Драги Форумџии и Форумџивки.
Кар Систем е фирма која се занимава со увоз, професионална инсталација и сервисирање на ТНГ системи за моторни возила. Како одлични познавачи на работата на моторните возила можеме да ви понудиме професионална инсталација на плински систем кој одговара на перформансите на возилото што гарантира дека нема да има промени во моќноста на работата на возилото. Години наназад работно искуство во оваа област резултираа со многу задоволни клиенти на територијата на Македонија и Србија што е добар показател на професионално и квалитетно работење на нашата фирма поточно на луѓето кои се задолжени за нејзиното функционирање.
Соработка со реномирани и водечки компании за производство на ТНГ системи и придружна опрема на територија на цела Европа е исто така гаранција за квалитет на системите кои ги застапуваме. Константното следење на промените во технологијата на ова поле и применување на најдобрита и подобрена пропратна опрема на ТНГ системот, кој го диктира развојот на автомобилската индустија, исто така овозможува на своите клиенти да им ги понудиме сите квалитетни новини од оваа област који се нудат на европскиот пазар.
Како што кажавме постојано ги следиме промените и им помагаме на нашите клиенти да уживаат во максималното што може да го понуди нивниот автомобил.
Сето она што го нудиме како асортиман е со фабричка гаранција и подлежи под сите потребни хомологации и тестирања кои се неопходни еден производ да биде одобрен за упореба. Обуката на тимот кој ја врши инсталацијата е одобрен со сертификат од производителот на опремата додека комплетна проверка за сработеното ја одобруваат институциите надлежни со што се заокружува комплетната проверка и одобрување како и целокупната докуметација потребна за легално користење на системот како дополнителна опрема во возилото.
Соработката со компании кои на своите купувачи сакаат да им понудат автомобил со комплетна додатна опрема како и компании со сопствен возен парк секако е на сосема друго ниво од вообичаените соработки, привилегија во секој поглед од соработката. Поволностите за кои сте привилегирани можете да ги дознаете доколку не контактирате, се разбира доколку сте заинтересирани за соработка. Цената за постојани соработници се намалува во зависност од договортот и капацитетот на соработката.
Во понудата вклучуваме комбинации на системи за кои сметаме дека се најдобра можна комбинација. За понудените брендови сме единствени застапници на територијата на Република Македонија. Возила со посебни перформанси не се вклучени во оваа понуда, доколку некое од возилата е надвор од стандардите може да биде надоградено со ТНГ систем но цената на системот и доданите делови дополнително ќе биде утврдена.
Ние ви нудиме комплетно вградување (инсталација, монтажа) на ТНГ (плински) систем во Вашиот автомобил. Повеќе од 15 години работно искуство во оваа област, вградување на плински системи во возила, ни овозможи соработнка со повеќе водечки брендови и стекнување искуство и сертификати кои се потврда за квалитетна услуга. LPGTech, AC STAG, OMVl by Wesport, REG by OMVL, Samcelik, Tomasseto, Mimgas се дел од брендовите со кои имаме соработувано но и понатаму соработуваме.
Исто така ви нудиме услуги од последната генерација на вградување на системи на плин за вашето возило со директно вбризгување. FSI, TSI i TFSI моторите се дел од последната генерација возила на кои квалитетно и успешно вршиме надоградување на ТНГ системи.
Сите компоненти кои ги нудиме се со комплетната потребна документација, фабрички тестирања и светски одобрени атести за квалитет. Гарантираме дека по извршената инсталација без проблеми вашето возило ќе ги помине сите неопходни технички норми за атестирање на вашето возило со вграден плински систем.
Ви го претставуваме плинскиот уред кој ги надминува сите очекувања на корисниците на ТНГ гас како гориво за својот автомобил.
-=LPG Tech=- - Единствен на нашиот пазар со 7 годишна гаранција или 150.000 изминати километри
- Компјутерска единица која подеднакво добро функционира на ТНГ(плин) и КЗГ(метан)
- Авто-дијагностика: детекција на грешки и недостатоци во инсталација
- Tech+System: автоматска адаптација (авто-корекција) во работата на уредот според моменталните побарувања на моторот
- Прецизно дозирање на ТНГ врз основа на алалитичка операција
- Погоден за вградување кај мотори со 8 цилиндри
- Можност за синхронизација на 2 уреди за опслужување на мотори со 16 цилиндри
- Оргинални решенија на електронски системи со едноставни технички параметри кои се тестирани и одобрени после екстремни и долготрајни тестови
- Екстремно софистициран софтвер кој беспрекорно функционира на сите типови бензиски мотори од последната генерација
- Иновативни контролни системи за вбризгување ТНГ кои заштедуваат гориво
- Механички и електромеханички системи, технички напредни кои позитивно ги изненадуваат и врвните експерти од оваа област
- Патентирани решенија за беспрекорна и долговечна функционалност на инсталацијата за ТНГ и пропратните компоненти.
Повеќе информации на нашиот веб сајт
http://www.carsystem.com.mkили преку поставување на прашања на оваа тема.