Гласање

На колку вртежи обично менувате брзина во секојдневното, вообичаено возење?

1500-2000
10 (11.9%)
2000-2500
34 (40.5%)
2500-3000
23 (27.4%)
3500-4000
8 (9.5%)
4000-5000
9 (10.7%)

Вкупно гласови: 84

Гласањето е затворено: 15 Јануари 2014, 08:02:27 am

Автор Тема: Вашиот стил на менување брзини  (Прочитано 34197 пати)

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3845
Одг: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #150 на: 26 Април 2014, 22:44:57 pm »
@FilipV

За малце го утнуваш вртејки ги во круг.

Mechanical efficiency measures the effectiveness of a machine in transforming the energy and power that is input to the device into an output force and movement.

Значи не се работи за колку килoметри ќе поминеш со колку гориво. Туку колку енергија теоретски ќе употребиш во ефикасна сила. Така вметнувањето на времето е битен параметар со тоа што како што оној snake oil шиткач од BMW кажал ќе стигнеш побрзо но за многу повеќе потрошено гориво. Ако возиш на пониски вртежи ќе pотрошиш помалку но за многу повеќе време потрошено.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #151 на: 26 Април 2014, 22:51:00 pm »
Васил, моторот не е најекономичен кога е најмоќен. Си измешал моќност со момент.

Да, мал лапсус, се извинувам. Мислев на вртежен момент.

Единствената причина зошто повисоките степени на пренос се поекономични е затоа што ги намалуваат вртежите на моторот, т.е. ги намалуваат паразитските губитоци. Инаку, на некој начин си во право кога велиш дека повисокиот степен на пренос е поефикасен бидејќи повеќе го оптоварува моторот, но од тоа не следи дека моторот е најекономичен при макс торк. Замисли кола на угорница. Кога ќе биде пооптоварен моторот: во трета при макс торк или во петта при 1200 рпм (далеку од макс торк)?



Ај малку повнимателно погледни ја слиикава. Со разните зелени нијанси опишана е ефикасноста на моторот изразена во добиена енергија од грам гориво. Овој однос на вложено добиено е најголем каде што е областа со најсветла зелена нијанса.

Хиперболите кои ја пресекуваат мапата ја означуваат моќноста која ја генерира моторот при одреден број на вртежи и одредена оптеретеност (оптеретеност = колкав процент од расположливиот вртежен момент при тие вртежи се користи во моментот).

Доколку ја следиш хиперболата која ја опишува состојбата во која моторот генерира 40KW, ќе забележиш дека доколку со тој мотор возиш во услови во кои ти се потребни точно 40kW, возењето на 1750 вртежи е понеекономично одколку кога тоа би се одвивало во малку повисок степен на пренос (помал однос) при 2200 вртежи. Зошто? Затоа што специфичноста ефикасност на моторот е најголема онаму каде што е најголем вртежниот момент.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #152 на: 27 Април 2014, 00:21:46 am »
Значи ако ти требаат 40 KW за да одиш на угорница од 10% со колата имаш опција:

1. Повисока брзина полна гас при 2200 вртежи
2. Пониска брзина и половична гас при 3500 вртежи.

Првата опција ќе потроши помалку гориво според графикот.

Истото и при 20, и при 30, и при 40 и при 50 и при 60 KW. Според графикот.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #153 на: 27 Април 2014, 00:37:31 am »
Да. Најчесто повисокиот пренос и со тоа пониските вртежи ќе бидат поекономични, но од тоа лесно може да се донесе погрешен заклучок дека потрошувачката е најмногу зависна од вртежите.

Повисокиот степен на пренос освен што ги спушта вртежите, го зголемува и оптеретувањето на моторот, односно го трга од тој нискиот дел од мапата каде што ефикасноста е помала.

Со мојот пример се покажува дека и спротивното може да биде точно под одредени услови, односно дека не секогаш пониските вртежи и поголемото оптеретување се поекономични.


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #154 на: 27 Април 2014, 00:44:32 am »
Во 1% од случаите не се. Според графикот.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #155 на: 27 Април 2014, 00:53:34 am »
Така де. Не е многу погрешно да се земе како генерално правило ако имате таков мотор.

Погрешно е да се тврди дека пониските вртежи се секогаш поекономични.


Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #156 на: 27 Април 2014, 08:54:25 am »
Не.

Ги заборавате паразитските загуби на енергија кои се 1. функција од вртежите 2. огромен процент од вкупното трошење енергија.

Пониски вртежи се СЕКОГАШ по економични.

Сеедно е што на вртежи пониски од макс торк секој поединечен циклус не е толку ефикасен како при вртежите каде што е макс торк.  Кај пониските вртежи има помалку на број поединечни циклуси што ем компензинра за намалената ефикасност пер циклус ем и повеќе од тоа - па вкупната потрошувачка е помала.

Значи ако ти требаат 40 KW за да одиш на угорница од 10% со колата имаш опција:

1. Повисока брзина полна гас при 2200 вртежи
2. Пониска брзина и половична гас при 3500 вртежи.

Првата опција ќе потроши помалку гориво според графикот.

Да, ако го гледаш секој поединечен циклус сам за себе. Но, при пониски вртежи бројот на циклуси ќе биде помал, па вкупната потрошувачка ќе биде помала.

Направи експеримент со OBD2. Качи една угорница со најниските можни вртежи со кои е можно качување еднаш, па после уште еднаш истото при макс торк и спореди. Ќе ти позајмам OBD2 bluetooth ако немаш.

Ќе повторам уште еднаш: за потрошувачката е потполно небитно во кој опсег на вртежи е макс торк. Битно е само вртежите да бидат што помали.

Има на гугл бааги пишувано на оваа тема.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43561
  • Il Moderatore
Одг: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #157 на: 27 Април 2014, 08:57:34 am »
Filip, упорно мешаш економичност. Дали можеш да дадеш дефиниција за ефикасност?

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #158 на: 27 Април 2014, 08:58:31 am »
@filipv Истото го пишува описно на графикот. Тоа и го пишав јас со текст. Провери што си квоутнал од мене.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #159 на: 27 Април 2014, 08:59:10 am »
Filip, упорно мешаш економичност. Дали можеш да дадеш дефиниција за ефикасност?

Реферирам на Васил и неговото „Погрешно е да се тврди дека пониските вртежи се секогаш поекономични.“ Не е погрешно. Точно е.

Реферирам и на Дени и неговото „Значи ако ти требаат 40 KW за да одиш на угорница од 10% со колата имаш опција:

1. Повисока брзина полна гас при 2200 вртежи
2. Пониска брзина и половична гас при 3500 вртежи.

Првата опција ќе потроши помалку гориво според графикот.“

Нема да потроши помалку гориво. Повеќе ќе потроши. Графикот си е точен но не и неговото толкување.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43561
  • Il Moderatore
Одг: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #160 на: 27 Април 2014, 09:03:36 am »
АА, ок, не приметив кога настанал твист во дискуијата од ефикасност во економичност.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #161 на: 27 Април 2014, 09:08:23 am »

Нема да потроши помалку гориво. Повеќе ќе потроши. Графикот си е точен но не и неговото толкување.
Да појаснам...

1. 70кмч 10% угорница во 5та при 2200рпм
2. 70кмч 10% угорница во 3та при 3500рпм

Јас велам дека ќе потроши помалку во првиот случај.

Што не е точно во оваа реплика?

Значи ако ти требаат 40 KW за да одиш на угорница од 10% со колата имаш опција:

1. Повисока брзина полна гас при 2200 вртежи
2. Пониска брзина и половична гас при 3500 вртежи.

Првата опција ќе потроши помалку гориво според графикот.

Истото и при 20, и при 30, и при 40 и при 50 и при 60 KW. Според графикот.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #162 на: 27 Април 2014, 09:09:51 am »
Филип, за зборот „секогаш“ да може да се употребува, треба да не постои ниту еден пример кога повисоките вртежи се поекономични.

Јас покажав пример кога тоа е случај. Или обиди се да покажеш каде грешам со мојот пример (40KW на тој мотор) или престани да тврдиш дека ниските вртежи се секогаш поекономични

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #163 на: 27 Април 2014, 09:18:50 am »
Што не е точно во оваа реплика?

Ништо, мислев дека тврдиш дека пониската брзина и повисоките вртежи ќе потрошат помалку. Sorry.

Филип, за зборот „секогаш“ да може да се употребува, треба да не постои ниту еден пример кога повисоките вртежи се поекономични.

Се согласувам.

Јас покажав пример кога тоа е случај. Или обиди се да покажеш каде грешам со мојот пример (40KW на тој мотор) или престани да тврдиш дека ниските вртежи се секогаш поекономични

Oвој пример беше?

„Доколку ја следиш хиперболата која ја опишува состојбата во која моторот генерира 40KW, ќе забележиш дека доколку со тој мотор возиш во услови во кои ти се потребни точно 40kW, возењето на 1750 вртежи е понеекономично одколку кога тоа би се одвивало во малку повисок степен на пренос (помал однос) при 2200 вртежи. Зошто? Затоа што специфичноста ефикасност на моторот е најголема онаму каде што е најголем вртежниот момент.“

Во овој пример возењето на 2200 вртежи нема да биде поекономично од возењето на 1750. Во секој поединечени циклус, навистина, ќе се добива највеќе енергија за дадено количество гориво, но циклусите се повеќе на број, па така вкупната потрошувачка ќе биде поголема.

Ова може многу лесно да се провери со OBD2.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Вашиот стил на менување брзини
« Одговори #164 на: 27 Април 2014, 09:31:15 am »
Погрешно го разбираш графикот. Таму е претставена специфичната ефикасност која се мери во KWh/g. Нема што да си ја мачиш главата со циклуси.

http://ecomodder.com/wiki/index.php/Brake_Specific_Fuel_Consumption_%28BSFC%29_Maps

Еве уште неколку интересни примери