Автор Тема: Plinski Uredi - LPG Tech - Car System  (Прочитано 16294 пати)

Отсутен КарСистем

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 30
    • Веб Сајт на КарСистем
Plinski Uredi - LPG Tech - Car System
« Одговори #30 на: 22 Јануари 2014, 11:25:49 am »
Добиете ги надградените верзии на 300 серијата на LPG Tech за истата цена како и нивните претходници.

   TECH-316 /314/ TECH-318 всушност е варијација на веќе споменатите модели TECH-300 (304/306/308). Надоградени се со понапреден микропроцесор кој овозможува ефикасно контролирање и командување на целокупниот систем. Исто така неговито софтвер се сосотои од дополнителни опции за подесување како што е контрола на температурата на самата контролна единица, одржување на температурата на оквирот, брз и детален осцилоскоп. Покрај тоа, времето на вбризгување е понапредно отколку кај стандардната верзија.

   Софтверот за подесување на контролната единица е мозокот на целата фунционалност. TECH контролните единици користат софтвер кој постојано се надоградува и усовршува врз основа на развивањето на автомобилската индустрија. Благодарение на софтверот TECH контролните едници целосно автоматски спроведуваат калибрација во секој режим на работа на моторот на возилото како и оптимална адаптација на тајмингот и количеството на вбризгано гориво.

   Покрај автоматското подесување на потребните функции постои можност за лесна рачна корекција од страна на овластено лице, иако Ве уверуваме дека тоа не е потребно бидејќи софтверот сам му го доставува она што му е потребно на возилото врз основа на податоците кои возилото ги сигнализира при користење на бензин како гориво.

   Препознатлива и заштитна карактеристика кај TECH контролните едници е авто-корекцијата. Системот постојано ги "надгледува" вбризгувачите (инџекторите) за гас  и доколку е потребно, независко колку пати, врши корекција на вбризгувањето на ТНГ во реално време врз основа на податоците од вбризгувањето на бензин што уверува дека Вашиот автомобил при користење на ТНГ ќе Ви ги презентира своите оптимални перформанси.

За дополнителни информации контактирајте не

Кар Систем дооел
Ул.2 бр.45J Јурумлери
1047 Скопје
Македонија

Контакт :
моб. +389 71 368 410
фикс. +398 2 25 79 206
емаил info@carsystem.com.mk
« Последно менување: 22 Јануари 2014, 16:06:50 pm КарСистем »

Отсутен otrakan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 281
Одг: Plinski Uredi - LPG Tech - Car System
« Одговори #31 на: 22 Јануари 2014, 13:20:58 pm »
Ме интересира цена и кој систем е најдобар за моето бмв е46 2002 2,0 105кв н42
;)

Отсутен КарСистем

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 30
    • Веб Сајт на КарСистем
Одг: Plinski Uredi - LPG Tech - Car System
« Одговори #32 на: 22 Јануари 2014, 16:03:09 pm »
   Да напомнеме, за да не дојде до забуна дека не одговараме на некои поставени прашања.

   За секое конкретно прашањ, како претходното, за ваше возило, цена и систем кој ние го нудиме одговараме на приватна порака поради тоа што во некои случаи потребни се дополнителни информации и комуникација околу возилото и системот кои не мора да заземаат простор во овој пост.

   Кар Систем дооел

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Plinski Uredi - LPG Tech - Car System
« Одговори #33 на: 22 Јануари 2014, 22:51:48 pm »
па друже ова е автомобилски форум и би требало тие податоци кои ги нудите да ги пишете јавно.

зашто толкава тајност? не е потребно. имате ваша тема, пишувајте на нејзе, нека видат и други луѓе...  и јас имам бмв кое не е тој мотор ама потполно истиот уред е и за него.

а има еден тон луге кои имаат еве конкретно бмв. КАРклуб е многу читан форум. би рекол нај читан фору и портал во македонија па и пошироко. покрај илјадниците членови има барем тројно повеке пасивни читачи кои не се членови (од разни причини не се зачленуваат) и неможат да ви постават прашање... вака јавно пишано, ке ја имаат информацијата на рака. значи зборам за ваше добро, а вие како си сакате. ако така те одлучиле да терате, ваше право е тоа...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Plinski Uredi - LPG Tech - Car System
« Одговори #34 на: 22 Јануари 2014, 23:23:22 pm »
Погледни ја темата на плимонт, колку само се они стрпливи и вредни да објаснат се .... до најмалата ситница.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Plinski Uredi - LPG Tech - Car System
« Одговори #35 на: 23 Јануари 2014, 01:50:43 am »
сакав и јас да го пишам ова, ама се плашев да не ми залепат етикета за пристрасност, па си преќутев.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
Одг: Plinski Uredi - LPG Tech - Car System
« Одговори #36 на: 23 Јануари 2014, 02:28:07 am »
КарСистем се доста стрпливи и вредни и одговараат на се, до најмала ситница, само тоа го прават по пат на Приватна Порака.


Отсутен Ford Fikus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 421
  • Ford Focus 1.4 mk2.5
Одг: Plinski Uredi - LPG Tech - Car System
« Одговори #37 на: 23 Јануари 2014, 08:11:12 am »
КарСистем се доста стрпливи и вредни и одговараат на се, до најмала ситница, само тоа го прават по пат на Приватна Порака.


И како ќе можат членовите да видат разни мислења и искуства за овој систем ако на оние што се интересираат за истиот им се одговара во приватна порака. Што има тука тајно??? Цената е различна? Одма се остава сомнеж дека нешто се забошотува, што во пракса немора да значи. Чисто добронамерен совет.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Plinski Uredi - LPG Tech - Car System
« Одговори #38 на: 23 Јануари 2014, 10:19:09 am »
My point exactly.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Plinski Uredi - LPG Tech - Car System
« Одговори #39 на: 23 Јануари 2014, 10:43:10 am »
чим нешто тајно се прави, секако асоцира на сокривање нешто...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен КарСистем

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 30
    • Веб Сајт на КарСистем
Одг: Plinski Uredi - LPG Tech - Car System
« Одговори #40 на: 23 Јануари 2014, 10:52:51 am »
Како што и претходно беше прашано, еве повторно ќе цитираме и ре-цитираме.

i mene me interesira. za vozilo so 4 cilindri i 6 cilindri, za bratot na stagot. moe mislenje i iskustvo deka stagot e fantom pomegu plinskite uredi. ako ova e podobro zvuci i primamlivo, pogotovo momentot so 7 godini garancija, koja patem receno me interesira shto poddrzuva tocno?
Цените на вградување на LPG Tech (300 серија) се движи од 500е па нагоре за 4 цилиндри, а за возило 6 цилиндри од 700е.
...

   
   Основната цена е таа што ја кажавме во овој пост, но дополнително за секое возило постојат дополнителни работи кои треба да се разгледаат и разјаснат, во врска со цената и начинот на вградувањето на системот.

   Сметаме дека не е ова местото каде што треба да се прави таа расправа, и за секое возило поодделно да се пишува јавно.

   Секако не значи ако некој функционира на еден начин на форумов, останатите да го следат и користат за пример, па така оние кои се доволно заинтересирани за да прашаат што нудиме за нивното возило добиваат конкретен одговор на приватна порака, нормално поради тоа што таа порака мора да биде персонализирана.

   Едноставно сметаме дека тоа е начинот на кој взаемно би имале подобра комуникација.

   Сите технички прашања ќе бидат јавно разгледани и одговорени, а за прашањата за цените кои директно ги засегаат некои членови се (и ќе се) одговара преку приватна порака.

  За скривањето на цена или нешто друго, мучки, забошотување, знаете и сами не е возможно. Сепак ние сме нови на форумов а поголем дел од Вас се тука веќе доволно долго па може меѓусебно да споделите што ние ви имаме одговорено, понудено, цената и деталите, па така тоа и не држи вода.


Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20632
Одг: Plinski Uredi - LPG Tech - Car System
« Одговори #41 на: 23 Јануари 2014, 10:58:29 am »
Благодарност до КарСистем за деталниот, информативен и исклучително услужлив одговор.

The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен КарСистем

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 30
    • Веб Сајт на КарСистем
LPG Tech 320 OBD - Car System
« Одговори #42 на: 23 Јануари 2014, 11:55:55 am »
LPG TECH-320 (OBD) е најновата иновација од LPG и е најнапреден систем кој има

   •   LPG/CNG контролер на вбризгувања
   •   Автоматска ОБД адаптација
   •   Автоматско интелегентно бришење на грешките со помош на OBD-то
   •   Корекција на времето на вбризгување врз основа на параметрите отчитани од бензинската ECU преку OBD bus-от
   •   Не е потребно мануелно штелување во текот на возењето
   •   OBD скенер за параметри и грешки и корекција на истите
   •   Можност за опслужување на мотори со 16 цилиндри
   •   TECH alghoritm+system автоматска корекција (авто-адаптација)
   •   Конфигурација на програмата со TECH & STANDARD опција
   •   Поддржани OBD протоколи: CAN (11-500; 29/500; 29/500) ISO 14230 slow, ISO 14230 fast, ISO 9141
   •   Високо Потполна заштита од струен удар
   •   квалитетно алуминиумско куќиште

   Серијата TECH-320 OBD (324/326/328) е врз основа на традиционалниот микропроцесорска контрола со 56 пински сет на жици. TECH-320 серијата на контролери е дизајнирана за мотори со 4/6/8 цилиндри (во зависност од верзијата на контролерот). Исто така постои можност за паралелно поврзување на два контролери во MASTER/SLAVE режим на работа, така да може да се опслужи мотор со 16 цилиндри. Во текот на изработката комбинирана е најнапредна технологија со најсовремена функционалност. Компактното алуминиумско куќиште, со димензии 190х125х30 mm, овозможува лесна инсталација на секој автомобил

   Програмот TECH-320 OBD ги нуди истите функции и безбедносни карактеристики како и програмот TECH-300 со што обезбедува одличен квалитет и перформанси. Покрај тоа TECH-320 OBD има можност да комуницира со CAN и ISO протоколите како што се CAN (11-500; 29/500; 29/500) ISO 14230 slow, ISO 14230 fast, ISO 9141. Поврзувањето со автомобилскиот OBD систем се врши со користење на само две жици без оглед на протоколот. Уште една предност е и можноста контролерот да се користи за отчитување, бришење на кодовите на дијагностичките проблеми и читање на сите параметри на моторот, како кај стандардниот OBD бензински скенер.

   Серијата TECH-320 OBD има автоматска DTC функција на бришење (до 8 ). После отчитувањето на кодовите со грешка и сместувањето на истите во табела “Кодови за бришење” контролерот автоматски ја бриши меморијата на бензинскиот компјутер. Во друг случај, доколку кодовите со грешка не се сместени во табелата, контролерот нема да ја избрише меморијата со грешки така што ќе го предупреди возачот за истите.

   После конектирањето на контролерот со автомобилскиот OBD систем, TECH-320 OBD ќе ги забележи и зачува во табела сите “fuel trim” вредности на бензин и гас. OBD адаптацијата, на основа на овие податоци , ќе изврши автоматско подесување на смешата со цел да се добие совршена калибрација. Ова обезбедува перфектно работење на авто гасниот систем.

Отсутен КарСистем

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 30
    • Веб Сајт на КарСистем
Одг: Plinski Uredi - LPG Tech - Car System
« Одговори #43 на: 05 Февруари 2014, 10:22:48 am »

ТНГ(течен нафтен гас) - LPG Tech (плински систем за бензински или дизел мотори)
   Еден од лидерите на светските пазари за ТНГ(плин) системите со главен производствен погон во Полска,во комбинација со компоненти кои припаѓаат под Westport корпорацијата, креираат перфектен ТНГ систем кај кој нема загуби на гориво и функционира беспрекорно кај секое возило.  Единствен систем чиј компјутер поддржува работа на ТНГ и на КЗГ(метан), со единствена неодоллива гаранција од 7 години или 150.000km.

   Посетете не на нашата веб страна и информирајте се за се она што ние ви го нудиме.

www.carsystem.com.mk

   Имате можност Вашето возило во целост да го опремите за зимските услови. Не ризикувајте ја Вашата безбедност, морално и законски е да користите пневматици за условите во кои го користите возилото. Ви нудиме можност да заштедите и добиете повеќе за вашите пари.

LPG TECH + 2 ЗИМСКИ ГУМИ INSA TURBO (14/15/16) + монтажа на пневматицие.
   Соработката помеѓу двете компании ја креира моменталната понуда на нашата фирма која не смеете да ја пропуштите.

За повеќе информации и дополнителни пакети и услуги при вградување на ЛПГ систем контактирајте не на телефон или преку електронска пошта.

info@carsystem.com.mk
info: 077 / 88 39 02
office: 02 / 25 79 206
Кар Систем дооел
Улица 2 бр.45Ј
Јурумлери
Скопје, Македонија

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Plinski Uredi - LPG Tech - Car System
« Одговори #44 на: 06 Февруари 2014, 11:49:13 am »
Единствен систем чиј компјутер поддржува работа на ТНГ и на КЗГ(метан)

ништо нема да коментирам. дали се квалитетни или не не зборам, за тоа ке мора да кажат луѓето-корисници... кога ке монтирам од кај вас уред и јас ке бидам релевантен да кажам дали сум задоволен и дали е квалитетно тоа што сте го направиле...


ама дека е единствен уред кој поддржува работење или тнг или цнг, е баш и не е... има повеке уреди (брендови) кои се продаваат кај нас кои нај често се монтирани на лпг, а воедно се спремни и за работа на цнг (метан).
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време