрена пропратна опрема на ТНГ системот, кој го диктира развојот на автомобилската индустија, исто така овозможува на своите клиенти да им ги понудиме сите квалитетни новини од оваа област који се нудат на европскиот пазар.    
Како што кажавме постојано ги следиме промените и им помагаме на нашите клиенти да уживаат во максималното што може да го понуди нивниот автомобил.

Сето она што го нудиме како асортиман е со фабричка гаранција и подлежи под сите потребни хомологации и тестирања кои се неопходни еден производ да биде одобрен за упореба. Обуката на тимот кој ја врши инсталацијата е одобрен со сертификат од производителот на опремата додека комплетна проверка за сработеното ја одобруваат институциите надлежни со што се заокружува комплетната проверка и одобрување како и целокупната докуметација потребна за легално користење на системот како дополнителна опрема во возилото.

Соработката со компании кои на своите купувачи сакаат да им понудат автомобил со комплетна додатна опрема како и компании со сопствен возен парк секако е на сосема друго ниво од вообичаените соработки, привилегија во секој поглед од соработката. Поволностите за кои сте привилегирани можете да ги дознаете доколку не контактирате, се разбира доколку сте заинтересирани за соработка. Цената за постојани соработници се намалува во зависност од договортот и капацитетот на соработката.

Во понудата вклучуваме комбинации на системи за кои сметаме дека се најдобра можна комбинација. За понудените брендови сме единствени застапници на територијата на Република Македонија. Возила со посебни перформанси не се вклучени во оваа понуда, доколку некое од возилата е надвор од стандардите може да биде надоградено со ТНГ систем но цената на системот и доданите делови дополнително ќе биде утврдена.




Ние ви нудиме комплетно вградување (инсталација, монтажа) на ТНГ (плински) систем во Вашиот автомобил. Повеќе од 15 години работно искуство во оваа област, вградување на плински системи во возила, ни овозможи соработнка со повеќе водечки брендови и стекнување искуство и сертификати кои се потврда за квалитетна услуга. LPGTech, AC STAG, OMVl by Wesport, REG by OMVL, Samcelik, Tomasseto, Mimgas се дел од брендовите со кои имаме соработувано но и понатаму соработуваме.
Исто така ви нудиме услуги од последната генерација на вградување на системи на плин за вашето возило со директно вбризгување. FSI, TSI i TFSI моторите се дел од последната генерација возила на кои квалитетно и успешно вршиме надоградување на ТНГ системи.
Сите компоненти кои ги нудиме се со комплетната потребна документација, фабрички тестирања и светски одобрени атести за квалитет. Гарантираме дека по извршената инсталација без проблеми вашето возило ќе ги помине сите неопходни технички норми за атестирање на вашето возило со вграден плински систем.






Ви го претставуваме плинскиот уред кој ги надминува сите очекувања на корисниците на ТНГ гас како гориво за својот автомобил.

-=LPG Tech=-

 - Единствен на нашиот пазар со 7 годишна гаранција или 150.000 изминати километри
 - Компјутерска единица која подеднакво добро функционира на ТНГ(плин) и КЗГ(метан)
 - Авто-дијагностика: детекција на грешки и недостатоци во инсталација
 - Tech+System: автоматска адаптација (авто-корекција) во работата на уредот според моменталните побарувања на моторот
 - Прецизно дозирање на ТНГ врз основа на алалитичка операција
 - Погоден за вградување кај мотори со 8 цилиндри
 - Можност за синхронизација на 2 уреди за опслужување на мотори со 16 цилиндри
 - Оргинални решенија на електронски системи со едноставни технички параметри кои се тестирани и одобрени после екстремни и долготрајни тестови
- Екстремно софистициран софтвер кој беспрекорно функционира на сите типови бензиски мотори од последната генерација
- Иновативни контролни системи за вбризгување ТНГ кои заштедуваат гориво
- Механички и електромеханички системи, технички напредни кои позитивно ги изненадуваат и врвните експерти од оваа област
- Патентирани решенија за беспрекорна и долговечна функционалност на инсталацијата за ТНГ и пропратните компоненти.


Повеќе информации на нашиот веб сајт http://www.carsystem.com.mk
или преку поставување на прашања на оваа тема.
     
« Последно менување: 09 Јануари 2014, 15:53:06 pm КарСистем »

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Plinski Uredi - LPG Tech - Car System
« Одговори #1 на: 09 Јануари 2014, 16:31:15 pm »
Ги гледам гумите на сајтот. Што значи ознаката DOT што стои на гумите?

Отсутен vele85

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 587
Одг: Plinski Uredi - LPG Tech - Car System
« Одговори #2 на: 09 Јануари 2014, 16:35:57 pm »
Dali e istata firma sto raboti i so boi i lakovi ?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Plinski Uredi - LPG Tech - Car System
« Одговори #3 на: 09 Јануари 2014, 18:57:01 pm »
Ги гледам гумите на сајтот. Што значи ознаката DOT што стои на гумите?



In the example above:
DOT EJ8J DFM 408    
40    Manufactured during the 40th week of the year
8    Manufactured during the 8th year of the decade



Сега се четирицифрени

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Plinski Uredi - LPG Tech - Car System
« Одговори #4 на: 09 Јануари 2014, 22:30:30 pm »
карсистем... добродојдовте не форумот како прво...
инсталирање на плински уреди секогаш се интересни како понуда...

но, мене ме тангира еден момент а тоа е 15 години искуство со плински уреди. јас како човек што многу коли мења и редовно на плин возам (дизел мразам) како до сега не сум слушнал за вас? па 15 години не се 15 недели...
« Последно менување: 09 Јануари 2014, 22:32:38 pm zeroSignal »
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Plinski Uredi - LPG Tech - Car System
« Одговори #5 на: 09 Јануари 2014, 22:34:04 pm »
И јас прв пат слушам дека постои ваква фирма.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Plinski Uredi - LPG Tech - Car System
« Одговори #6 на: 09 Јануари 2014, 23:07:06 pm »
Добредојдовте.

Дали една табла што ја имам видено (ми се чини кај Трубарево негде) е вашата фирма или ?

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Одг: Plinski Uredi - LPG Tech - Car System
« Одговори #7 на: 09 Јануари 2014, 23:17:49 pm »
Мислам дека не се тие... Ама нека си кажат они.
И да... Обавезно пуштете локација на google maps.
Да знам од прилика кај сте.

Отсутен КарСистем

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 30
    • Веб Сајт на КарСистем
Одг: Plinski Uredi - LPG Tech - Car System
« Одговори #8 на: 10 Јануари 2014, 09:56:26 am »
Здраво на сите уште еднаш.

Благодарност за добриот прием на форумов :)
Само колу појаснување да напишам збор два.
@Igor: Да тоа е нашата фирма. Се наоѓаме веднаш после Трубарево, лево пред првиот надвозник над пругата.
@vele85: Нашата фирма нема никаква конекција со бои и лакови
@onak: Секоја чест за вашата заинтересираност за возилата и користењето на истите :)
И ние не знаевме дека постои овој форум, но ете, по препорака на наши задоволни муштерии, а членови на форумов, започнавме и ние со теми тука.

Кар Систем дооел
Ул.2 бр.45J Јурумлери
1047 Скопје                          maps41.974392,21.54837
Македонија


Контакт :
моб. +389 71 368 410
фикс. +398 2 25 79 206
емаил: info@carsystem.com.mk
веб: www.carsystem.com.mk

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Plinski Uredi - LPG Tech - Car System
« Одговори #9 на: 10 Јануари 2014, 10:06:27 am »
сепак не добив одговор. 15 години искуство со плинови? меѓу првите во МК со вградување на плински уреди се новус и плимонт, а они бројат толку, т.е. околу 15-16 години постоење... како што реков, барем еднаш годишно вградувам плински уред. и секогаш за тоа возило се интересирам што и како, кој уред е нај поволен, нај добар и нај прецизен за тоа возило. имам спецификации на софтвери, начин на работење и аномалии на сите плински уреди. “дебело“ се распрашувам и информирам за секој нов уред. следам интернет, новитети, понуди и собирам информации. за вас до денес не сум слушнал. можеби грешам... во право си, и ти не си знаел дека форумов постои, но тој постои околу 3 години а не 15...

би ве замолил, може ли кога веке поистоите 15 години, да ни напишете дел од вашата историја со искуство. тоа секако ке биде во предност за вас и за потенцијалните клиенти кои може да ги добиете од овој форум (а форумов брои илјадници членови), кои би добиле некаква слика за вас кои сте, што сте и како работите. сепак 15 години искуство се во прашање, сигурен сум дека имате да составите еден текст со неколку слики од вашето богато искуство. убедете ме и мене да дојдам кај вас, иако сега пред 1 месец наместив нов плински уред, но ке биде набрзо верувам пак.

поздрав.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен BIMMER

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 132
Одг: Plinski Uredi - LPG Tech - Car System
« Одговори #10 на: 10 Јануари 2014, 10:41:45 am »
Dobredojdovte na forumov konecno.
Jas mozam da gi pofalam momcite od Carsystem i posebno majstor Aco , gazdata. Mestev kaj niv plin pred 2-3 meseci  po preporaka na nekolku clenovi na forumov. Super usluga , konkurentni ceni , mnogu dobri uredi (Lpg tech, Ac stag). Edinstvena mana im e sto se "zabutani" nakaj Trubarevo . Zatoa i ne gi znaeme, da ne bese forumov nemase da slusnam nikogas za niv.
P.S.
Ajde sega malce poaktivno na forumov pokazete se , gledate deka pojma nemaat lugevo za Vas. ;)

Отсутен КарСистем

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 30
    • Веб Сајт на КарСистем
Одг: Plinski Uredi - LPG Tech - Car System
« Одговори #11 на: 10 Јануари 2014, 10:47:48 am »
Почитуван,

Годините искуство не значат и постоење под одредено име, туку искуство во дејноста, не зависно соробатка со други компании или самостојно. Доколку за нешто немаме слушнато не значи дека не постои, да бидеме реални не значи дека секогаш во целост за се сме информирани.
Тука сме за презентација на брендовите кои сега ги работиме. Детали за истите и одреден број фотографии има на нашата веб и фејсбук презентација, а за време на работно време може да се информирате и преку телефон.
Презентацијава се однесува на дејноста која ја работиме во име на фирмата Кар Систем дооел која постои и работи во оваа дејност веќе седма година. Повеќето од брендовите кои ги работиме и работевме се презентирани на истата веб презентација. Некои се само минато некои и понатаму се достапни, од свопствено искуство надвладеаа и останаа како достапни во нашата понуда. Она што го нудиме не значи дека е најдобро бидејќи реалноста е дека секој ќе си го пофали своето. Ние сме задоволни што огромен дел од корисниците кои го одбрале она што сме им го понудиле се задоволни.
Он-лине и ТВ рекламирањето до сега не беше дел од нашата пракса па можеби затоа сте ориентирани кон информации од одреден број на брендови, но во Македонија постои многу поголема понуда на брендови во оваа област од она што во глобала е познато поради интезивната реклама. Сигурни сме и гарантираме дека е така.

Пишувањето по форумов сигурно нема никого да убеди да направи нешто за што претходно не се одлучи. Со сигурност во темева ќе се приклучи некој член кој веќе е корисник на истите, порано или подоцна. За информации како што рековме сме достапни за секого, па доколку некој е заинтересиран за некој од брендовите кои ги нудиме и инсталација на истите, слободно може да се јави на нашите телефонски броеви и со задоволство ќе му биде објаснето сето она што сака да го знае.

п.с. 7 години гаранција, повелете, уверете се.

Поздрав

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: Plinski Uredi - LPG Tech - Car System
« Одговори #12 на: 10 Јануари 2014, 10:57:08 am »
Мене ме интересира зошто уредиве на lpg tech ми личат на копија на уредите на AC stag. Мада и двата бренда колку гледам се полски

Отсутен КарСистем

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 30
    • Веб Сајт на КарСистем
Одг: Plinski Uredi - LPG Tech - Car System
« Одговори #13 на: 10 Јануари 2014, 11:13:07 am »
   AC Stag и LPG Tech се креација на еден исти инжињер, кој исто така бил и ко-сопственик на AC но поради несогласување со AC ја напушта фирмата и ја основа LPG Tech каде го вложува целото свое знаење и го креира еден од најдобрите уреди кој моментално е на пазарот.
   LPG Tech-от е уред кој во себе содржи повеќе опции и понапредни перформанси во споредба со AC Stag-от. Можеме да се пофалиме и со тоа што еден од основачите на нашата фирма исто така е дел од тимот кој работи на LPG Tech уредот и негово усовршување во софтверскиот дел. Голем дел од напредните опции на софтверот се по негово лично залагање за вметнување на истите.

   Како што можете да видите, доколку сте ја посетиле нашата веб страна, AC Stag беше дел од брендовите кои ги нудевме на нашите корисници, но поради поголемата заинтересираност за уредите на LPG Tech и фактот што истиот е доста подобар од својот конкурент, а има скоро иста цена се одлучивме на нашите кориници да им го нудиме само она што сметаме дека е најдобро за нив.

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: Plinski Uredi - LPG Tech - Car System
« Одговори #14 на: 10 Јануари 2014, 11:32:21 am »
Разгледав интересно вака, посебно интересно што има и андроид апликација. Мада вака на прв поглед горе доле тоа е со стагот, во пракса незнам како е.