Гласање

На колку вртежи обично менувате брзина во секојдневното, вообичаено возење?

1500-2000
10 (11.9%)
2000-2500
34 (40.5%)
2500-3000
23 (27.4%)
3500-4000
8 (9.5%)
4000-5000
9 (10.7%)

Вкупно гласови: 84

Гласањето е затворено: 15 Јануари 2014, 08:02:27 am

Автор Тема: Вашиот стил на менување брзини  (Прочитано 34935 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #165 на: 27 Април 2014, 09:48:05 am »
ОК. Да пробаме вака:

1. Со OBD2 лесно се проверува во кој режим на работа моторот најмалку троши.

2. На интернет има еден куп совети за штедливо возење, некои од нив (како на пример на physics.org) се прилично елаборирани. Те молам најди некој кој најниската можна потрошувачка ќе ја доведе во врска со највисокиот можен момент.

Што ако 1. покаже дека потрошувачката е секогаш најниска при најниски вртежи? Што ако не можеш да рекреираш сценарио во кое повисоки вртежи ќе значат помала потрошувачка? И 2. што ако не можеш да најдеш таков извор?

Омиленото прашање на еден мој омилен facebook соговорник: што е тоа што би можело да ти го смени ставот? Дали постои такво нешто?

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #166 на: 27 Април 2014, 09:55:44 am »
Прво не тврдев дека секогаш возењето во опсегот каде што вртежниот момент е најголем е секогаш најекономично. Некогаш е, некогаш не е. Во повеќето случаеви тоа е случај.

Веќе покажав сценарио во кое пониските вртежи не се поекономични, а ти покажа дека не го разбираш графикот, затоа што се обиде да ја множиш вредноста добиена за KWh по бројот на вртежи.

За да ме разубедиш потребно е да ми покажеш каде грешам. Се надевам дека обидувајќи се да најдеш дупка во мојот пример ќе сфатиш дека всушност ти си тој кој греши.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #167 на: 27 Април 2014, 09:56:59 am »
Веќе рекреирав сценарио, а ти покажа дека не го разбираш графикот, затоа што се обиде да ја множиш вредноста добиена за KWh по бројот на вртежи.

Дали би можел и практично да го рекреираш тоа сценарио и да ми ја затвориш устата, кога веќе графиците не ги разбирам?

Возам 1.5 dci K9K. Те молам, предложи ми околности во кои на повисоки вртежи ќе трошам помалку гориво отколку на пониски. Графиците - сигурен сум - можеш да ги најдеш, како и се друго што ти треба.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #168 на: 27 Април 2014, 09:59:21 am »
Земи возило за кое имаш таква мапа и ќе тестираме. Тие графци се добиени од такви тестови, не се цртани од уметници

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #169 на: 27 Април 2014, 10:02:59 am »
Ако пат од 100км го поминуваме со:
а: 2200 вртежи (ако таму ми е највисокиот вртежен момент), за 60 минути, и притоа потрошам 4л гориво,
б:1100 вртежи, 120 минути, 3л гориво
в: 3300 вртежи, 45минути, 6л гориво

Кој начин на патување би го избрал filipv? ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #170 на: 27 Април 2014, 10:07:24 am »
Не збориме за такво возење.

Споредуваме возење при иста брзина пр. 120км/ч при кое за час време возење ни се потребни 40KWh.

Доколку имаме 3 степени на пренос во кои можеме да возиме при таа брзина, дали највисокиот степен секогаш ќе биде најекономичен?

Според мапите кои ги покажав тоа не е секогаш случај

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29605
    • CARclub.mk
Одг: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #171 на: 27 Април 2014, 10:09:29 am »
Филипв сè уште не може да разбере дека ние правиме муабет за ефикасност, не за економичност. Он ги изедначува поимите, односно:

Зеро, при макс торк моторот вади макс торк. Тавтологија. Но макс торк просто не е потребен за максимално километри со минимално гориво, а тоа е ефикасноста.

Да повторам: МВС најмалку троши при најмалите можни вртежи за зададената задача. Максималниот момент може кај сака да биде сместен, не менува ништо.

Ние зборуваме за потполно друга работа. Ама кој му е*е матер на потребното време да се заврши некоја работа.. Ако треба 100 километри нека се возат 4 дена. Битно е да потроши помалку. Бугар 2: The Resurrection.

---

Да пробам да го објаснам тоа од друг аспект.

Имаме тројца програмери.

Еден јуниор. Јуниорот кошта 300 евра месечно и може да заврши N работа за тоа време.

Еден Intermediate. Он кошта 500 евра месечно и може да заврши N*2 работа за тоа време.

Еден сениор. Сениорот кошта 1500 евра месечно и може да заврши N*2.5 работа за тоа време.

Кој е најефикасен за потребите на компанијата, односно каде односот вложено/добиено е најдобар?

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #172 на: 27 Април 2014, 10:12:50 am »
Zero, вистина е дека ти и Симо зборувавте за ефикасноста. Сега се замуабетив со Васил кој треба да рекреира сценарио при кое повисоки вртежи ќе значат помала потрошувачка. Настана forking на муабетот.

Инаку, ќе повторам - дека моторот при макс торк генерира најмногу сила мене ми е тавтологија.

Доколку имаме 3 степени на пренос во кои можеме да возиме при таа брзина, дали највисокиот степен секогаш ќе биде најекономичен?

Да, во највисокиот степен секогаш ќе биде најекономичен.

Според мапите кои ги покажав тоа не е секогаш случај

Дали ќе се обидеш да ми предложиш сценарио во кое ќе може да се провери ова твое тврдење? Мапите се во ред, повторувам, проблематично е нивното толкување.

Ако пат од 100км го поминуваме со:
а: 2200 вртежи (ако таму ми е највисокиот вртежен момент), за 60 минути, и притоа потрошам 4л гориво,
б:1100 вртежи, 120 минути, 3л гориво
в: 3300 вртежи, 45минути, 6л гориво

Кој начин на патување би го избрал filipv? ;D

Симо, пак ли со тие straw man пристапи? Темата не е „омилениот начин на патување на filipv“. Tи си измисли сценарио во кое колите патуваат со различни брзини in the first place, па сеа мене ми го трљаш у нос. Колите нека стигнат на дестинацијата во исто време, а која кола ќе потроши помалку гориво нема благе везе со тоа каде бил максималниот торк. Тоа сакам да кажам и не ми ставај зборови во уста прити плиз.

Зеро, референците на Бугар не ми се допаѓаат.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29605
    • CARclub.mk
Одг: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #173 на: 27 Април 2014, 10:22:32 am »
Добро е, ја направи разликата меѓу економичност и ефикасност. Горе има цитат од тебе каде што кажуваш дека најниската можна потрошувачка е всушност ефикасност. Тука се јавуваше конфликтот во мислења меѓу мене и тебе.

Nothing personal re: Bugar, ама на моменти ептен тераш инат.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #174 на: 27 Април 2014, 10:26:25 am »
Добро е, ја направи разликата меѓу економичност и ефикасност.

Чисто оперативно колку да тече муабетот. Иначе не сте у право ни за ефикасноста (т.е. у право сте тавтолошки), но друг пат за тоа. Целиот муабет почна кога некој рече дека возењето било најштедливо при макс торк, што е просто неточно.

Nothing personal re: Bugar, ама на моменти ептен тераш инат.

Зависи како дефинираш „инат“.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29605
    • CARclub.mk
Одг: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #175 на: 27 Април 2014, 10:30:12 am »
Кога колата е во лер и не е во движење, троши најмалку гориво. Дали тогаш е најефикасна?

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #176 на: 27 Април 2014, 10:32:13 am »
Кога колата е во лер и не е во движење, троши најмалку гориво. Дали тогаш е најефикасна?

1. Koга колата е во лар и не е во движење не троши најмалку гориво. Најмалку троши (нула) при моторно кочење.

2. Кога колата е во лер ефикасноста е беспредметна бидејќи нема вршење на полезно дејство. Со други зборови, тогаш е најмалку ефикасна (ефикасност нула).

(чек ме бара некој на врата ќе допишам попосле сори...)

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #177 на: 27 Април 2014, 10:35:58 am »
Дали ќе се обидеш да ми предложиш сценарио во кое ќе може да се провери ова твое тврдење? Мапите се во ред, повторувам, проблематично е нивното толкување.

Ајде со свеж пример.



Со црвената линија е покажана моќноста која ни е потребна во дадена X ситуација. Не е важно дали искачуваме нагорнина или возиме со голема брзина, принципот е ист.

Доколку имаме 3 степени на пренос во кои при таа ситуација X, моторот се наоѓа на 1500, 2100 односно 3200 вртежи, вториот степен ќе биде најекономичен. Првиот и третиот степен ќе потрошат ~10% повеќе гориво.

 Ова се однесува само за таа ситација X, при друг режим кога имаме друга потреба за енергија, можно е друг степен да го доведе моторот во најефикасниот режим на работа.


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #178 на: 27 Април 2014, 11:04:27 am »

Ние зборуваме за потполно друга работа. Ама кој му е*е матер на потребното време да се заврши некоја работа.. Ако треба 100 километри нека се возат 4 дена. Битно е да потроши помалку. Бугар 2: The Resurrection.


40KW e работата и е иста.

Не се менува.

Автопат 140кмч 6та, вс 5та. Во истата кола.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #179 на: 27 Април 2014, 11:10:23 am »
Да пробам да го објаснам тоа од друг аспект.

Имаме тројца програмери.

Еден јуниор. Јуниорот кошта 300 евра месечно и може да заврши N работа за тоа време.

Еден Intermediate. Он кошта 500 евра месечно и може да заврши N*2 работа за тоа време.

Еден сениор. Сениорот кошта 1500 евра месечно и може да заврши N*2.5 работа за тоа време.

Кој е најефикасен за потребите на компанијата, односно каде односот вложено/добиено е најдобар?

Ако работата која се бара е N, тогаш јуниор. Џабе ми е програмер кој ќе заврши N*2.5 работа ако нема толку работа in the first place. Тогаш системот ми е помалку ефикасен отколку со јуниорот.

Башка примерот не ти е најбољи, пошто N*2.5 работа можам да завршам со три јуниори кои ќе ме чинат вкупно 900 евра наместо 1500 колку што ќе ме чини кодинг нинџата.

Ајде со свеж пример.

Друже, у реду е со графиците.

Кажи ми ти кај да ја однесам мојата кола, од која точка А до која точка Б да ја возам и со која брзина, при што на повеќе вртежи ќе трошам помалку отколку на помалку вртежи. Рекреирај ми го практично тоа ретко сценарио кое ти го спомна, а за кое јас тврдам дека не постои.

Доколку го рекреираш, јавно ти ветувам дека уште вечерва ќе го испробам, а вожњата ќе ја снимам трикратно: видео, sensor data ECU log и GPS track. Како што знаеше да каже еден поранешен колега: „ако коза лаже лог не лаже“