Оваа да не е поплавена од стајковци?
Да.
Коментариве се пола сеир, али не знам што друго очекував да бидам искрен.
Колата не беше направена кашкајца, колата не е потопена, колата не е поплавена од стајковци и не, немаше печурки никнато.
Не беше хемиско туку обично перење "успат".
Колата седеше во гаража по месец - два во гаража ова лето и беше возена чат пат на викенд, како и овој пат, перење после викенд. Колата има стоено околу 6 месеци во гаража незапалена и неотворена кога се чекаше за дихтунгот, немаше мувла ниту чуден мирис. Не е работава ако си ја оставел во гаража две недели 100% мувла, не. Погледни ги сликите уште еднаш, САМО каде што е бришено со крпа има мувла, дури и патосниците што највеќе би биле "кашкајца" или нели поплавени во стајковци имаат најмалку мувла, највеќе мувла има каде што е бришено со крпа.
Моја теорија е дека крпата им седи во истата неиспрана кофа од мај 2013 па ќе пребрише една кола и ќе ја фрли пак во истата кофа. Секогаш смрдела внатре кога се перела таму, али изгледа никогаш не била оставена во гаража, и еве го резултатот.
Поентата на овој пост беше да известам барем некој дека пералната е срање и да покажам што ми се деси.
Со i10ката ми се случи еднаш, 2 дена возев со парно до даска додека ја исушив на надворешна температура околу 10 степени.
Јас не бев волку среќен, оцет + сода со ракавици и три пати во гаража да ја чистам мувлата, кога се тргна најголемиот дел од површините ја извадив надвор на сонце, ова се деси почеток на ноември кога уште беше топличко. После тоа уште неколку пати со оцет ја поминував, сменив филтер за воздух и пуштив една бомба на сонакс за климата. Уште ми мириса на оцет после месец дена. Мувлата ја нема.