Дечки, дали за самопослужна Авто-перална е потребна фирма? Дали некој знае колку би биле давачките и дали треба да се води вработено лице, пошто е САМОПОСЛУЖНА не би требало по некоја логика, незнам... Инвестицијата е олоку 3.000 евра со од око обрт на некој 15-20 коли дневно и 100 денари за 8 минути (без правосмукалка) Воедно и не плаќам ќирија.
1. Треба фирма да имаш регистрирано.
2. Треба да имаш вработено лице
2.1. Трошоци:
- Вода
- Хемиски средства (шампони...)
- Одржување на системот
- Плата за вработени
- Придонеси
- Сметководител
- Сметка во банка и банкарски провизии
- Елаборат за проценка на ризик на работно место
- Дозвола за вршење дејност
- ППЗ Елаборат
- ППЗ Апарати
- Здравствен преглед за вработениот
- Осигурување (за клиентите)
3. Со 15-20 коли дневно ќе банкротираш за 2 месеци и ќе затвориш.
САМОПОСЛУЖНА - е начинот на кој што клиентот го експлоатира доброто што ти му го продаваш.
Тоа не значи дека пералната е самоодржлива и никој нема да треба да се ангажира околу неа.