Гласање

На колку вртежи обично менувате брзина во секојдневното, вообичаено возење?

1500-2000
10 (11.9%)
2000-2500
34 (40.5%)
2500-3000
23 (27.4%)
3500-4000
8 (9.5%)
4000-5000
9 (10.7%)

Вкупно гласови: 84

Гласањето е затворено: 15 Јануари 2014, 08:02:27 am

Автор Тема: Вашиот стил на менување брзини  (Прочитано 34934 пати)

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Re: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #195 на: 27 Април 2014, 13:39:45 pm »
Пробај на угорница 60кмх во 3та и 4та. По можност со темпомат

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #196 на: 27 Април 2014, 13:47:48 pm »
Пробано.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #197 на: 27 Април 2014, 13:50:06 pm »
По не-знам-кој-пат: не се сомневам во точноста на графиците. Се сомневам во нивното автентично толкување.

Графиците ја претставуваат ефикасноста на моторите на истиот начин на кој географска карта со изохипси ја претставува надморската височина на релјефот.

Доколку моторот генерира 100KW во период од 1 час и притоа цело време се наоѓа во област во која има ефикасност од 10 g/KWh, за тој еден час ќе потроши 1kg гориво.

Тоа е толкувањето.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #198 на: 27 Април 2014, 14:10:49 pm »
Зошто не со дизелот твој?

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #199 на: 27 Април 2014, 14:24:51 pm »
Мерел со неговиот и резултатите се поклопуваат со графикот за сличен дизел мотор.

Доколку сакаш да тестираш со друго возило можеш да направиш табела:

    1     2     3     4     5     6   
50км/ч
60км/ч
70км/ч
80км/ч
90км/ч
100км/ч
110км/ч

И за секоја брзина при секој степен (во кој е можно да се вози при таа брзина) да ја впишеш потрошувачката која си ја добил. За уште попрецизно можеш да тестираш и на интервал од 5км/ч.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #200 на: 27 Април 2014, 14:31:57 pm »
Доколку моторот генерира 100KW во период од 1 час и притоа цело време се наоѓа во област во која има ефикасност од 10 g/KWh, за тој еден час ќе потроши 1kg гориво.

Тоа е толкувањето.

Toa e читање на графикот. Толкување е одредување на импликациите кои ги сугерира графикот. Твоето толкување е дека постојат сценарија при кои - everything else being equal - кола во понизок степен на пренос и повеќе вртежи ќе потроши помалку гориво отколку истата кола во повисок степен на пренос и помалку вртежи.

Затоа, уште еднаш те молам да ми го опишеш тоа сценарио во практични рамки, како би можел да го рекреирам да ја потврдам точноста на твоето толкување.

Доколку сакаш да тестираш со друго возило можеш да направиш табела:

( . . . )

И за секоја брзина при секој степен (во кој е можно да се вози при таа брзина) да ја впишеш потрошувачката која си ја добил. За уште попрецизно можеш да тестираш и на интервал од 5км/ч.

Ова е све фино, а систематскиот научен пристап „измери - запиши“ ми се допаѓа неизмерно, но има три проблеми:

1. Не е тоа што го барам. Барам конкретно сценарио - кое ти нели можеш да го воочиш со твоето толкување на графиците.

2. Ова (мање-више) веќе сум го направил со мојата кола и резултатите се тие кои ти ги кажав: на помалку вртежи секогаш троши помалку. Те прашав дали со астра 1.4 може да се забележи феноменот за кој зборуваш, но не ми одговори. Не можеш да најдеш соодветни графици за астра?

3. Замисли дека ќе пробам и со друга кола и повторно ќе троши најмалку на најмали вртежи. Секогаш можеш да кажеш „аха, ама треба со таа-и-таа колa X за да видиш“.

Затоа - те молам. Ене ти го интернет, ене ти ги (прекрасните!) графици, дај конкретно сценарио и да го тестираме.

Зошто не со дизелот твој?

Затоа што ми беше укажано дека баш со мојот дизел не било можно такво сценарио, што јас го прифатив без дискусија бидејќи се поклопува со моите сфаќања и искуства.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #201 на: 27 Април 2014, 14:35:45 pm »
Вилип, нареднава недела ќе одам на пат па ќе мерам со Твингото 1.2
При 55км/ч во 4-та со темпомат на рамно троши 0,3 литра помалку одошто во 5-та во истиот режим. Ќе мерам, снимам и ќе ти пуштам снимка.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #202 на: 27 Април 2014, 14:45:59 pm »
Фаланга, недостасуваат неколку клучни одлики на валиден експеримент, пред се запазени експериментални услови. Особено кога се работи за мали разлики (0.3) кои никако не можат да се разликуваат од „шум“.

http://en.wikipedia.org/wiki/Experiment#Controlled_experiments

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #203 на: 27 Април 2014, 14:46:43 pm »
Епа кажи како сакаш да направам и ќе аправам и ќе видиме што ќе испадне

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #204 на: 27 Април 2014, 14:47:52 pm »
Ох, со задоволство! Камо среќа сите да беа вака конструктивни! Респект!

Прво кажи како ја мериш потрошувачката. Имаш онборд мерач или со долевање до врв?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #205 на: 27 Април 2014, 14:50:43 pm »
Имам и онборд мерач, и торк пореку OBD2... Со долевање до врв излегува дека точно покажува бордот при возење на отворено, при градска некогашп испаднало и 0,6л помалку да покаже бордот. Но нели, и таа бројка не е сосем прецизна.

Ајде дај упатства, пошто си научно попоткован од мене, техниката ја имаме, па ќе направиме котролиран тест.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #206 на: 27 Април 2014, 15:08:18 pm »
@Filipv, еве еден интересен начин на тестирање, што денес го пробав. Пробав од 6-та управа до средно водно да држам што е можно поконстантна брзина од околу 50км/ч, во највисокиот можен пренос. Кога ќе паднеше брзината на 40км/ч, враќав од 6 во 5, ако продолжеше да паѓа, враќав во 4-та. кога ќе  почнеше колата да забрзува, префрлав во повисока. Значи, водно го качував во 6-та, со повремени враќања во 5 и 4 брзина. Пробај го ова, а потоа пробај нормално качување на Водно, со брзини на моторот кои се поблиски до макс вртежниот момент, притоа исто држејќи што поконстантна брзина од 50км/ч. Спореди потрошувачка.

За овој експеримент ќе ти требаат не повеќе од 30 минути време, а резултатите би сакал да ги видиме тука :)


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #207 на: 27 Април 2014, 15:16:05 pm »
и ти што заклучи од мерењето ?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #208 на: 27 Април 2014, 15:22:58 pm »
Секој е слободен сам да си проба :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #209 на: 27 Април 2014, 15:59:27 pm »
прв лак со 6та го влагаш а машала :D